дома блог страница 5506

Одличен амбиент, екстра кујна, дневни менија со супер цени – Пица ресторан Garden Limitless

121212111222

Пица ресторанот Гарден Лимитлес во Прилеп изобилува со прекрасна храна, десерти и прекрасен амбиент. Секој ден во неделата луѓето од ресторанот ви нудат дневни богати менија по примамливи цени. На едно место имате можност слатко да се нагостите, да поминете одлично време со вашите пријатели и деловни партнери, во топло среден ентериер, со супер услуга и пред се одлични кулинарски рецепти. Ние се уверивме во нивната умешност, врвна подготвеност да одговорат на потребите на гостите и да се погрижат за прекрасно поминато време. Ви ги пренесуваме дневните менија, проверете и уживајте.

ПОНЕДЕЛНИК

== ДНЕВНО МЕНИ до 18 часот ==
-ШОПСКА САЛАТА
-БОЛОЊЕЗЕ
-БЛАГА ПАЛАЧИНКА (ПО ИЗБОР)
-КАФЕ
==200 МКД==

ВТОРНИК

== ДНЕВНО МЕНИ до 18 часот ==
– МЕШАНА САЛАТА
– КАРИ СТЕК
– БЛАГА ПАЛАЧИНКА
– МАКЕДОНСКО КАФЕ
== 200 ден. ==

СРЕДА

== ДНЕВНО МЕНИ до 18 часот ==
– ШОПСКА САЛАТА
– ПИЛЕШКИ РАЖНИЧ СО ЗЕЛЕНЧУК
– БЛАГА ПАЛАЧИНКА
– КАФЕ
== 200 ден. ==

ЧЕТВРТОК

== ДНЕВНО МЕНИ до 18 часот ==
– ШОПСКА САЛАТА
– ПЕЧЕН СЕНДВИЧ СО ШУНКА
– БЛАГА ПАЛАЧИНКА
– МАКЕДОНСКО КАФЕ
== 200 ден. ==

ПЕТОК

== ДНЕВНО МЕНИ до 18 часот ==

–  МЕШАНА САЛАТА
– РИЖОТО СО ЗЕЛЕНЧУК
– ПАЛАЧИНКА (мед и ореви)
– МАКЕДОНСКО КАФЕ
== 200 ден. ==

САБОТА

== ДНЕВНО МЕНИ до 18 часот ==

– МЕШАНА САЛАТА
– КАРБОНАРА
– ПАЛАЧИНКА ПО ИЗБОР
– МАКЕДОНСКО КАФЕ
== 200 ден. ==

НЕДЕЛА

== ДНЕВНО МЕНИ до 18 часот ==

– ШОПСКА САЛАТА
– ПИЦА МАРГАРИТА
– БЛАГА ПАЛАЧИНКА
– МАКЕДОНСКО КАФЕ
== 200 ден. ==

mozxart

Светиниколски турнир во мал фудбал. распоред на натпревари понеделник 21.12.2015г.

221212121

РАСПОРЕД ЗА ПОНЕДЕЛНИК 21.12.2015
17.00 ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-ИНФИНИТИ/НАПРЕДОК
18.00 КАБЕЛНЕТ-ЗОРО КОМПАНИ
19.00 РЕВИЈАЛНА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ-ВАСИДОРА
19.40 МИТЕ ТРАНС-ПИТУ ГУЛИ
20.40 СТП АВТОКОНТРОЛ-ПОРТАЛ БИТОЛА

РЕЗУЛТАТИ ОД НЕДЕЛА 20.12.2015
ГАШТАН СИТИ-МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ 2-2
ДЕНИ МЕБЕЛ-ТОБАКО ДИСКОНТ 5-1
БУЧИН-НВО ,,РОМСКА СОЛЗА,, 4-2
ИНФИНИТИ-АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ 3-0
ЗЛАТНО ЗРНО-КАРГО ТЕКС 0-3
МИТЕ ТРАНС-ПОРТАЛ БИТОЛА 3-2
НАЈС ТЕКСТИЛ МАТАДОР-БУТИК ЕМПАЕР 3-3(4-5 пенали)

3 2

1

Тренди фотосесија на Ивана Ѓорѓиоска и бутик Kowalsky за маркукуле.мк

Бутик Коwalsky Прилеп, во соработка со нашиот портал маркукуле.мк, ви ја претставува новата колекција на женски фустанчиња и женска облека. Бидете во тренд, бидете модерни, за престојните празници и прослави, подновете се со нешто навистина вредно и убаво. Пред објективот на нашиот фотограф позираше Ивана Ѓорѓиоска. Нашиот модел одговори професионално и веруваме дека ви ја доловивме женската убавина во прекрасните креации. Ние ја комбиниравме убавината и трендот, сега вие сте на потег!

Уживајте во галеријата која ја подготвивме.

[Best_Wordpress_Gallery id=”102″ gal_title=”Sesija_Kowalsky”]

Овошен напиток што ги топи масните наслаги

zdrav-napitok-650x396

Ако сакате да се ослободите од масните наслаги на стомакот, направете ароматичен напиток кој ќе ви помогне во оваа борба.

Во блендер ставете замрзната банана исечена на парчиња, лажица рендан ѓумбир, две лажици мелени семки од лен, шолја змрзнати боровинки, половина шолја спанаќ и малку мраз. Се’ добро изблендирајте, и консумирајте го напитокот секое утро на празен желудник.

Истражувањата покажале дека најголем дел од оние кои го пробле оовј еликсир, изгубиле два килограми за неколку дена, а најмногу се „стопил“ стомакот.

Вкусен и ефикасен во симнувањетот на масните наслаги, овој напиток е и многу здрав. Бананите се богати со калиум, антиоксиданси и влакна , па со самото тоа го поттикнува варењето и ги елиминиратоксините, додека ѓумбирот го јакне имунитетот, го забрзува метаболизмот и го намалува апетитот. Ленот е важен поради влакната, боровинките се силен антиоксидант, а спанаќот е богат со магнезиум и влијае на нервниот систем и расположението.

Цеца сподели фотографии од домашната слава Свети Никола (ФОТО)

Како и секоја година вилата Ражнатовиќ вчера вечер беше преполна. Пејачката угости голем број на политичари од Србија како и многубројни јавни личности.

 

ceca-semejstvo-640x430

Фотографиите од домашната слава кои ги објавија домаќините на социјалните мрежи добија повеќе илјади лајкови:

Screenshot_142

Screenshot_221

Screenshot_314

Screenshot_411

ДОДЕКА НИЕ СЕ ЛИГАВИМЕ ПРЕД ПОРТИТЕ НА НАТО: Србија станува најмоќна воена сила со најсофистицирано Руско вооружување!

1
Историски воен договор помеѓу Србија и Русија кој ќе го потпише премиерот на Србија Александар Вучиќ би можел да биде заклучен веднаш по Нова Година, кога во Србија пристигнува заменик премиерот на Руската Федерација Димитриј Рогозин задолжен за воена индустрија!

Како што се пренесува, Рогозин доаѓа во Јануари во Србија со само една задача – максимално да помогне во опремување на српската војска, а со себе во Белград ги носи и челните луѓе во наменската индустрија.

Ваков расплет на случувањата наговести и министерот за одбрана во оставка Братислав Гашиќ кој оцени дека Србија, по Романија е најсилна воена сила во регионот и порача дека во 2016 година ќе продолжи со развојот и модернизацијата на војската и зголемување на извозот.

Еве што Србија ќе добие од Русија:

МИГ-29

2

Хеликоптери МИ-17

3

Камиони Камаз за хаубицата “Нора”

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

 

Топови за оклопното возило “Лазар 2″

5

Против-воздушен ракетен систем С-300 кој важи за еден од најдобрите системи за ПВО

6

– Здружено развивање на балистички ракети од голем дострел

 

Политика на цинизам

ZORAN-199x300

Најпримитивниот отпор кон успехот на некого è цинизмот зад кој, главно, се крие личност на фрустриран идеалист. Така некако изгледа организираниот отпор кон владиното управување од страна на “водачите“ на опозицијата, таканаречената амстердамска група за божемен спас на државата и некои поранешни “експерти“ или/и членови на бивши владини состави кои што имале погубни политики за државата.
Се расприкажаа на претставите режирани од страна на “независните“ (проопозиционите) телевизии во желбата да го промовираат својот револуционерен мачизам, не оти имаат намера да креираат подобра иднина за нашата држава, туку оти имаат мерак да бидат на власт. Притоа, занесувајќи се во дадената улога на божемни експерти за критика на владините политики во режираните претстави на “соросоидните“ телевизии, зaборавија дека нивните ликови се асоцијација на апокалиптичните политики за македонската држава и народ.
Цинично беше и самото појавување на “амстердамецот “ Димитров на сосросоидните телевизии, бидејќи истиот на бесрамен начин ја напушти улогата бранител на името на нашата држава во рамките на обединетите нации и наместо тоа, комуникациите што ги стекна при реализацијата на таа улога ги искористи, само за да си ја обезбеди својата иднина вработувајќи се во странски организации…, циничен беше и настапот на таканаречениот “експерт“ за економија Ден Дончев, кој што специјално дојде дури од Австралија да се приклучи на отпорот на лидерчињата од опозицијата, заборавајќи притоа дека неговиот лик во македонската јавност се доживува како атрибут на аферите поврзани со продажбата на ТЕЛЕКОМОТ…, цинични се фрустрираните настапи на “лидерот“ на опозицијата Заев, кој што во своите очајнички обиди да ја убеди меѓународната политичка јавност во исправноста на неговиот револуционерен мачизам, повеќе è персонификација на политика на цинизам, предавство на националните интереси, кукавично однесување, болна зависност од култот (или папата како што го нарекуваат)на неговата партија,…циничен е начинот на “министерување“ на таканаречените технички министри и заменици на министрите кои што божем ги избрале за таа улога следбениците на опозицијата.
Таква е претставата на оваа болна политика на цинизам, која што во континуитет од почетокот на демократската политичка реформа на нашата држава ја промовира една тајфа инсталирана во водството на она што е денешна опозиција. Аферите сина птица, големото уво и сега бомбите на Заев, не се ништо друго туку афирмација на политиката на цинизам со која што во минатото нејзините кратори успевале да дојдат на власт, но и да го држат огламникот на сегашната политичка опозиција(не можам да најдам друга попрецизна метафора за оваа состојба на опозицијата).
Но, сега, во денешно време, оваа политиката на цинизам на тајфата што ја држи за огламник сегашната политичка опозиција соочена è со поинакви кормилари на власта, поинакви во смисла на нивната мотивираност и способност за водење на државата и нејзиниот еволутивен раст. Очигледно, веднаш уште по соочувањето со оваа политика на цинизам покажаа дека тоа се кормилари на власта кои што се сигурни во креирањето на добри дела за државата и сигурни во сопствената добра намера за добробит на народот. Всушност, тоа се кормилари на власта кои што не се уплашија, не подклекнаа на уцените од монтираните прислушкувања и не направија спогодба за да го напуштат кормилото на власта, како што тоа го направија главните ликови на власта во 2001 година. Да, во 2001 год. под притисок и уцена со прислушкувани материјали спакувани во досието “големо уво“ креаторите на политиката на цинизам направија трансфер на власта и сите актери на овој трансфер си живееја среќно и удобно во периодот што следуваше и покрај очигледните криминални афери.
Немам против тоа следбениците на опозицијата да веруваат во политиката на цинизам на нивните “водачи“, тоа е нивна работа. Немам против и на тоа “огламникот“ на опозицијата да го држат кратори на политика на цинизам. Но, имам против тоа, таквата политика да биде единствено правило за освојување на власта во државата, односно да се доаѓа на власт со цинизам, т.е. со прикривање на сопствените слабости и промашувања вадејќи се на сметка на другите. Ако сум во право, тогаш сме во голема невоља, бидејќи таквиот начин на водење политика е својствен на некрофилните водачи, односно водачи кои што ги уништуваат вистинските вредности на општествената заедница. На таков начин, измислувајќи афери и извлекувајќи се за сметка на евреите Хитлер успеа да ја приграби власта во сопствената држава и да ги игнорира во очите на тогашната германска јавност сопствените слабости и промашувања, притоа реализирајќи се како некрофилен водач.
Претставата на нашата политичка опозиција е таква, со политика на цинизам да се освои власта. Но, таквата претстава треба да не загрижува сите. Тоа не е обичен цинизам на излив на емоции, туку тоа е цинизам на лажна претстава за грижа за својата држава и народ. Тоа е манипулирање наменето за да не искористи сите нас, а со цел да се остварат болните амбиции на тајфата што го држи огламникот на опозицијата.
Д-р Зоран Петрески
Авторот е доктор на науки по јавна администрација

Ова е најубавата жена на светот за 2015 година (ФОТО)

mis-526x396

Миреја Лалагуна Ројо од Шпанија е новата „Мис на светот“. Натпреварот за најубава жена на светот се одржа синоќа во Кина.

m-640x400

Софија Никитчук е прогласена за прва придружничка, а Марија Харфанти од Индонезија го освои третото место на изборот на кој учествуваа 114 девојки.

Инаку, овој натпревар предизвика контроверзии бидејќи Кина и’ забрани на претстваничката на Канада да учествува.

mi-640x400

Таа јавно ја критикувала кинеската верска политика, а како што кажала, кинеските безбедносни агенти го посетиле нејзиниот татко по нејзината победа на натпреварот за Мис на Канада, „во обид да ја заплашат.

mis-svet6-640x427-1-640x400

miii-526x400

Нов Универзитет ќе се отвора во Скопје

gruevski-medicinar-poseta64-640x549

Премиерот Никола Груевски денес најави отворање на нов државен универзитет „Мајка Тереза“ кој што ќе работи на три јазици и тоа на македонски, албански и англиски.

Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе има 14 студиски програми и тоа за прв и втор циклус на студии, а предвидено е да започне да функционира од следната академска година.

-Денеска донесовме одлука да се отвори уште еден универзитет во Скопје кој ќе се вика „Мајка Тереза“ . Исиот ќе биде на три јазици, македонски, албански и на англиски јазик и ќе има сериозна интернационална димензија бидејќи ќе има и професори и студенти и Македонци и Албанци но и странци, изјави Груевски.

Премиерот истакна дека овој универзитет покрај интернационалноста и мутинационалноста ќе внесе еден нов квалитет во високото образование во Македонија.

Универзитетот ќе има 5 единици од кои најголем дел за технички науки. Станува збор за следните единици: факултет за градежништво и архитектура, факултет за технички и технолошки науки, факултет за информатички и факултет за социјални науки.

Министерството за образование и наука исто така предвидува да објави тендер за главен објект за новиот универзитет кој ќе биде лоциран во поранешната касарна Илинден.