дома блог страница 5000

За утро без мамурлак

mamurlak_naslovna-e1448891974962

После некоја чаша од омилениот алкохол, сите со задоволство би каснале нешто сочно поради што утрото ќе зажалиме. Меѓутоа, постојат и здрави опции кои можеме да ги консумираме и кои ќе го намалат мамурлакот наредното утро.

Банани

Ова овошје е богато со калиум, електрлит кој инаку се губи при пиењето алкохол.

mamurlak_1-640x371

Вегетаријанска пица

Иако пицата не се препорачува, имаме одлични вести за сите оние кои не можат да се воздржат! Јадете, но бидете паметни: нарачајте парче кое е полно со зеленчук.

Житарици

Содржат сложени јаглехидрати кои го апсорбираат алкохолот. Во нив исто така се наоѓа и витаминот Б кој помага во намалување на мамурлакот.

Палачинки

Палачинки или вафли – ваш избор. Причините се, повторно, јаглехидрати кои го апсорбираат алкохолот.

Овошје

Многу истражувања покажуваат дека мамурлакот ќе биде сведен на минимум кога фруктозата ќе ја замени изгубента глукоза. Овошјето дава енергија, а е многу примамливо на „мамурен стомак“.

Бразилски Дедо Мраз украл хеликоптер

Бразилската полиција трага по еден „Дедо Мраз“, кој ја започна сезоната на божиќен „шопинг“ со кражба на хеликоптер во Сао Паоло.

santa-clause-sleigh-helicopter500

Крадецот облечен во костим на Дедо Мраз во петокот вечерта земал под наем хеликоптер од една такси-служба на аеродромот „Кампо Марте“ во Сао Паоло, со образложение дека сака да го искористи за време „црниот петок“.

Но, како што соопшти полицијата, за време на летот „Дедо Мразот“ го принудил пилотот на хеликоптерот да слетаат на една мала фарма близу Сао Паоло, каде ги чекал негов соработник.

Двајцата измамници го оставиле пилотот врзан на фрамата и со хеликоптерот заминале во непознат правец.

По неколку часа пилотот успеал да се ослободи и за целиот настан ја информирал полицијата.

Потрагата по хеликоптерот и Дедо Мразот продолжува.

ВИДЕО: Секси одбојкарки со провокативен календар

odbojkarki500

Одбојка е спорт во кој не се вртат многу пари, а уште помалку во одбојка за жени.

Затоа една француска одбојкарска екипа се сетила да направи нешто креативно за да го наполни буџетот.

Веќе неколку години одбојкарките на Кан (Расинг Клуб де Кан) се фотографираат во провокативно издание кои што потоа ги продаваат како календари.

Овој рецепт се покажал како исклучително успешен и во однос на бизнис, но, исто така, како начин на рекламирање.

Бабa Ванѓа на смртна постела открила кој ќе ги наследи нејзините моќи

Како да гледа филм, видовитата Баба Ванѓа од Македонија раскажуваше иднина и не се плашеше од ништо.

vanga_thumb_medium500_279

Ваѓа како пишуваа за неа беше феномен на сегашноста и во исто време најголемата мистерија на вистината.

Ванѓа на смртната постела открила и дека ќе се врати : Едно видовито девојче, таа која ќе биде наследничката ќе живее во едно француско гратче. Чудо од дете на седум години. Руските медиуми неодамна пишуваат за девојче од Франција за кое нејзините родители немаат објаснување како точно и прецизно може да ја предвиди иднината.

-Секој пат до најситен детаљ таа ги претскажува настаните. Нејзиното семејство го криеше овој факт плашејќи се дека со откривање на нејзиниот идентитет таа ќе биде злоупотребена – пишуваат медиумите.

Малечкото девојче им раскажало на нејзините родители дека навечер ја посетувале духовите на починати луѓе кои и кажуваат што и кога ќе се случи. Иако никогаш не слушнала за Ванѓа, девојчето ја опишала Баба Ванѓа како една од „ноќните“ гости со кои комуницира.

ФОТО: Погледенете го одблизу лицето на претепаниот Кличко!

Британскиот боксер Тајсон Фјури му нанесе тешки повреди на Украинецот Владимир Кличко , во мечот за титулата светски шампион која на крајот и ја осови. Ова беше прв пораз на Кличко во рингот уште од 2004 година, а пред да влезе ворингор со мотивираниот Фјури имаше скор од 64 победи (53 со нокаут) во вкупно 67 борби.

klicko_1

klicko-2

klicko3

Одлична премиера на прилепскиот народен театар

1

Синоќа театарот ,,Војдан Чернодрински,, премиерно ја прикажа претставата ,,Ајнштајновите соништа,, од Алан Лајтман, во режија на Слободан Унковски. Публиката проследи една фантастична претстава со одлична режија, музика, костими и игра на актерите. Заслужено на крајот дојде и громогласниот аплауз.
Унковски, како што може еден мајстор на режија направи едноставна по својот излед, но многу силна безвременска претстава која говори за патувањето низ времето. При тоа режисерски покажа дека времето е релативно , има многу аспекти, многу различни светови, кои некогаш се движат наназад, некогаш одат напред, некои се вртат во круг, а понекош се водат паралелни животи.
Актерите Марија С. Илијеска, Наталија Теодосиева, Јасмина М. Станкоска, Катерина Ч.Клинческа, Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Игор Трпчески, Владимир Ѓорѓијоски, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Мартин Манев, Илија Волчески докажаа дека знаат да се справат со материјалот од текстот на Лајтман.
Надополнување на претставата беа одличната музика на Златко Ориѓански и костимите на на Розе Трајческа- Ристовска.Заслужен е и Русомир Богдановски како автор на драматизацијата.
Со комплетниот театарски чин повторно синоќа се потврди дека прилепскиот театар е еден од најдобрите во овој момент во земјата.
Претставата ,, Ајнштајновите соништа,, многу брзо премиерно ќе биде прикажана во театарот,, Навигатор Цветко,, во Скопје.

2

3

4

5

Ноќен Живот: Art Caffe & Virus – 28.11.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”86″ gal_title=”Ноќен Живот – 28.11.2015″]

Двајца прилепчани осомничени за „тешка кражба“ во стан во Аеродром

krazba500

СВР Скопје поднесе кривична пријава против прилепчаните К.В.(28) и Д.М.(24) осомничени за „тешка кражба“ во општина Аеродром, во која стекнале противправна имотна корист од околу 60.000 денари. Во претходна постапка на првопријавениот од судија му е одредена мерка притвор осум дена, а второпријавениот е во бегство.

Пријавените на 17-ти месецов околу 15 часот извршиле тешка кражба во стан на булевар „Јане Сандански“, на прв кат во зграда, во кој влегле од влезната врата. Со тврд предмет ја оштетиле видеокамерата поставена на влезната врата од соседниот стан, но таа продолжила да снима.

Во станот, во кој немало никој, влегле со подесен клуч (калауз) и по пребарувањето пронашле и украле златни пари и накит, евра и бугарски левови, по што незабележано го напуштиле станот во непознат правец.

Снимките од видеозаписот на безбедносната камера на влезната врата од соседниот стан полицијата ги споредила со фотографии од евиденции на МВР при што е утврдено дека се работи за познати сторители на вакви кривични дела.

К.В. на 24 ноември бил пронајден и приведен во Битола, а второпријавениот е се уште во бегство.

– При приведувањето кај пријавениот пронајдени се осум банкноти од по 50 евера и еден мобилен телефон, кои со потврда се одземени и за кои постои можност дека дел се пари кои се украдени од станот, а останатите дека потекнуваат од продажбата на златните предмети. Врз основа на претходно издадена наредба од страна на судија на претходна постапка извршен е претрес во домот (во Прилеп) на првопријавениот и при тоа не се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела, соопшти МВР.

Пријавениот К.В. негирал дека го извршил кривичното дело и кажал дека во Скопје последен пат бил пред околу 10 месеци.

– Пријавените се претходно познати извршители на кривични дела од областа на имотните деликти, како и кривични дела против здравјето на луѓето за што на К.В. поднесени му се пет кривични пријави и на Д.М. поднесени му се три кривични пријави, наведува МВР.

Идната недела нè очекува топло време

sontse-vo-esen500

УХМР информира дека од понеделник ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, а преку денот температурите ќе бидат во постепен пораст.

Кон средината на наредната недела се очекува повторно затоплување, односно релативно топло време за овој период од годината.

Времето денес е променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен северен ветер. Во западните планински предели ќе продолжи да проврнува слаб локален снег, додека на пониските места има локален слаб дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат

Пад на курсот на еврото

Курсот на еврото на светските девизни берзи неделава ја заврши на ниво од под 1,06 долари, што е претставува најниска вредност на европската во однос на американската валута во последниве седум месеци.

euro-dollaro500

Во очекување на одлуката на американката Управа на федералните рерзеви (Фед) за зголемување на основната каматна стапка и на Европската централна банка (ЕЦБ) за олабавување на монетраната политика, едно евро на светските берзи сега вреди 1,0590 долари, со што од почеток на неделава вредноста на заедничката европска валута се намали за 0,5 отсто.

И во однос на јапонската национална валута, еврото од почетокот на неделава ослабе за 0,5 процнети и сега чини 130,95 јени.

Од друга страна вредноста на доларот во однос на јенот остана непромената на ниво од 122,80 јапонски за една американска валута.

Растот на вредноста на доларот во однос на еврото, според аналитичарите, се должи на серијата нови податоци кои укажуваат на стабилен раст на американската економија.

Дополнителен импулс за јакнење на доларот се и најавите дека најверојатно во текот на декември Фед, првпат по 2006 година, ќе ја зголеми основната каматна стапка.

Од друга страна еврото е под притисок на очекувањата од седницата на Управниот совет на ЕЦБ, што ќе се одржи следната недела, на која се очекува да биде донесена одлука за дополнително олабавување на монетарната политика.