дома блог страница 5127

Жртва на секта во Хрватска: “Мојот син им е роб…”

kult-696x398

Во Хрватска постојат околу 800 секти, а правно гледано на жртвите никој не може да  им помогне.

“Мојот син имаше само 14 години кога замина на некакво предавање за јога. Запознал некоја стара жена, а јас забележав дека  почнува да се повлекува во себе. Често одеше на нивните состаноци. Потоа замина во Италија и веќе беше полнолетен кога  ми прати порака :” Одам сега и повеќе не се враќам. Ова е мојата фамилија”. Сега знам дека во таа секта тој е роб. Работи за 100 евра џепарлак, а пасошот му го одзеле. На мојот син му го “испрале” мозокот а јас не можам да  го вратам”.

Ова е приказната на една мајка која не успеала да го извлече своето дете од верската секта.

ФОТО: Нуди 180 милиони долари на оној што ќе ја ожени ќерка му, но тоа не е лесно

Милијардерот Сесил Чао, сопственик на компанијата Чеук Науг Холдингс, понуди 180 милиони долари на човек кој сака да ја ожени ќерка му. Оваа вест предизвика бурни реакции во 2014 година на светската јавност.

 

kerka-520x294

Веројатно некој и би ја земал наградата, бидејќи имало 20.000 заинтересирани, но сите паднаа на една едноставна причина.

Имено колку и пари да издвои овој татко за некој да се ожени со ќерка му, голема е веројатноста дека тоа нема да се случи. Џиџи, ќерката на Чао, повеќе од деценија е во лезбеска врска со својата партнерка Еав.

Значи мажачката за ќерката на богаташот е невозможна мисија.

 

ВИДЕО: Вакво нешто немате видено: 200 години стар орман кој ќе ве остави без зборови

screenshot_2-4

Ова парче мебел старо е повеќе од 200 години, и претставува вистински пример за еврпскиот дизајн на мебел. Не само што изгледа преубаво, туку е исполнет и со безброј фиоки кои го прават најспектакуларниот орман кој некогаш сте го виделе.

Погледнете го видеото и проценете и сами :

МАРКУКУЛЕ.МК

 

На утро треба да пиеме само топла вода: Еве зошто !

voda-casa-ff-600x338

Обично пиеме само ладна вода, но тоа воопшто не е здраво, тврдат лекарите.

Од друга страна, конзумирањето на топла вода може да ни го подобри варењето на храната и да го ослободи телото од отровите.

Ладната вода е без многу минерали, поради што не е баш добра за органите за варење, особено ако се пие за време на оброкот.

Позитивни ефекти на топлата вода:

  • Го подобрува варењето. Чаша со топла вода на утро помага во чистење на телото од токсини. Водата помага во разградување на храната и правилното работење на органите за варење.
  • Ги намалува болките. Топлата вода помага и кај менструалните болки. Топлината влијае врз стомачните мускули и ги намалува болките.
  • Топлата вода влијае и врз слабеењето. Топлата вода ја зголемува температурата на телото со што го забрзува метаболизмот.

СНИМКИ ОД ДРОН: Финишира изградбата на експресниот пат од Велес до Штип (ВИДЕО)

Изградбата на експресниот пат од Велес до Штип во должина од 26 километри е при крај. Асфалтирањето се очекува да заврши за неколку дена, а се планираат и два железнички премини за кои ќе бидат набавени и сигнални уреди и нови рампи.

veles-kadrifakovo

Патот се градеше во три фази, од кои двете се веќе завршени, а најголем дел од работите на третата фаза од патот, која е во должина од 10 километри, се завршени. Станува збор за инвестиција од околу 15 милиони евра, средства обезбедени преку Европската банка за обнова и развој, а со пуштањето во употреба на овој експресен пат се очекува да се олесни сообраќајот на оваа делница која што е многу фреквентна.

Увид во градежните активности денеска извршија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Државното претпријатие за државни патишта Александар Стојановски.

 

Што носи вечерашната Црна месечина за секој хороскопски знак?

Вечерва на небото над западната хемисфера ќе се појави ретката астрономска појава Црна месечина, која не се случила од март 2014 година.

 

crna-mesecina-horoskop

Астрологијата открива што носи таа за секој хороскопски знак

OВЕН
Oвните ќе имаат многу причини за славење – на професионален план се ќе им оди како подмачкано, па затоа сега, кога се сигурни во својот успех, треба да одвојат неколку дена за романтика. Со младата месечниа во Вага, ова е идеален момент да почнете нова врска или да го доведете во ред односот во кој сте сега. Имајте на ум дека врските започнати за време на владеењето на Црната месечина се посебно моќни.

БИК
Имате ли чувство дека во последно време се гушите во неред? Сега е идеалниот момент да го организирате своето приватно и работно опкружување за да бидете што поефикасни. Ова е, исто така, идеалниот момент за критично размослување и продуктивност, па задолжително направете листа на цели и планови и тргнете во истражување.

БЛИЗНАЦИ
Oвој петок Црната месечина ќе ви донесе премногу енергија и самодоверба. Затоа, искористете го ова за самопромоција или на социјалните мрежи или во живо. Ќе ви се исплати! Покрај тоа, сега е идеален момент да започнете креативен проект за кој долго размислувате, бидејќи до 11 октомври ќе идете преплавени со нови и свежи идеи.

РAK
Oваа недела сите ве влечат на своја страна, па сте малку збунети. Црната месечниа ќе ви ја осветли четвртата куќа, куќата на семејството и пријателите, по што ќе почнете да го преиспитувате односот со вашите блиски. Прашајте се дали секогаш биле тука за вас, дали постои некој кој не припаѓа во круго на вашите најблиски пријатели. Без грижа, ќе ги откриете одговорите.

ЛАВ
Oваа недела Месечината ви носи неверојатен налет на самодоверба, но и здравје. Покрај тоа, ќе доживеете и нови познанства, а можеби и конечно ќе го запознаете оној вистински најдобар пријател, кој е тука и во добро и во зло. Ова е време за социјализација, па гледајте што повеќе време да поминете во друштво.

ДЕВИЦА
Наскоро ќе се бањате во пари, но пред тоа направете нешто за себе – ако не ви се допаѓа сегашната работа или пак ако ја немате, почнете да праќате CV. Ако мислите дека немате простор за напредување во сегашната професија, почнете сами да работите на нови вештини, кои ќе ви отворат нови работни можности.

ВАГА
За Вагите во овој период најсоодветна е изреката „Ако можеш да сонуваш, можеш и да оствариш“. Ова е време за целосно рестартирање, затоа, добро искористете го бидејќи можете, доколку навистина сакате, од корен да го промените својот живот. Среќата е на ваша страна.

СКОРПИЈА
Mладата месечина обично значи и нов почеток, но пред секој почеток мора да има и болен крај. Затоа, ова е вистинско време зад себе да оставите се што ве преоптоварува – стресот, партнерот, емотивниот багаж…Дури тогаш слободно ќе може да тргнете храбро во нова авантура. Само кога вистински ќе се збогувате, во животот ќе ви влезат новите работи по кои мечтаете.

СТРЕЛЕЦ
Време е за проширување на мрежата на работни познанства, тоа ќе ви се исплати повеќекратно, посебно во финансиска смисла. Затоа не одбивајте ни еден повик за излегување и средби, поготово не оние работните.

JAРЕЦ
Oва е вистински момент да си поставите јасни и остварливи цели и за шест месеци ќе го имате она за што сонувате. Сега е време да се фати бикот за рогови, но не претерувајте – фатете само еден.

ВОДОЛИЈА
Aкo не ви се допаѓа како моментално изгледа вашиот живот, сега е моментот целосно да ги промените работите. Свртете се кон работите кои ве инспирираат. Задолжително запишете се на некој курс или научете некоја нова вештина. Ова е време за ваш личен развој.

РИБИ
Во периодот на млада месечина во Вага ќе бидете сосема неодоливи, па подгответе се со стап да ги бркате обожавателите. За вас ова е време на љубов, страст и многу секс. Преуштете му се на сето тоа, заслуживте!

Дел од учесниците на трката „По стапките на Крали Марко” ја посетија општина Прилеп

Овој викенд со старт и финиш во амфитеатарот во најстарта прилепска населба Варош се одржа шестото традиционално издание на најголемата трка во планинско трчање Крали Марко Треилс – „По стапките на Крали Марко”. По тој повод во просториите на локалната самоуправа градоначалникот Марјан Ристески оствари средба со дел од наградените учесници на овогодинешната тркаКрали Марко Треилс – „По стапките на Крали Марко”.

1

Тој на присустните им посака многу здравје и среќа во понатамошните натпревари, им подари монографија, а на победничката Мери Мирческа и врачи и вредносен ваучер од спортскиот дуќан „Лукас“.

2

Победници на трките се:
Крали Марко Ултра Треил 90К 4300Д+

Марија Митева Николова – Бугарија – 13:04:23
Мери Мирческа – Македонија – 15:29:52
Десислава Цветанова – Бугарија – 18:38:37

Иваило Атанасов – Бугарија – 12:14:57
Александер Спасов – Бугарија – 13:04:10
Константин Александров Атанасов – 13:04:14

Камена Баба Треил 31К 1250Д+

Одри Вурхес – САД – 3:53:21
Тања Стојановски – Србија – 3:55:18
Сања Каваз – Босна и Херцеговина – 4:05:05
Александар Стојкоски – Македонија – 3:00:56
Александар Кирковски – Македонија – 3:05:01
Филип Симоновски – Македонија – 3:05:01
Трескавец Треил 16К 800Д+

Бојана Наумовска – Македонија – 1:54:34
Милена Чкрипеска – Македонија – 1:56:44
Мери Чкрипеска – Македонија – 1:59:42

Атанас Анчевски – Македонија – 1:25:31
Петар Анакијев – Македонија – 1:38:09
Димитар Петровски – Македонија – 1:38:11

Организатори на настанот се здружението за планинско трчање ТРЕКС, ПСД Макпетрол и Општина Прилеп.

3

КУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ во поесета на општина Прилеп

_mg_7687

Со награди се врати КУД „Мирче Ацев“ од турнејата во Хрватска. Успешниот настап им донесе прво место на меѓународниот фолклорен фестивал во Велика Горица. Нашите играорци се закитија со награда за кореографија и за настап.Членовите на друштвото се гордеат со врвното претставување на Македонија.

_mg_7676

_mg_7684

_mg_7689

_mg_7700

КУД „Мирче Ацев“ оствари средба со градоначалникот Марјан Ристески кој им посака многу успеси и понатаму.

_mg_7675

Друштвото се претстави во Лудбрег, а потоа и на Макарското културно лето. Ги разбуди емоциите раскошниот македонски фолклор и традиција.
Гостувањето во Макарска беше плод на повеќегодишната соработка со фолклорниот ансамбл Темпет, а за успешната турнеја на нашето друштво пишуваа повеќе хрватски весници.

6412-kud-mirce-acev-vo-poeseta-na-opshtina-prilep-960x600-13

Од утринава стивна и македонската и српската музика

Од утринава на радиостаниците веќе нема ни македонска, ни српска музика.

folk-740x336-640x291

Забраната за емитување српска музика почна од ноќеска на полноќ, а од пред десет дена е забрането емитување македонска музика.

Македонските телевизии и радио станици од утринава, покрај светските хитови, од регионот пуштаат хрватска, бугарска, бошњачка, албанска, грчка или друга музика.

Исклучок од забраната на Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) и на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, како што велат од Здружението на приватни медиуми на Македонија (ЗПММ), ќе бидат музичките емисии од Србија, за кои македонските телевизии ги имаат откупено правата, а такви се „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинкови ѕвезди“.

Поради забраната за емитување македонска музика, викендов нема да се одржи Фолк фест Валандово, најстариот фестивал на македонски новокомпонирани песни.

 

Какво време не очекува денеска?

delumno-oblacno-640x320

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево, преку денот ќе има мала до умерена локална облачност претежно висока. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до 10, а дневната од 25 до 31 степен.

Релативно топло време ќе се задржи и в понеделник. Од недела следува период на променливо облачно време со локални слаби врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава, а од понеделник воздушното струење ќе се промени во северно од каде ќе почне да се спушта постуден воздух особено во вторник и среда кога ќе дува засилен ветер од северен правец и ќе предизвика нагло опаѓање на дневната температура.