Фонтана на Плоштад Александрија во центарот на Прилеп. Маѓепсува во вечерните часови.
Полека но сигурно се остваруваат големите проекти во Општина Кривогаштани
Долгоочекуваниот проект за изградба на регионалниот пат Кривогаштани-Воѓани и официјално ќе започне за десетина дена најави Градонанчалникот Г-дин: Тони Заткоски. Реализацијата на овој проект се одложи на барање на земјоделците и одкупувачите во овој регион, бидејќи доколку се започнеше со работа значително ќе се отежнеше движењето на товарните возила кои што вршеа откуп на земјоделските производи.
„После повеќе од 40 години ќе започне изградбата и реконструкцијата на патот Кривогаштани-Воѓани, во должина од 9 километри, кој ќе биде инвестиција на Владата тешка над 1 милион евра. Најмалата широчина ќе биде 6.5, а најголемата 11 метри,што значи дека ќе се гради според сите стандарди со комплетна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација. Изградбата на патот, кој е една од главните сообраќајни артерии во нашата општина, ќе го олесни транспортот и движењето на жителите во овој регион и истиот изнесува 1 000 000 евра.“, истакна Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.
,,Покрај почетокот на овој долгоочекуван проект, ми претставува задоволство да ги најавам и следните проекти во Општина Кривогаштани, Преку Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран преку кредит од Светска банка. Се обезбедени финансиски средства во износ од 12 000 000 денари. Преку реализација на овој проект ќе се изградат 3 улици. Улица „Илинденска„ со должина од 700 метри, во Кривогаштани, улица во с. Обршани со должина од 765 метри и улица која ќе ги поврзува населените места Бела Црква и Воѓани со должина од 765 метри.‘‘ изјави Градоначалникот на Општина кривогаштани Г-дин Тони Заткоски
,,Во најскоро време се очекува да се започне со реконструкција и на овие улици, тендерската постапка е при крај и веднаш штом се одбре најдобриот понудувач ќе се започне со реализација и реконструкција на овие улици. Општина Кривогаштанаи се повеќе се проближува кон целта за урбана Општина. Преку релизација на овие и многу други проекти кои што се реализирани и се во тек за реализација во сите населени места на Општина Кривогаштани значително ќе се придонесе за олеснување на секојдневните активности на населението на Општина Кривогаштани. Неслучајно се избрани три улици од три населени места затоа што подеднакво се важни сите граѓани на Општината и ќе се дадат максимални напори од страна Општината за да продолжат предвидените проекти кои што се во различни области со што значително ќе се подобри животниот стандард на населението во Општина Кривогаштани‘‘ Изјави за Градоначалникот Тони Заткоски.
Градоначалникот Ристески оствари работен состанок со Craig Kelly
Градоначалникот Марјан Ристески заедно со бизнис делегацијата, остварија работна средба со делегацијата и пратеникот во федералниот парламент на Австралија Craig Kelly.
Kelly е еден од најголемите поддржувачи на Р. Македонија и е еден од луѓето кои јавно со говор во парламент повикаа за признавање на нашето уставно име. На средбата беше разговарано за можностите за промоција на трговската размена како и за воспоставување контакти на институционално ниво со цел привлекување на инвестиции од Австралија. Дополнително се разговарало и за реализација на посета на парламентарна делегација од Австралија во Македонија во текот на првата половина од 2016.
ФОТО – Есенска идила и топло сонце, Парк на љубовта Прилеп

[Best_Wordpress_Gallery id=”72″ gal_title=”Esenska idila i toplo sonce – Prilep”]
Француско-германски церемонии за Денот на примирјето
По повод Денот на примирјето од Првата светска војна, амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија денеска на заеднички церемонии на Француските и Германските воени гробишта во Битола и Прилеп им оддадоа почит на жртвите на насилствата од сите војни.

Во присуство на македонски претставници на државните и локалните власти, како и на дипломатскиот кор и на здруженија, амбасадорката на Сојузна Република Германија и амбасадорката на Република Франција оддржаа говор во знак на помирување помеѓу двете држави и на француско-германско пријателство.
Одржувањето и сеќавањето на мртвите, придонесуваат за разбирање меѓу народите и одржување на мирот. Прилеп полека чекори кон ЕУ.
Општина Прилеп се погрижи да се уредат германските гробишта. Тие се потсет како не треба понатаму да се однесуваме. Во Европската унија сега важат други вредности кон кои Прилеп се стреми. Тоа се разбирањето и почитувањето.
Најмладите џудо мајстори на ЏК Пролетер одлични во Скопје
Најмладите џудо мајстори продолжуваат да носат медали од натпреварите. Недела 8.11.2015 во Скопје спортска сала Македонија одржано е државното првенство на Р.Македонија за млади возрасни категории. На натпреварот учествуваа осум клубови од републиката. Освоени се 20 места на државно ниво од кои 6 први, 7 втори и 7 трети.
Први места освоија:
Петрески Мартин
Богданоски Христија
Ристеска Христина
Спиркоски Дино
Ристески Гоце
Томески Никола
Второ место:
Стефановиќ Андреј
Павлоски Михаил
Кироваков Марко
Петејчук Лука
Станојоски Андреј
Стојаноски Јован
Трето место:
Спиркоски Никола
Самарџиоски Петар
Стојаноски Михаил
Ангелески Христијан
Кочоски Никола
Стојческа Симона
Цаневски Валентин
Сите такмичари на клубот покажаја изузетна борбеност и желба за победа во секој меч на натпреварот.
Честитки за сите натпреварувачи и освојувачи на дипломи.
Мајсторот на тапани од нашиот град, Филип Јездиќ за маркукуле.мк
Музиката му е живот, тапаните опсесија. Младиот и страшно амбициозен музичар, Филип Јездиќ, е едно големо музичко изненадување, а воедно и откритие, што не прави горди дека е наш сограѓанин. Настапувал со повеќе локални бендови, за сега да биде во редовите на големи музички имиња и да твори заедно со момците од Chromatic Point. Филип е скромен дечко кој сигурно чекори кон успех. Се надеваме дека со овој интервју разговор ќе ви откриеме многу повеќе за него и неговата музичка кариера.
Здраво Филип, добредојде на страниците на маркукуле.мк
Кажи ни нешто повеќе за тебе, како се роди желбата за музицирање, зошто баш тапани и дали Филип Јездиќ умее и на друг инструмент?
- Јас сум човек кој е опседнат со музика и филмови. Желбата за музика ми се јави на многу рана возраст, на 5-6 години. Тапаните ми беа љубов на прв поглед. Едноставно бев фасциниран од тоа како еден тапанар може да работи со две раце и две нозе. Често се прашувам дали јас самиот одбрав да свирам тапани или тие ме одбраа мене ? 🙂 Се работи за доста физички инструмент и преку тапаните најбрзо можам да ја потрошам сопствената енергија. Исто така свирам гитара, бас гитара и пиано.
Си се обидел ли да бидеш во улога на фронтмен? Дали Филип освен што знае одлично да музицира знае и да пее?
- Искрено понекогаш се чувствувам како јас да сум фронтмен, иако седам позади тапаните. Го кажувам ова бидејќи сум ја видел таа реакција на публиката кога преку цела свирка гледаат во мене што значи дека добро ги забавувам 🙂 Што се однесува до пеењето, секој знае да пее под туш хаха, се шалам. Можам да бидам само пратечки вокал, ништо повеќе.
Што е тоа што те исполнува во музиката?
- Кога ми било најтешко во животот музиката ми била најдобар другар. Едноставно неможам да го замислам животот без неа. Се обидувам да сфатам која е таа моќ што ја поседува. Како е возможно во дел од секундата да го промени расположението на еден човек ? Не би можел лесно да одговорам на ова прашање бидејќи често варира мојот вкус за музика. Некогаш ме испослнува добра мелодија, некогаш риф, некогаш добар грув итн. Во моментов можам да слушам black metal, a по половина час да слушам поп музика.
Ти си една од новите откритија на музичката сцена. Во Прилеп имаш настапувано со повеќе бендови и со сите нив успешно. Но она што е поново е твоето музицирање со Chromatic Point. Како дојде до оваа соработка и од кога започна твоето членување во оваа музичка група?
- Кога човек го работи она што го сака и нормално кога нештото го работи со најголема љубов, соништата ќе му се остварат. Со ова не сакам да кажам дека сонот ми беше да свирам со Chromatic Point, туку сонот ми беше да свирам со луѓе кои се опседнати со музика исто како мене и кои максимално и се посветуваат на музиката. Тие ми дадоја да научам неколку песни од првиот албум. Направивме проба и работата течеше одлично. Со нив свирам година и пол. Во декември минатата година издадовме албум кој се вика ”Слики од старата куќа”.
Каков стил на музика негувате, кои музички стандарди си ги имате поставено пред себе?
- Ние свириме прогресив рок/метал со примеси на етно елементи, а јас би рекол дека свириме добра музика бидејќи за мене пости само добра и лоша музика. Сакаме да се промовираме и надвор од Македонија. Потпишавме договор со Miner Recordings. Би требало за брзо време нашиот албум да се продава и во Србија.
Што до сега имате сработено како музички продукт и кои се вашите идни планови?
- Бендот има снимено два албуми ”Златен пресек” и албумот на кој што свирам јас ”Слики од старата куќа”. Mоментално работиме на трет албум, а нашите идни планови се да компонираме добра музика и таа да ја промовираме надвор од Македонија.
Според тебе, дали избегнувањето на комерцијалната музика во денешно време може да донесе успех за еден музичар, за една група, или пак тоа е неизбежно кога се сака да се достигне врвот?
- Без разлика дали се работи за комерцијална или некомерцијална музика, доколку е квалитетна сметам дека може да донесе успех за секој музичар.
Кои се твоите музички идоли, оние чии достигнувања се стремиш да ги постигнеш?
- Постојат повеќе ликови кои ги обожавам, но би го спомнал Dave Grohl.
Има ли перспектива македонската музичка сцена на полето на рок и метал музиката, постојат ли повеќе фаци како вас кои сметаш дека би се пробиле низ сивилото наречено турбо фолк, Цеца, Аца Лукас?
- Секогаш имало и секогаш ќе има квалитетни бендови кои прават квалитетна музика во Македонија, но искрено тука не гледам перспектива со рок музика.Никој не ни е крив што го прифаќаме турбо фолкот. Тоа е исто кога одиш на пазар. Имаш различни тезги и никој не ти кажува од која тезга да купиш. Сам си избираш.
Има ли Филип освојувано награди, учевства на фестивали?
- Имам освојувано награди,но сметам дека музиката не треба да се гледа како натпревар. Секој си има свој карактер и свој начин на изразување. Во уметноста нема подобар,има само омилен (за сопствениот вкус).
Кој е твојот пат до успехот и како би го опишал истиот?
- Мојата цел во животот е да правам музика и таа да можам да му ја понудам на народот да ја слуша,нормално свирејќи ја по концерти. Секој човек треба да го работи она што го исполнува најмногу и не би било фер времето да го поминуваме работејќи нешто што не го сакаме бидејќи животот е краток. Секој човек треба да биде свој, да биде упорен и трпелив, а според мене тоа е патот до успехот. Сите треба да сонуваме и да се бориме за реализирање на својот сон. Јас сакам да оставам нешто зад себе, нешто што ќе живее после мене.
Порака до читателите на маркукуле.мк и љубителите на Рок музиката?
- Пред се сакам да му се заблагодарам на сите кои ме поддржуваат во ова што го работам,а за љубителите на рок музиката…продолжете да ја слушате 🙂
Подготви: Александар Георгиоски
Индија ја тужи британската кралица
Индија ја тужи британската кралица за дијамантот Кох-и-нор. Овој дијамант кој сега е дел од кралската круна во Британија, своевремено бил најголемиот во светот и се проценува дека вреди 100 милиони фунти.
Сега Индија го бара назад.
Кох-и-нор дијамантот бил дел од кралската круна на Кралицата Мајка за време на крунисувањето на нејзиниот сопруг Кралот Џорџ Шести во 1937-та и потоа за време на крунисувањето на кралицата Елизабета во 1953-тата.
ХОРОР ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ: Доктор се бори за живот
Доктор е повреден на една од скопските клиники во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Како што неофицијално дознаваме, во докторот било пукано со огнено оружје, најверојатно од две лица.
Во Клиничкиот центар има голем број полициски екипи.
Повредениот доктор според првичните информации се бори за живот, а неофицијално напаѓачите се уапсени.
Од МВР потврдуваат дека има повредено лице, но повеќе детали ќе соопштат во текот на денот.
































































