дома блог страница 5540

ФОТО: Жена која секој маж сонува да ја има, еве зошто

Сопругата на милионерот, Ромаин Заго имала тешка задача да му приреди роденденска забава на нејзиниот сакан имајќи во предвид дека тој доживеал скоро се.

karm1-500

Јоана Крупа, смислила супер идеја како да го изненади својот партнер.

Таа ја поканила супер секси актерката, Кармен Електра за да и помогне да ја загрее атмосферата на забавата на Заго.

Поранешната ѕвезда на „Бејвоч„ заедно со неколку други танчарки ја наелектризирале атмосферата и видно го изненадиле славеникот.

karm2-500

karm3-500

karm4-500

karm5-500

karm6-500

karm7-500

karm8-500

 

Двајца браќа успеаја да освојат 400.000 фунти за 18 месеци – еве го нивниот совет за кладење

Двајцата браќа живеат во Лондон во скап стан, а се што денес им треба е огромна плазма во станот, два лаптопа и сметка во кладилница.

braca-london500

Браќата Алекс и Гавин Вокер се обидоа да појаснат како заработиле толку пари.

-Се кладиме само на фудбал и главно играме сингл натпревари. Најдобро е да ги играте натпреварите кои се почнати, затоа што тогаш е полесно да се донесе одлука за тоа што ќе се случи на мечот, вели Гавин Вокер.

-Се кладиме буквално на се, на пример ќе станеме во 7 наутро и ќе гледаме женски натпревар меѓу Узбекистан и Јапонија до 16 години. Ќе најдеме добар стрим од Кина, ќе се навалиме на креветот и уживаме, вели тој.

Истакнува дека дневно гледаат по пет меча и дека никогаш не им здосадува, а дека нивните влогови секој пат се повисоки и повисоки.

Порака за кладилничарите?

-Играјте натпревари кои се во тек и немојте да ставате повеќе натпревари на тикетите. Само синглови поминуваат. Морате да ги побарате кладилничарските коефициенти кои се погрешни и тоа да го искористите, вели Вокер.

Гимназијалецот Рикалоски вицешампион на Македонија

ucilisen natprevar
Ученикот од гимназијата Мирче Ацев и член на ППК Младост96 Александар Рикалоски, и оваа година го потврди континуитетот во освојување на високи места на Државните натпревари. После една титула Државен првак и две титули вицешампион на Македонија во основни училишта, во својата прва година освоена е вицешампионската титула и во средните училишта. Во финалниот натпревар доживеа пораз од Христијан Јованов од Скопје со резултат 2-1, иако титулата му беше многу блиску, и нијански одлучуваа за победата. Во финалето Рикалоски имаше во низа 6 победи. Освоеното второ место претставува одличен успех ако се знае дека ова е негова прва година да учествува на натпревар на средни училишта ( младинци) каде конкуренцијата е многу голема. Со освојување на второто место се здоби со право да учествува на спортскиот камп кој секоја година со најдобрите спортисти од сите дисциплини го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Ноќен живот Прилеп – The Gallery House Pub 07.11.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”71″ gal_title=”The Gallery House Pub 07.11.2015″]

Фросина Ременски направила политички трансвер на деценијата!!!

Станувам член на ВМРО-ДПМНЕ. Ја прифаќам политичката платформа и другите важечки документи усвоени од партијата. Станувам доброволно член на ВМРО-ДПМНЕ и го задржувам своето право да ја напуштам партијата доколку за тоа се појави потреба од било какви причини.

rem500

-Оваа изјава ја потпишала новата министерка за труд и социјална политика Фросина Ванче Ташевска, сега Ременски на Божик, 07.01.1999 година. Со пополнување на пристапницата во месниот комитет Црквена маала во Крива Паланка тогаш 22 годишната Ременски станала член на ВМРО-ДПМНЕ.
Нејзините тогашни сопартијци со кои разговаравме на ја паметат најдобро. Велат дека не им оставила посебен впечаток. Немала поголем потенцијал ниту капацитет за посериозни обврски. Тие коментираат и дека заради тоа немала некоја перспектива во партијата. Не и помогнале дури ниту симпатиите кон тогашниот лидер Љубчо Герогиевски кого го поддржувала при тогашните внатрепартиски потреси. Сепак, паметат дека имала една особина која и помогнала, а тоа било менувањето на ставови и страни. Веројатно така и се изборила за позицијата во СДСМ, пишува порталот Пресс24.

Дали тоа е причината поради која лидерот на СДСМ Зоран Заев одлучил да не и го довери Министерството за внатрешни работи и покрај тоа што изминатиов период се наметна како најсериозен кандидат за таа позиција, од партијата нема информации.

Во СДСМ не сакаат да зборуваат многу за партиската кариера на Фросина Ременски.

Таа е еден од ретките високо позиционирани партиски функционери и партиски потпретседатели во чија биографија не стои од кога е член на СДСМ. За разлика од Ременски, во партиската биографија на Дамјан Манчевски стои дека е активен член на СДСМ од 1996 година, а Кирацовски од 2001 година.

part1-500

part3-500

За разлика од нив, во полето партиска кариера кај Ременски стојат само два реда.

part-500

Познавачите на состојбите во партијата велат дека токму одлуката на Заев да не го стави Дамјан Манчевски меѓу новите министри и заменици е причината Радмила Шеќеринска да не се појави на еден од најважните партиски состаноци оваа година и да замине во Белград бидејќи Дамјан Манчевски е човекот од највисока доверба на заменик претседателката на СДСМ, пишува порталот.

Но Шеќеринска не е единствената која не се согласува со одлуките на Заев. Пресс24 веќе објави за длабоките несогласувања во партијата на седницата на Централниот одбор и внатрепартискиот раздор предизвикан од кадровските решенија на Заев. Опозициската партија се обиде да изманипулира со јавноста објавувајќи видео и фотографии од седницата на Централниот одбор која се одржа пред неколку дена.

На фотографијата може да се види полна сала во која има најмалку 200 партиски активисти, но никој не може да преброи, колкумина од нив се членови на Централниот одбор кој во моментов брои 113 членови. Опозициската партија неколку дена молчи и не излегува со точната бројка, колкумина членови на Централниот одбор „едногласно“ гласале за одлуките на Заев, ниту да објасни зошто една третина од истакнатите партиски членови меѓу кои и Шеќеринска не се појавиле на Бихаќка.

asasa500

За состојбата во СДСМ покрај кадрите од највисокото раководство, зборуваат и експертите но и пратениците кои во Собранието добија столче преку изборната листа на СДСМ.

Пратеничката Солза Грчева не го криеше разочарувањето на социјалните мрежи.

soollllza500

Слични коментари дојдоа и од професорката Билјана Ванковска.

vankovska

Денес е Митровден – честит именден Димитрија, Мите, Митра, Димко

Денеска е Св. великомаченик Димитриј – Митровден.

sv-dimitrija

Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

Саботно кафе – 07.11.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”70″ gal_title=”Sabotno Kafe 07.11.2015″]

Вечерен поздрав од Прилеп

12207868_10206587355457015_2008135493_n

12207933_10206587355537017_912001134_n

12207778_10206587355497016_684046340_n

12212454_10206587355297011_211263449_n

Плоштад Александрија Прилеп

Посветеноста во работа и одговорниот пристап секогаш бидуваат наградени

20151106_105315

Нема поголема одговорност од таа да преземете обврска да ја креирате иднината преку воспитување и образување на идните генерации.
Во ООУ„Кире Гаврилоски-Јане“ оваа обврска сериозно си ја сватиле и заедно здружени како едно семејство неуморно работат во подигнувањето на младите генерации ,во креирањето на нашето подобро утре.
Од училиште кое скоро беше руинирано и оставено на забот на времето , училиште кое неретко беше одминувано од ученици кои припаѓаат на неговиот реон, прерасна во најпосакувано училиште во градот од учениците и родителите, кои нормално сакаат на своите најмили да им го пружаат најдоброто, па и најдоброто образование.
Последниве неколку години ова училиште е во полн процут на својот развој на инфраструктурен , но и на воспитно-образовен план.

kuze

Реализирани се навистина голем број на проекти а ке ги споменеме најважните:
-Променет е кровот на училишната зграда,
-Променета е комплетно старата дотраена дограма со нова ПВЦ дограма ,
-Инсталирана е превектронска громобранска заштита
-Комплетно се променети старите дотраени подови на двата ката со висококвалитетен под од линолеум
-Санирана е фасадата и адаптирани се наставничките кабинети
-Набавени се голем број наставно-образовни помагала
-Санирани се санитарните јазли
И можеби најважниот од сите проекти очекуван од самата изградба на училиштето е реализиран оваа година а тоа е инсталирање на централен систем за греење односно парно греење.

20151107_115100

Во делот на воспитно-образовни подобрувања што училиштето ги има направено изминативе неколку години можеби најдобар показател е тоа што секоја година се зголемува бројот на запишани ученици . Се поголем е бројот на родители што им ги доверуваат своите најмили да учат и да се воспитуваат токму во ова училиште .
Нема поголема и поверодостојна валоризација на квалитетот од побаруваноста .
За целокупниот напредок и за реализирани проекти и добиени признанија , оваа година на предлог на советот на родители , Советот на Општина Прилеп одлучи ООУ„ Кире Гаврилоски-Јане “ да се закити со највисокото општинско признание –наградата 3ти Ноември.
Наградата ја прими директорот на училиштето Николче Кузевски кој пред присутните во преполната сала истакна дека работи со прекрасен колектив и дека напредокот е резултат на колективниот ангажман и залагање на сите вработени.
Исто така директорот посочи дека има континуирана подршка од Советот на Општината предводен од претседателот Никола Димески и од Локалната Самоуправа на чело со градоначалникот Марјан Ристески.

 

УСАИД со кампања за Општински стратегии за климатски промени

5863-usaid-so-kampanja-za-opshtinski-strategii-za-klimatski-promeni-960x600-8Општинa Прилеп денеска го реализираше проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија за подигнување на јавната свест за климатските промени.
Кампањата се реализира во рамки на пет викенди во десетте општини каде овој проект се спроведува: Студеничани, Пехчево, Делчево, Виница, Богданци, Кривогаштани, Прилеп, Боговиње, Маврово Ростуша и Теарце.
Преку елементи на едукација и забава, оваа кампања се очекува да ја подигне свеста на младите за глобалните климатски промени и начините за справување со нивните негативни ефекти на локално ниво.

5863-usaid-so-kampanja-za-opshtinski-strategii-za-klimatski-promeni-960x600-1

5863-usaid-so-kampanja-za-opshtinski-strategii-za-klimatski-promeni-960x600-2

5863-usaid-so-kampanja-za-opshtinski-strategii-za-klimatski-promeni-960x600-3

5863-usaid-so-kampanja-za-opshtinski-strategii-za-klimatski-promeni-960x600-4

5863-usaid-so-kampanja-za-opshtinski-strategii-za-klimatski-promeni-960x600-5

5863-usaid-so-kampanja-za-opshtinski-strategii-za-klimatski-promeni-960x600-6

5863-usaid-so-kampanja-za-opshtinski-strategii-za-klimatski-promeni-960x600-7

5863-usaid-so-kampanja-za-opshtinski-strategii-za-klimatski-promeni-960x600-9

5863-usaid-so-kampanja-za-opshtinski-strategii-za-klimatski-promeni-960x600-10

5863-usaid-so-kampanja-za-opshtinski-strategii-za-klimatski-promeni-960x600-11

5863-usaid-so-kampanja-za-opshtinski-strategii-za-klimatski-promeni-960x600-12

5863-usaid-so-kampanja-za-opshtinski-strategii-za-klimatski-promeni-960x600-13

5863-usaid-so-kampanja-za-opshtinski-strategii-za-klimatski-promeni-960x600-14

5863-usaid-so-kampanja-za-opshtinski-strategii-za-klimatski-promeni-960x600-16

5863-usaid-so-kampanja-za-opshtinski-strategii-za-klimatski-promeni-960x600-15