Глобалниот настан „ТРКА ЗА МИР“, која опфаќа светски размери, а секоја втора година ја обиколува Европа поминуваќи 24.000 километри, оваа година во својата рута ја вклучи и општина Прилеп и денес пристигна во Прилеп. Факелот за мир кој што поминува во повеќе од 150 земји ширум светот, свечено ќе го причека и градоначалникот Марјан Ристески кој оствари средба со организаторите и учесниците.
„Огромна чест и задоволство ни е што можеме овој запален факел да го донесеме во нашиот град денеска. Сите желби за мир патуваат насекаде низ светот, но секако и низ 48 – те земји кои што трката за мир ги посети оваа година низ Европа, а меѓу нив и градот Прилеп“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.
Докажавте дека се грижите и сакате да придонесете за мирот, истакна координаторот на европскиот тим Дипауајан Ренер.
Трката нема натпреварувачки карактер, туку е промоција на меѓународниот мир, единство и меѓусебно разбирање.
Не е потребен голем коментар. Фотографиите се од денес во строгиот центар на Прилеп, а ни ги испрати наш читател. Ваквите узурпатори на пешачките зони во градот не се ретка појава. Ова е уште еден пример за прилепската сообраќајна “култура” на дел од прилепските возачи.
30 заедно поминати години, цврсти и обединети во спортските височини, уште поединствени за време на падовите. Навивачката група “МАЈМУНИ” е она без што градот под “Марковите Кули” не може да се замисли. Тие се причината за секогаш жешкиот терен во Прилеп, тие се причината за секој спортски спектакл во градот, тие се мостот кон спортските успеси.
По повод одбележувањето на својот голем јубилеј, 30 години постоење на македонската тифо сцена, од навивачката група “Мајмуни” најавуваат низа настани. Во продолжение погледнете за што се работи.
Мајмуните слават 30-години постоење. Накратко за тоа од каде се започна, кои се Мајмуните, што се се случуваше во изминатите 30 години ?
Точно така, но овој јубилеј не е само на Мајмуните. Марковите Внуци се оние кои ја започнуваат оваа, сега веќе долгогодишна приказна. И тоа во далечната 1987 година, кога во нашиот град за прв пат се појавува организираното тифо- движење. Марковите Внуци се една генерација која ќе ги одбележи наредните 10 години од нивното формирање, за да потоа, на сцена стапат нови момци, со нови идеи и визии, но иста цел – ФК Победа. Во 1997 година доаѓа до смена на генерациите, Марковите Внуци ќе ги заменат Мајмуните, а Прилеп во наредните неколку години од нивното формирање ќе стане навивачки град во вистинска смисла на зборот. И така е се до денес. Без разлика на сите оние споредни случувања во изминатите 30 години, сите подеми и падови, како на навивачката група, така и на ФК Победа, ние остануваме заедно, остануваме истрајни и одлучни во остварување на целта, а тоа е ФК Победа онаква каква што Прилеп ја познава од почетокот на новиот милениум, и полни трибини на градскиот стадион.
Прославата започнува скоро 1 година порано. Што Мајмуните подготвија за својот јубилеј ?
Како што кажавме, нашата историја е долга и богата, па така овој значаен јубилеј сметаме дека треба да го одбележиме на вистински начин. Покрај тоа што веќе 30-години активно сме вклучени во спортскиот живот на градот Прилеп, значајно место има и нашата улога во општествениот живот во градот, па затоа по повод 30-годишнината од нашето постоење, испланиравме низа активности и настани во кои ќе бидат вклучени спортските но и општествени настани. За почеток, ја најавуваме втората по ред крводарителска акција која ја организираме на 10.10.2016 година во ЦК „Марко Цепенков” – Прилеп, на која учество земаат нашите членови, но добредојден е и секој хуман граѓанин, кој дарувајќи крв може да спаси нечиј живот и да направи добро дело. Одбележувајќи го 11 Октомври како значаен дел во историјата на Р.Македонија, но уште позначаен за нашиот град, најавуваме спектакл во центарот на градот, но во однос на тоа, ќе оставиме прилепчани сами да се уверат што ќе се случува вечерта на 10-ти Октомври. Месец ноември, ќе го одбележи денот на ослободувањето на Прилеп, 3-ти Ноември, за кога планираме една официјална манифестација, 3-ноемвриски коктел, на кој ќе присуствуваат навивачи од сите три генерации кои се дел од историјата на Мајмуните и тоа почнувајќи од најстарите, Марковите Внуци, кои го опфаќаат периодот до средината на 90-тите години на минатиот век, потоа Мајмуните кои во наредните 10-години неколку пати ќе бидат прогласени за најдобра навивачка група во Македонија, и на крај денешните Мајмуни, кои не се ништо поинакви од останатите, но сепак се работи за нови генерации, кои веруваме дека ќе донесат само успеси на нашиот навивачки клуб, и се вкупно на спортскиот живот и навивачката култура во Прилеп. Токму тоа е и главната цел на оваа прослава. На едно место да се соберат сите генерации кои во изминативе 30-години се 12-ти играч на прилепска Победа.
И да се навратиме на активностите во поглед на прославата. Св. Никола е заштитник на нашиот град, па така во Прилеп, секоја година, традиционално се организира турнир во мал фудбал, на кој и оваа година како и изминатата ќе земеме учество. За периодот кој следи, исто така активно ќе се вклучиме во помагањето на наши членови, и граѓани на град Прилеп преку хуманитарни акции, реновирање на домови и помагање на најразлични начини, во склоп на нашите можности.
Како планирате да го остварите сето ова ?
Навивачкиот клуб Мајмуни – Прилеп е здружение на граѓани, кое е дефинирано и функционира како непрофитна организација, што значи единствен извор на финансиски средства е членарината, која е симболична и често пати недоволна за покривање на основните трошоци за нашето функционирање. Конкретно, што се однесува на прославата, се работи за еден навистина голем јубилеј, кој заслужува да биде одбележан онака како што доликува, се работи за еден склоп на многубројни настани и активности кои сметаме дека ќе бидат значајни за Прилеп и прилепчани, и во однос на тоа, оние минимални средства кои ние преку самофинансирање ги обезбедуваме нема да одиграат никаква улога во организацијата и реализацијата на прославата. Токму затоа, помош ќе ни биде потребна од сите стопански субјекти во градот, на кои ќе им бидат доставени нашиот план и програма за прославата и во кои ќе бидат наведени сите настани и активности кои ќе ги реализираме. Како организирано здружение кое изминатите 30-години активно учествува во спортскиот и општествениот живот на градот Прилеп, очекуваме навистина голема поддршка, со оглед на тоа што од скоро започнавме да контактираме со стопанските субјекти и компании од градот Прилеп, кои се заинтересирани да помогнат со своите средства во реализација на овој наш проект, и да бидат дел од нашиот голем јубилеј. Да не заборавиме да напоменеме и дека се ова нема да може да се реализира без квалитетно испланиран и изработен маркетинг, кој се однесува на изработување рекламен материјал, календари, запалки, пенкала, миризливи етикети, маици, шалови, комплетна навивачка опрема итн. Исто така, после завршната прослава, сите оние кои на некаков начин допринесле во реализацијата и одбележувањето на јубилејот на НК Мајмуни, ќе добијат навивачки пакет, благодарница и сувенир, како подсетник на тоа дека Прилеп не може без Мајмуните, исто како што Мајмуните не можат без Прилеп.
Што понатаму ? Кои се плановите за иднината ?
Понатаму продолжуваме максимално ангажирано. И ние како и нашата Победа во вистинско светло се вративме пред помалку од 2 години, па така потребен е период на адаптација, период во кој полека но сигурно ќе се поставуваат темелите на еден нов начин на функционирање, ќе се работи доста поорганизирано, и ќе се става акцент на маркетингот, како и на ширење на навивачката култура во Прилеп, се со цел ФК Победа повторно да добива поддршка од 15 000 навивачи на градскиот стадион во Прилеп.
Скопјани сe подоцна стапуваат во брак и во речиси 70 отсто од браковите младенците се постари од 33 години.
Цена Ангеловска, матичарка во скопската служба вели дека денес брак меѓу дваесетгодишници е реткост, а намалена е и бројката на малолетничките бракови.
-Ми остави впечаток еден брак од неодамна, меѓу дедо од 78 години и баба од 72 години, кои се запознале во пензионерски дом, вели Ангелковска.
Матичарот Зоран Кузмановски, пак, изјавил дека во периодот на свадбени прослави склучува дневно и по 15 брака. Покрај тоа тој вели дека пред него не ретко се случуваат и невообичаени моменти.
Неодамна се случило младоженец да каже трипати „НЕ“ пред да се потпише во книгата на вечаните.
Откако сите биле шокирани од ваквиот неочекуван одговор, младоженецот слатко се изнасмеал бидејќи сите му поверувале на шегата.
Најмногу бракови се склучуваат во мај, јуни, септември и октомври, кога во викенд се склучуваат и по 17 брака на ден.
Научниците откриле дека гулабите иако не припаѓаат на приматите, способни се да разликуваат некои зборови.
Националната академија во Вашингтон избрала 4 најпаметни гулаби кои можеле да се најдат и им покажале 8.000 комбинации на зборови, како и комбинации кои не претставуваат зборови.
Птиците потоа се пуштени на предизвикот да го пронајдат точниот одговор.
До крајот на експериментот, птиците “изградиле речник” меѓу 26 и 60 зборови.
На крајот, научниците ги споредиле резултатите на гулабите со ист експеримент изведен врз мајмун и откриле дека гулабите поседуваат поголема способност за распознавање на зборови.
Дали сте знаеле дека постојат босански пирамиди големи како оние во Египет ?
Овие пирамиди се откриени за време на еден експеримент кој е извршен од страна на интернационален тим од Словенија, Хрватска и Србија. Овој тим вршел мерења на магнетните полиња во овој предел.
Девојка од Бризбен Австралија платила 500 долари за операција на својата златна рипка , која проголтала парче камче од аквариумот.
Рипката наречена Конквер по прегледот на ветеринарите била однесена на операција.
21-годишната девојка за да ја спаси својата златна рипка, која ја купила за само 12 долари воопшто не се грижела колку ќе чини операцијата.
Како што и соопштиле од Ветеринарниот центар, на рибата морала да и дадат анестезија , која ветеринарите ја ставиле всушност во водата во која се наоѓала рибата за потоа да можат да и го извадат парчето камен .
Ветеринарите кои ја извршиле операцијата изјавиле дека биле изненадени од вниманието кое младата девојка и го посветила на златната рипка , наведувајќи дека вака обично луѓето се однесуваат кон своите домашни миленици кучиња или мачки.
Во 1991 година пештерата за прв пат е откриена од страна на локален фармер. Таа се наоѓа во националниот парк Фон На Ке Банг во Виетнам. Но непристапниот терен не му дозволил на фармерот доволно да ја истражи пештерата.
Во 2009 година група на британски истражувачи предводени од Хауард Лимберт уште еднаш ја лоцирале пештерата, но овој пат и детално ја истражиле. Тоа што тие го виделе ги оставило без зборови. Никој не би останал рамнодушен на ваква глетка.
Пештерата е долга 5 километри и широка 150 метри. Таа е најголемата пештера во светот.
Компанијата Комфи Ангел утре, 24 септември (Сабота), од 9 до 16 часот на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ организира хуманитарна акција преку распродажба на дел од нејзините производи по фабрички цени.
Дел од собраните финансиски средства ќе бидат донирани на посебните паралелки при ОУ „Климент Охридски“ – Прилеп.
Ова не е прв пат од Комфи Ангел да ја покажат својата општествена одговорност, вакви хуманитарни акции компанијата има одржувано во неколку наврати и порано, а ќе го прават тоа и во иднина.
Ве очекуваме за сите заедно со љубов да подадеме рака!