[Best_Wordpress_Gallery id=”408″ gal_title=”NoemvriSabotno4″]
ФОТО: Ова е контроверзната Ела- ќерката на Дино Дворник!
Ела Дворник е родена 1990 година во Загреб како ќерка на познатиот хрватски музичар Дино Дворник.
Знаеме дека сите деца на славните се под притисок да го достигнат успехот на своите родители, а Ела не е исклучок. Единствено што… успеа да стане позната по тоа што е најомразената личност помеѓу Хрватите.
Ела имаше желба да стане славна, па во јавноста се појавуваше во најразлични изданија, најчесто провокативно разголена и секогаш со различна боја на косата. Позната како девојка “без влакна на јазикот”, успеа и да испровоцира многу луѓе, па мислењата за неа се… поделени.
Се обиде да лансира музичка кариера, па издаде пет синглови кои никогаш не се пробија во музичката индустрија. Најпознат од овие синглови е песната “Хентаи” (зборот хентаи на јапонски значи анимиран порно-филм), со кој Ела неуспешно се обиде да се пробие на јапонскиот пазар, па потоа се оправдуваше дека песната е всушност пародија на јапонската поп-музика.
За среќа, Ела изгледа сфати дека нема потреба да ја оцрнува кариерата на својот покоен татко, па денес води успешен лајфстајл блог кој е еден од најпознатите во Лондон, каде што и живее со својот свршеник Чарлс Пирс.
Еве како да се „избришете“ од интернет
Интернет е место кое е преполно со интересни и корисни информации, но често не оптоварува, посебно ако многу време минуваме на социјалните мрежи.
Затоа Швеѓаните Виле Далбо и Линус Унбак ја смислиле апликацијата Deseat.me која овозможува комплетно да се „избриште“ од глобалната мрежа.
Потребно е на нивниот портал да се логирате користејќи ги сите податоци од својот гугл акаунт, па потоа порталот ќе ги скенира апликациитте и сервисите на кои со тие податоци сте се логирале. Потоа ќе ви исфрли список на сите ваши налози, а покрај секој од нив се наоѓа опција за трајно бришење.
Адел се повлекува од сцената – причината е воодушевувачка
Една од најпопуларните британски пејачки, Адел, на својот последен концерт од нејзината северноамериканска турнеја, на обожавателите им соопшти дека е повторно бремена.
– Тоа е тоа. Се гледаме од другата страна. Чекам второ дете, изјави 28-годишната Адел пред присутните на концертот.
Тоа ќе биде второ дете на Адел и нејзиниот партнер Сајмон Конецки.
По промоцијата на својот втор албум „21“ во јануари 2011, Адел направи четиригодишна пауза од објавување нови песни и настапи. По паузата, во ноември 2015 година го објави албумот „25“, со кој постигна рекордна продажба. Во февруари и март 2017 година Адел ќе одржи турнеја во Австралија, по што, како што најави, ќе направи нова пауза.
Денеска е Свети Јован Златоуст – за многу години!
Свети Јован Златоуст бил Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“
Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски. Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност. Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на Светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го растолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата ѝ остави многу драгоцени книги со неговите беседи.
Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и Светиот маченик Василиск (под 22 мај), во чијашто црква ја прими Светата Причест.
„Слава Му на Бога за сѐ!“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот. Од моштите на Св. Јован Златоуст главата почива во Успенскиот храм во Москва, а телото во Ватикан во Рим.
Нема да верувате за што може да ви помогне маслиновото масло
Маслиновото масло има голема популарност меѓу жените кои водат грижа за кожата на лицето.
Најдобро и наједноставно средство против брчките околу очите се облогите со маслиново масло.
Ако во 50 ml маслиново масло додадете 4-5 капсули витамин Е, ќе добиете одлична хранлива маска.
Оваа маска можете да ја ставате секоја вечер и да ја држите 5 минути на лицето. Не морате да се миете, доволно е само да се тргне со хартиено марамче.
За десет дена откупени над 1.500 тони тутун, просечната цена 186 денари
За десет дена од почетокот на откупот на тутунот, 15 ноември, четири откупувачи заклучно со вчера преземаа вкупно 1.582 тони од годинашната реколта.
Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, просечната откупна цена е 186,50 денари по килограм, а според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство исплатата е реализирана со 34,91 отсто или досега се исплатени 103 милиони денари.
Според првичните проценки, се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Договор за откуп потпишаа 10 претпријатија, а крајниот рок за почеток на откупот е 15 декември, информира Министерството.
По ова се разликуваат луѓето: Ги платил сметките на дури 16 семејства
Во четвртокот во Прозор, Босна и Херцеговина, анонимен доброчинител ги платил сметките на 16 семејства кои немале пари за нив. Тоа не му било прв пат.
Иако овој човек сака да остане анонимен, во местото каде што се случило ова, луѓето тврдат дека истиот човек, веќе неколку години им помага на луѓето на овој начин.
Ф.Г.
Имате Вибер? – по ова сигурно ќе го избришете
Виберот го користиме сите, но оваа супер алатка за комуникација има и свои маани кои мора да ги знаете.
Дали знаевте дека сите пораки, повици и фотки кои ги праќате на Вибер, многу лесно можат да се украдат и преслушаат? На Интернет има бесплатни програми кои го нудат тоа.
Затоа, на Вибер треба да се користат само основни пораки на комуникација и да се водат едноставни разговори.
Ни телефонските повици не се лишени од овој проблем, но се далеку посигурни.






































