дома блог страница 5

Апарати за домаќинство што никогаш не треба да ги вклучувате во продолжен кабел

Продолжни кабли се наоѓаат во речиси секое домаќинство, но нивната неправилна употреба може да претставува сериозна опасност од пожар.

Експертот за енергетска ефикасност, Гордон Волис, од Your NRG, предупредува дека апаратите со голема моќност никогаш не треба да се вклучуваат во продолжни кабли, без оглед на практичноста.

-Продолжните кабли имаат свое место во домот, но важно е да се разберат нивните ограничувања. Тие се дизајнирани за привремена употреба со мала потрошувачка на енергија, а не како трајно решение за работа на тешки апарати. Нивната злоупотреба не само што може да доведе до енергетска неефикасност, туку може да претставува и сериозен ризик од пожар, рече тој.

Меѓу уредите што никогаш не треба да ги поврзувате со продолжни кабли се малите кујнски апарати како што се фритези и микробранови печки, но и поголемите апарати за домаќинство како што се машини за перење и фрижидери. Сите тие бараат значителна количина на енергија.

-Поврзувањето на овие уреди со продолжен кабел може да го преоптовари струјното коло, да предизвика прегревање, а во некои случаи и искри или пожари. Од гледна точка на одржливост, исто така губите енергија поради неефикасност во испораката на енергија, предупредува експертот.

Уште поризична практика е вклучувањето на еден продолжен кабел во друг. Валис нагласува дека ова драматично ја зголемува можноста за преоптоварување.

-Можеби изгледа безопасно да се врзуваат продолжни кабли или да се користат за напојување на фрижидер или замрзнувач, но тоа е една од најопасните навики во домот. Овие апарати се вклучуваат и исклучуваат во текот на денот, создавајќи ненадејни пренапони што многу продолжни кабли едноставно не можат да ги поднесат, додаде тој.

Ако домот нема штекер на местото кое ви одговара, Валис советува да се бара трајно и енергетски поефикасно решение.

-Ако се потпирате на продолжни кабли затоа што немате доволно штекери, побезбедно и поодржливо решение е да се консултирате со квалификуван електричар за да инсталира дополнителни штекери“, рече тој.

Според него, тоа е мала инвестиција што може значително да го намали ризикот од пожар и да ја подобри енергетската ефикасност на домот.

Важно известување: Водата од овие чешми во регионот на Прилеп не е за пиење

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата во:

– Лок. в.с. Ерековци (Кочоски Пецо),

– Лок.в.с Ореовец (јавна чешма сред село),

– Лок.в.с Беловодица (двор),

– Плетвар (крајпатна Че)

– Лок.в.с Плетвар (јавна чешма) не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути.

Водата во Лок. в.с. Канатларци (бензинска) одговара за употреба.

Македонскиот гладијатор Гого Славески го реши противникот за 94 и стигна до седмата победа во бокс со голи раце(ВИДЕО)

Македонскиот борец Горјан Гого Славески ја оствари својата седма победа во БКФЦ (Бокс со голи раце).

Тој го совлада Џа Фар Форт уште во првата рунда со технички нокаут. Победата беше запишана по само една минута и 34 секунди, што уште еднаш ја потврди доминацијата на Македонецот.

Славески агресивно ја започна борбата, веднаш нападна и судијата четирипати ја стопираше рундата пред да одлучи дека Форт не може да продолжи.

Со оваа импресивна партија, Славески сега има вкупно осум борби, од кои седум победи и еден пораз, а како поранешен шампион повторно се наметнува како сериозен кандидат за титулата.

Баба заврши на суд: Добила тужба од ќерката поради фотографии на Фејсбук

Баба од Данска е осудена на условна затворска казна откако нејзината ќерка пријавила во полиција дека објавила фотографии од породувањето на социјалните мрежи без дозвола.

Се работи за фотографии на кои се гледа не само новороденчето, туку и мајката за време на самото породување, кои првпат се појавија на Фејсбук во ноември, а повторно неколку години подоцна, кога детето веќе било во прво одделение.

Мајката била шокирана кога видела објави со натпис „Моето прво внуче“ бидејќи никогаш не очекувала дека приватните моменти од породилната сала ќе завршат јавно.

Според данската ТВ 2, бабата го снимала породувањето додека била во породилната сала, и објавила четири фотографии на интернет без согласност на нејзината ќерка. Откако мајката побарала отстранување на содржината, фотографиите биле отстранети, пишува Дејли Меил.

Но, кога бабата дознала дека пријавата може да доведе до кривична постапка, ги објавила повторно истите фотографии, по што нејзината ќерка поднела официјална пријава до полицијата за нарушување на приватноста.

Случајот потоа стигна до Окружниот суд во Оденсе, каде што бабата, иако не присуствуваше на судењето, беше осудена на 14 дена затвор условно. Покрај тоа, ѝ беше наредено да ѝ исплати на ќерка си околу 1.200 евра отштета.

Ова не е прв ваков случај во Европа. Во 2020 година, холандски суд пресуди против баба која објави фотографии од своите внуци без дозвола од родителите. Во двата случаи, судовите заклучија дека фотографиите биле објавени на поширока публика и дека тие претставуваат повреда на приватноста на децата и родителите.

Создадете бајковити моменти: “Фан продукција” на Оливер Ангелески ве очекува во досега најубаво уреден и украсен простор (Фото галерија)

Празниците носат моменти што вредат да се зачуваат — топлина, смеа и време поминато со оние што ни значат најмногу. Нека оваа Нова година остане запаметена со професионални фотографии кои ја доловуваат вашата семејна магија, а каде е најдобро да го направите тоа ако не во “ФАН ПРОДУКЦИЈА” на Оливер Ангелески.

Таму веќе започна новогодишната магија, а Дедо Мраз е тука и ве очекува во досега најубаво уреден и украсен простор, за фотографии кои оставаат без здив и остануваат како вечен спомен.

Цената на фотосесија е 1.200 ден., а тука добивате 5 фотографии 13X18 и сите останати фотографии во дигитална форма.

Закажете уште денеска на тел.бр. 070 371 988

Нека оваа Нова година почне со насмевки, блескави детали и фотографии што ја раскажуваат вашата празнична приказна. Добредојдовте во студиото каде секој момент станува бајка.

Седница на Советот на општина Прилеп: Започнува постапката за избор на нови членови на управните одбори во Јавните претпријатија

Денеска, 09.12. со почеток во 9:00 часот, во големата сала на Општина Прилеп ќе се одржи 4-та седница на Советот на Општина Прилеп, согласно решението на претседателката на Советот, д-р Билјана Кржеска.

На дневниот ред се над 30 точки по кои ќе одлучуваат советниците:

1. Предлог-Одлука за измена на рапоредот на средствата на Буџетот на Општина ЕЛС Општина Прилеп, за 2025 година.
2. Предлог-Одлука за давање согласност за користење на името ,,Прилеп” при основање на здружението ,,Прилеп Фиш Прилеп”.
3. Предлог-Одлука за висината на превозот на учениците во општинските основни и средни училишта за релациите каде нема обезбедено линиски превоз, за учебната 2025/2026 година.
4. Предлог-Програма за измена и дополнување на програматa за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Прилеп.
5. Предлог-Одлука за донесување на урбанистички проект со план за парцелација за ГП 279, 280, 281, 282, 285, 286, 287, 288, од ДУП за УАЕ бр.11-дел, КО Прилеп, Општина Прилеп
6. Предлог-Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член во управен одбор на ЈКП,,Водовод и канализација“-Прилеп.
7. Предлог-Решение за формирање на Комисија за селекција по Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во управен одбор на ЈКП ,,Водовод и канализација“-Прилеп.
8. Предлог-Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП ,,Водовод и канализација“-Прилеп.
9. Предлог-Решение за формирање на Комисија за селекција по Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП ,,Водовод и канализација“-Прилеп.
10. Предлог-Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член во управен одбор на ЈКП,,Пазари“-Прилеп.
11. Предлог-Решение за формирање на Комисија за селекција по Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во управен одбор на ЈКП,,Пазари“-Прилеп.
12. Предлог-Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП,,Пазари“-Прилеп.
13. Предлог-Решение за формирање на Комисија за селекција по Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП,,Пазари“-Прилеп.
14. Предлог-Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член во управен одбор на ЈКП ,,Комуналец“-Прилеп.
15. Предлог-Решение за формирање на Комисија за селекција по Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во управен одбор на ЈКП ,,Комуналец“-Прилеп.
16. Предлог-Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец“-Прилеп.
17. Предлог-Решение за формирање на Комисија за селекција по Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец“-Прилеп.
18. Предлог-Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член во управен одбор на ЈП за ПУП-Прилеп.
19. Предлог-Решение за формирање на Комисија за селекција по Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во управен одбор на ЈП за ПУП-Прилеп.
20. Предлог-Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП за ПУП-Прилеп.
21. Предлог-Решение за формирање на Комисија за селекција по Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП за ПУП-Прилеп.
22. Предлог-Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член во управен одбор на Јавно претпријатие за енергетски дејности “Енерго-Прилеп“ Прилеп
23. Предлог-Решение за формирање на Комисија за селекција по Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во управен одбор на Јавно претпријатие за енергетски дејности “Енерго-Прилеп“ Прилеп
24. Предлог-Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие за енергетски дејности “Енерго-Прилеп“ Прилеп
25. Предлог-Решение за формирање на Комисија за селекција по Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие за енергетски дејности “Енерго-Прилеп“ Прилеп
26. Предлог-Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член во управен одбор на ЈСП „Прилеп” Прилеп
27. Предлог-Решение за формирање на Комисија за селекција по Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во управен одбор на ЈСП „Прилеп” Прилеп
28. Предлог-Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈСП „Прилеп” Прилеп
29. Предлог-Решение за формирање на Комисија за селекција по Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈСП „Прилеп” Прилеп
30. Предлог-Решение за именување членови-претставници на основачот во Управниот одбор на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ – Прилеп.
31. Предлог-Решение за именување членови во органот за надзор на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ – Прилеп
32. Предлог-Решение за именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на ООУ,,Блаже Конески”- Прилеп.
33. Предлог-Решение за именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на ООУ,,Гоце Делчев”- Прилеп.
34. Предлог-Решение за именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на ООУ “Кирил и Методиј“с.Канатларци.
35. Предлог-Решение за именување претставници на Општина Прилеп во Училишниот одбор на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.
36. Предлог-Решение за именување претставници на Општина Прилеп во Училишниот одбор на СОУ ,,Ристе Ристески-Ричко“,,-Прилеп.
37. Предлог-Решение за именување претставници на Општина Прилеп во Училишниот одбор на СОЕПТУ “ Кузман Јосифоски-Питу“,,-Прилеп.

Честита и вековита слава на сите кои празнуваат: Го празнуваме Светиот великомаченик Георгиј

Православните верници денеска, на 9 декември, го празнуваат посен свети Ѓорѓија.

Овој ден, освен како семејна слава, се празнува и како именден и како слава на цели села и градови.

Свети великомаченик Георгиј

На овој ден се празнува осветувањето на црквата посветена на свети Георгиј Победоносец во Киев. Кај руските кнезови, почнувајќи од рамноапостолниот кнез Владимир, постоел благочестив обичај да основаат цркви во чест на своите ангели чувари, т.е. на светителите чии имиња ги носеле или биле нивни закрилници.

Така, рамноапостолниот Владимир, во светото Крштение Василиј, изградил во Киев и Вишегород цркви во чест на светиот Василиј Велики; кнезот Изјаслав Први (1054 – 1068), во крштение Димитриј, изградил во Киев храм и манастир во името на светиот великомаченик Димитриј (се слави на 26 октомври/8 ноември); кнезот Јарослав Мудри (1019 – 1054), во светото крштение Георгиј, положил темели на црквата и на машкиот манастир во чест на својот светител закрилник, светиот Георгиј (се слави на 23 април/6 мај), а исто така изградил храм и во името на маченичката Ирина (се слави на 5/18 мај), закрилничката на неговата сопруга.

Црквата во чест на светиот великомаченик Георгиј се наоѓала пред вратите на Света Софија (Киевска), на неговата изградба кнезот Јарослав потрошил многу средства, а во изградбата на храмот учествувале голем број градители. На 26 ноември/9 декември црквата била осветена од страна на архиерејот Иларион, Митрополитот Киевски (се слави на 21 октомври), и било востановено секоја година на овој ден да се празнува овој голем настан. По молитвите на свети Георгиј Победоносец, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј не и спаси не. Амин!

Вишнемаалци утре ќе го прослават големиот христијански празник Св. Ѓорѓија кај маалскиот параклис, кој доби покрив во форма на крст (ФОТО)

Како и секоја година, и оваа, жителите на населбата “Вишне” од Прилеп, одново ќе се соберат околу маалскиот параклис посветен на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносецоносец и ќе го одбележат големиот христијански празник.

Секоја година за овој ден, голем број жители од оваа населба, но и од целиот град доаѓаат и заедно празнуваат.

Така ќе биде и утре на празникот, а оваа година параклисот е подновен со покрив во форма на крст. Покривот е дело на ентузијасти од иницијативниот одбор, кои со овој потег му дадоа нов лик на ова осветено место и секако го заштитија од природните непогоди.

Секоја чест!

Срце како планина! 7-години Дарио од Прилеп ја растеше косата, а сега ја скрати и ќе ја донира за благородна цел

Дарио Стојаноски  е 7-годишно момче од Прилеп кое со неговиот голем и хуман потег покажа дека детското срце е најчисто и секогаш исполнето со голема љубов.

Малата Дарио е поголем од секој возрасен човек и е вистински светол пример дека во ова општество на поделби, се’ уште има верба и добрина која треба сите да ја следиме.

Дарио решил да ја скрати неговата коса која ја растел цели седум години, и да ја донира до холандската организација “Haarwensen”, која изработува перики за деца болни од paк.

Со поддршка од семејството за големиот хуман гест, Дарио ја скратил косата и ја сплетил во плетенка, а сега истата патува до Холандија.

Тој е многу среќен  што со својот потег ќе израдува некое детско срце. Се надева дека неговиот пример ќе биде поттик и за  други деца да ги растат косите и да ги донираат на оние на кои им е најпотребно.

Браво Дарио! Твоите родители има со што да се гордеат!

Десетто јубилејно издание на Интернационалниот филмски фестивал „Винтер Априкост“ во Прилеп

Во културна средина често фокусирана околу главниот град, Интернационалниот филмски фестивал „Винтер Априкост“ во Прилеп, претставува редок и значаен пример за тоа како уметноста може да создаде нови гравитациски точки во внатрешноста на државата. Основан со јасна визија – да му ја врати на Прилеп и неговата публика навиката на активно културно живеење – Фестивалот денес е препознаен како најпосветениот македонски концептуален простор на краткиот филм, и меѓу ретките што успеваат да изградат препознатлив интернационален идентитет. Од своите почетоци, Winter Apricots го застапува ставот дека краткиот филм не е „мал филм“, туку комплетна кинематографска форма со авторски интегритет. Со отворање кон сите жанрови и естетики, Фестивалот станува место каде што авторите ја користат кондензираната форма за да создадат силни и прецизно артикулирани визуелни идеи.

Во годините зад себе, Фестивалот селектирал филмови од пет континенти, создавајќи програма што ја следи современата краткометражна продукција и нејзините нови јазични и тематски насоки. Со тоа, Winter Apricots ја исполнува својата примарна мисија за поддршка на авторското размислување, да промовира нови перспективи и да создаде сцена што ја поттикнува сензибилноста на младата филмска публика.

Фестивалот е организиран во три натпреварувачки целини – Интернационална, Балканска и Македонска селекција – со јасно дефинирани критериуми за уметничка и техничка извонредност. Наградите за најдобар филм, концепт, кинематографија, звук како и наградата на публиката во македонската селекција, создаваат рамка во која кандидатите добиваат професионална видливост и влез на пошироки европски и светски фестивали.

Вградувајќи ги постојано меѓународните стандарди во локалниот контекст, Winter Apricots создава од/во Прилеп регионална точка на современа култура, нешто што во македонскиот културен простор е вистинскареткост. Така, Кајсиите имаат суштинско значење за културниот развој на Прилеп, град кој долги години немаше континуирани уметнички платформи со меѓународен досег.

Една од највпечатливите вредности на Winter Apricots е неговата скромна, интимна, но исклучително внимателна организација. Овој модел — неагресивен, ненаметлив, но со длабока уметничка посветеност — е препознатлив и во селекцијата на филмовите, и во комуникацијата со публиката, и во неговиот визуелен идентитет. Фестивалот, растејќи веќе 10 години, никогаш не го напушти она што го прави посебен: искрената верба дека културата може да се гради од љубов, од упорност и од заедништво. Во време кога сликите се конзумираат пребрзо, а вниманието се дроби, овој фестивал нуди простор за фокус, за размислување и за уметничка прецизност. Неговото постоење во Прилеп покажува дека уметноста е одржлива, потребна и длабоко трансформативна — без разлика каде се случува.

Јубилејното 10-то издание, кое ќе се одржи во кино „Мис Стон“ и во просториите на НУЦК „Марко Цепенков“, од 10 до 13 ти декември, потврдува дека Winter Apricots одамна ја надмина улогата на класичен филмски фестивал. Најавената програма опфаќа: фотографски изложби, промоции на книги и трибини, концерти и музички перформанси, програма на танцови филмови што традиционално го отвора фестивалот (во соработка со Augenblick колективот), како и специфични хибридни формати на уметничка соработка. Вака организиран, фестивалот функционира како интердисциплинарен културен мост, создавајќи средина каде што филмот, литературата, музиката и визуелната уметност не се паралелни патеки, туку точки на пресек.

Овогодишното интернационало жири го сочинуваат тројца истакнати професионалци чија работа опфаќа значајни достигнувања во полето на филмот и визуелните уметности. Мартина Аригони, филмска режисерка, сценаристка и уметница од Милано, се истакнува со својата комбинирана практика во режија, монтажа, фотографија и критичко пишување, со учество на реномирани европски фестивали и развој на филмски проекти поддржани од водечки институции. Јелена Иванчевиќ, сценографка и дизајнерка на сет, делува во рамките на филмската и театарската продукција во Црна Гора и Србија, со значаен опус во независната и ангажираната уметност, како и учество на престижни архитектонски и сценографски платформи, вклучително и Венециското биенале. Георги М. Унковски, автор со интернационално признание и силно присуство на македонската филмска сцена, чиј најнов долгометражен филм „Диџеј Ахмед“ е наградуван на фестивали ширум светот.

Ова издание на фестивалот за првпат се отвора со изложба – внимателно избрана колекција на аналогни фотографии од Јордан Звездоски. Преку интимни визури од руралната околина на Прилеп, авторот ги претвора секојдневните сцени во визуелни фрагменти исполнети со меморија, балансирајќи помеѓу минатото и современиот ритам

Литературната компонента е застапена преку промоции на книги и трибини, вклучувајќи ја книгата „Годините“ на нобеловката Ани Ерно, во присуство на издавачката Катерина Шекутковска (Илика) и преведувачката Андријана Папиќ Манчева, „Калиграфи на филмското писмо“ од Влатко Галевски, како и трибината „Синелитера“, посветена на пресекот меѓу филмот и литературата и на нивниот дијалог во современиот културен контекст.

Филмската програма, поделена на Македонска, Балканска и Интернационална селекција, прикажува краткометражни дела кои ја истражуваат современата визуелна естетика, наративната концентрација и темите на современиот свет. Селектираните дела се одбрани од 760 пријавени филмови од 77 држави. Танцовите филмови традиционално го отвораат фестивалот, додавајќи динамика и експериментален визуелен израз.

Музичката програма вклучува настап на Мухамед Ибрахими, мултиинструменталист кој ја спојува ориенталната музика, балканскиот фолклор и современите стилови, создавајќи храбра и неочекувана атмосфера, како и футуристичкиот аудиовизуелен проект ИСКРА, кој преку синт-звуци и интригантни анимации ја потопува публиката во хипнотизирачки свет на футуристичко Скопје.

Со ова, 10-то издание на Winter Apricots ја потврдува својата улога како интегриран културен настан, кој ја спојува кинематографијата, музиката, литературата, танцот и визуелната уметност, создавајќи мултисензорен дијалог и збогатувајќи го културниот живот на Прилеп и на Македонија.

*напишано од тимот на Winter Apricots

ПРОГРАМА НА WINTER APRICOTS 2025

СРЕДА 10, СЦЕНА 105, НУЦК „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“

18:30 – 19:30
„НЕУРБАНИЗИРАНИ АРТЕФАКТИ“, ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД ЈОРДАН ЗВЕЗДОСКИ

20:00 – 21:30
„ГОДИНИТЕ“ ОД АНИ ЕРНО, ПРОМОЦИЈА НА КНИГА

ЧЕТВРТОК 11, КИНО МИС СТОН

19:00 – 20:00
„STORIES WE DANCE“, ПРОЕКЦИЈА НА ТАНЦОВИ ФИЛМОВИ

21:00 – 22:30
КОНЦЕРТ НА МУХАМЕД ИБРАХИМИ, ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ
ПЕТОК 12, КИНО МИС СТОН

18:00 – 20:00
БАЛКАНСКА СЕЛЕКЦИЈА, НАТПРЕВАРУВАЧКА ПРОГРАМА

20:30 – 22:30
ИНТЕРНАЦИОНАЛНА СЕЛЕКЦИЈА I, НАТПРЕВАРУВАЧКА ПРОГРАМА

САБОТА 13, КИНО МИС СТОН

12:00 – 15:00

„КАЛИГРАФИ НА ФИЛМСКОТО ПИСМО“ ОД ВЛАТКО ГАЛЕВСКИ, ПРОМОЦИЈА НА КНИГА И ТРИБИНА

18:00 – 19:30
НАЦИОНАЛНА СЕЛЕКЦИЈА, НАТПРЕВАРУВАЧКА ПРОГРАМА

20:00 – 22:00
ИНТЕРНАЦИОНАЛНА СЕЛЕКЦИЈА II, НАТПРЕВАРУВАЧКА ПРОГРАМА

22:30 – 00:00
КОНЦЕРТ НА ИСКРА, ЗАТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ