дома блог страница 5002

Стоп за сите видови на насилство врз жените и девојчињата

DSCN7272

Стоп за сите видови насилство врз жените и девојчињата, под ова мото оваа година се одбележа кампањата против насилството врз жените и девојчињата.
Од огромна важност е да се даде значење на овој настан особено кај најмладите за да можат уште од помала возраст да реагираат и да се спротивставуваат на секаков вида на насилство врз жените и девојчињата. По овој повод во основно Училиште ,,Манчу Матак’’ Кривогаштани се одржа работилница на која што активно учество зедоа учениците од деветто одделение.

DSCN7265

DSCN7263

DSCN7264

Преку презентација од страна на нивниот психолог беа објаснети сите видови на насилство, што значи насилството, како да го препознаат насилството и кои мерки треба да ги преземат во случај да бидат жртви или сведоци на насилство. Потоа преку разработка на замислени примери самите оценуваа дали во конкретниот случај постои определен вид на насилство, доколку постои за кој вид на насилство станува збор и на кој начин треба да се разреши определената ситуација.

DSCN7275

DSCN7267

DSCN7270

DSCN7271

DSCN7273

Од огромно значење е што учениците се свесни за постоење на насилството од било кој вид и исто така многу добро размислуваат за начинот на кој што треба да постапуваат во такви случаи, што е резултат кој во иднина ќе вроди со плод.
DSCN7295

DSCN7293

Студентскиот Парламент на Економски факултет Прилеп ја одбрани титулата

12294951_10205592520187489_1313329374_o

Во организација на Студентскиот Парламент при Технолошко технички факултет Велес и Студентскиот Парламент при Универзитет Св. Климент Охридски од Битола, во соработка со Советите на млади при Oпштина Велес и Oпштина Битола, на 24.11.2015 година беше реализиран третиот студентски турнир во пинг- понг во Велес.

12295758_10205592473506322_1064583305_o

12295196_10205592520147488_1483699850_o

12295667_10205592473906332_1113524339_o

На студентскиот турнир учествуваа околу 50 студенти од факултетите при Универзитет Св. Климент Охридски од Битола. Целта на овие настани е промоција на спортот, здравите животни навики, а покрај тоа овие настани се одлична можност за дружење помеѓу студентите и стекнување нови пријателства.

12311807_10205592520307492_227224397_o

12314944_10205592520227490_677235397_o

12311524_10205592473186314_1791225613_o

Студентскиот Парламент на Економски факултет Прилеп учествуваше со 5 претставници на студентскиот турнир во пинг-понг. Оваа студентска организација го поддржува организирањето на овој спортски настан од самите почетоци, а првото место го освои претседателот од Студентски Парламент на Економски факултет Прилеп, Андреј Габроски. За победникот беше доделен пехар и диплома. На овој начин Студентскиот Парламент при Економски факултет Прилеп ја одбрани титулата од 2014 година, кога на вториот студентски турнир во пинг-понг првото место беше освоено исто така од студентот Андреј Габроски.

Се чистат и духот и телото: Од утре започнува Божиќниот пост – ова е значењето

bozik

За православните христијански верници кои се водат според стариот Јулијански календар од утре почнува шестнеделниот Божикен пост кој ќе трае 40 дена, односно до Божик 7 јануари – денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари.

Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник.

Божикниот пост е втор по должината на траењето, веднаш по Велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна Божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење вино, зејтин и риба. Строгиот пост на вода се налага во првата и последната недела, како и секоја среда и петок. Во Православната црква практика е во текот на Божикниот пост верниците да се исповедаат и по можност да се причестат за да бидат што подостојни во подготовката за празнување на Христовото раѓање – Божик. Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на Божикниот пост посни се и сите славски трпези.

Телесниот пост е неразделно поврзан со духовниот пост. Нема вистински пост без покајание и плач, без смирение, без молитва, без трпение, без љубов и милост кон ближните и без другите Свети Добродетели. Од телесниот пост духовниот отец може да неразреши, но од духовниот пост – никој, па дури ни ангел од небото. Затоа, телесниот пост не е секогаш неопходен како подготовка за Света Причест, додека пак, духовниот е неопходен. Духовниот пост е самата суштина на христијанското живеење и постоење во Црквата. Сепак и телесниот пост многу го помага духовниот. На пример, многу помага за да се вежба трпението, смирението и молитвата, да владее во дух на покајание, а покрај тоа, од она што би се заштедило постејќи, може да им се даде милост и помош на сиромасите. Кога вака правилно би се разбрал постот, не би постоел христијанин кој би можел да се оправда ако не го држи постот.

Со Канонот на Православната црква предвидени се еднодневни и повеќедневни пости.

Еднодневните пости се во среда и петок, Водокрст на 18 јануари, Отсекувањето на Главата на Св. Јован Крстител на 11 септември и Крстовден на 27 септември.

Повеќедневни пости се Велигденските, Петровденските, Богородичните и Божикните пости.

Лицата кои доследно ги почитуваат правилата постат и секоја среда и петок, бидејќи тоа се деновите кога Христос е осуден и кога умрел на крстот.

Божикниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на Христијанството и се споменува во делата на светите лица од 4 и 5 век.

Првобитно постот траел седум дена, а одлуката Христијаните пред празникот – Раѓањето Христово да постат 40 дена донесена е на Собор во 1166 година.

Траењето на Божикниот пост се објаснува и со четириесетдневното патување на тројцата мудреци до Витлеемската пештера во која на 25 декември е роден Богомладенецот Исус.

Затоа се вели дека постот е ѕвезда водилка за сите кои Христијанството го одбрале за своја вера, како што за мудреците кои верувале во пророштвото за раѓањето на Спасителот, еднствена водилка била најсветлата ѕвезда на небото која се движела од Западот кон Истокот и која ги довела во Витлеем.

Пожар во Прилеп: Изгореа четири бараки

pozar1

Во пожар што избувнал синоќа околу 03.00 часот во населбата Варош – Прилеп опожарени се четири бараки (социјални), а опожарени биле и две возила кои биле паркирани покрај бараките.

Како што информира МВР, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.

Подготовки за промена на македонското знаме пред Собранието на Р.Макдонија

Ексклузивни фотографии од промената на знамето пред Собранието на Р. Македонија.  Од фотографиите според поственоста и однесувањето на гардистите, се гледа како и на кој начин треба да се почитуваат државните симболи. Знамето претставува симбол на слобода, право на определување и идентификација на еден народ или нација.

zname1

zname2

Директорот и учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп во работна посета во Романија

1

Во Романија поточно во градот Сату Маре, преку националната агенција за европски образовни програми и мобилност и програмата Erazmus + од училиштето СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп, на практично усовршување се ангажирани 20 ученици и две професорки. Активноста со наслов “Through practice to better skills” комплетно е финансирана од страна на националната агенција за европски програми и мобилност. По посетата од страна на Директорот Дејан Димоски, на лице место се остварени контакти со тамошните стопанственици од текстилната индустрија, кои ќе бидат домаќини на учениците од Прилеп. Директорот беше во посета на Фабриката за производство на машка горна конфекција“Dasim”, во која учениците ќе ја изведуваат практичната настава. Нашата делегација заедно со учениците беше примена и од Градоначалникот на Сату Маре Г-дин Dorel Coica.

2

Имав прилика да се уверам за условите кои ги имаат нашите ученици. Сместени се во хотел, со по три оброци дневно. Предпладне имаат активности во училиштето домаќин и просториите каде се изведува практичната настава, но и теоретски дел па и работа на компјутери, каде имаа можност да се запознаат со софтверот „ Gemini” кој се користи во текстилната индустрија. Романците се крајно љубезни и коректни и одговараат на сите наши потреби и барања за време на нашиот престој. По завршувањето на практичниот дел, учениците имаат работилници организирани во хотелот, но и забавни содржини, со што престојот им е поинтересен. Во наша чест беше организирана Романско-Македонска забавна вечер, каде учениците од двете држави се преставуваа со песни и традиционални игри од местата каде што потекнуваат, а се служеше и храна по рецепт на македонски традиционални јадења, каде во приготвувањето учествуваа и домаќините и гостите.

3

Учениците имаа можност да ја посетат локалната куглана, најновиот затворен аква парк “Aqua star”, да посетат кино престава, да играат фудбал против своите врсници од Романија. Ќе имаат прилика да ги посетат и околните градови, а до сега беа во преубавиот град Орадеа оддалечен 200 км од Сату Маре, каде се запознаа со културно историските знаменитости од овој град, како и замокот „Karolyi“ за кого слушнаа интересни приказни. Користам прилика да се заблагодарам и на националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Република Македонија, за укажаната можност за реализација на еден ваков мега проект за усовршување на практичната работа, рече на крајот Директорот Дејан Димоски.

4

5

6

7

8

9

10

 

Уште една лоша вест за пушачите

Дека пушењето е лошо по здравјето тоа е познато уште одамна, но сега научниците тврдат дека цигарите негативно влијаат и на помнењето.

cigara-zdravje500

Досега беше утврдено дека цигарите ги уништуваат белите дробови, срцето, тенот и може да дојде до тешки заболувања на рак, но дека сериозно го напаѓа и мозокот тоа досега не беше потврдено.

Истражувачите на Универзитетот во Единбург докажале дека постои директна врска меѓу пушењето и промената на мозокот.

 

ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА: Температурите паѓаат – еве што не чека

sneg.jpg-500

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и над 30 л/м2. Поради спуштање на постуден воздух на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, а ќе се формира и снежна покривка, особено во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Дневната температура ќе се движи од два до 10 степени

Во сабота претпладне ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а во недела ќе преовладува променливо облачно време, посвежо со слаб претежно северен ветер. Во деновите потоа утринските температури по некаде ќе бидат и под нулата, а дневните во постепен пораст.

Колку е опасно по здравјето ако најдете влакно во јадењето?

vlakna500

Секако дека е грозно кога ќе најдете влакно или некој инсект во храната.

Но, знате ли дали тоа е опасно по вашето здравје или не? Еве што велат експертите:

Кога ќе најдете влакно во вашиот оброк ви доаѓа да повратите. Не паничете, тоа не е така опасно како што си мислите, пишува „Popular Science“.

Експертите се изјаснуваат дека нема опасност од ширење на болести. Влакната се составени од протеин наречен кератин и не пренесува патогени.

1vlakna500

Ако пак најдете мува и тогаш не треба да се грижите премногу.

За нив се наведува дека не се штетни, а ако случајно ја изедете тоа за изненадување ќе има добро влијание за вашиот организам и тоа протеинско.

Реми за ЖРК Прилеп со екипата на Филота Аминдио од Грција

DSC01929

Пријателскиот натпревар кој се одигра денеска во салата во СОУ Ристе Ристески -Ричко, помеѓу екипите на ЖРК Прилеп и гостите од Грција, заврши со резултат 30:30 (17:15 на полувремето) . Ова беше натпревар на кој шанса им се даде на повеќе помлади ракометарки да ги покажат и тие своите капацитети и напредок. Пред околу 150 гледачи, прилепската екипа одигра еден релаксиран меч, но со многу добри проигрувања и атрактивно постигнати голови. Ивана Ѓорѓиоска беше вистински лидер на нашата екипа и во овој меч, и покажа зошто вреди да се верува во нејзината перспективна иднина. Тимот расте од меч во меч, напредува со игра и квалитет и веруваме дека ќе привлекуваат уште повеќе внимание, како на публиката, така и на потенцијалните спонзори.

DSC01941

DSC01926

DSC01930

DSC01934

DSC01937

DSC01938

DSC01939