дома блог страница 4998

РУСИЈА НОСИ ВОЈСКА НА ГРАНИЦАТА СО ТУРЦИЈА: Турција разместува тенкови на границата со Сирија!

Војската на Руската Федерација распоредила неколку илијади војници (58.армија) на Ерменско-турската граница. Според неименувани извори, кои се поврзани со руското Министерство за одбрана, пристигна информација дека претседателот на РФ Владимир Путин, во консултации со Генераштабот на војската на Руската федерација одлуката ја донел за итно разместување на единиците на елитната 58.армија на границата Ерменија – Турција.

Во овој момент на границата со Турција се распоредени одбрани мотострелачки состави на оваа армија, опремени со најсовремено вооружување и воена опрема, и засилен систем за против-воздушна одбрана, повеќецевни ракетни фрлачи и анти-тенковски средства. Вкупната бројност на ангажираните сили, кои се наоѓаат во режим на зголемена борбена готовност се проценува на околу 7,000 војници и офицери.

Целта на оваа борбена група е да ги штити елементите за ПВО С-400 како и напредниот комплекс ПЕБ “Красуха-4″. Според тврдењата на воени експерти, во координација со ракетниот полк С-400 распореден во Сирија, Руската Федерација ефективно ќе го контролира 85% од турскиот воздушен простор! Ударните елемените на 58.армија во Грузија на војската на Руската Федерација, претставува оперативна група на здружени сили која е задолжена за одбрана на јужните граници на Руската Федерација со посебен акцент на Кавказ. Брои нешто повеќе од 70.000 војници, а во нејзиниот арсенал се наоѓаат преку 600 тенкови, повеќе од 2.000 оклопни транспортери и неколку иијади единици на ракетни фрлачи и топови.

Единицата се состои од високо-квалитетни и исклучително мотивирани припадници, а има и исклучително богато воено искуство. Спаѓа во категоријата на елитни состави во Руската Армија.

Прилепската саат кула, симболот на Прилеп

DSC01878

Саат кулата во Прилеп преставува споменик на културата. Градена е во периодот 1825/1826 година. Подигната од Саид-Ага и е  висока околу 40 м, а заедно со столбовите и конусот на врвот достига до 55 м. Ја изградил познатиот прилепски градител Перо Лауц. Реновирана во 1836/37 и 1896/97 година, а во меѓувреме бил поставен часовник во 1858 година. Во долниот дел, на спротивната страна од влезот, има чешма. На едната страна има натпис  на кој пишува:

„ Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика …„Ах…” “

DSC01892

Познати по своето шегобијство, Прилепчани саат-кулата често ја нарекуваат со името Прчикур, симболизирајќи машкост и исправеност.

Во однос на материјалот од којшто е изградена кулата и во однос на конструктивниот систем, Саат кулата е поделена на два дела: масивен дел од камен и скелетен дел од дрвена конструкција.

DSC01880

Саат кулата во Прилеп е постара за една година од прочуениот Биг- Бен часовник во Лондон.

DSC01883

Интересен податок за Саат кулата во Прилеп е тоа што таа има инклинација (накривување) од 1,16 м., и затоа ја нарекуваат уште и кривата кула во Прилеп.

Во 2013г. после 30 години , Градскиот саат започна одново да го покажува и времето, отчукувајќи на секој час и потсетувајќи ги сите посетители на чаршијата за точноста на времето. Извршена е повторна санација за да се спречи понатамошното накривување на кулата и задршана е нејзината автентичност.

Просторот околу саатот е партерно уреден и осовремен, проширен и разубавен.

DSC01894

DSC01895

DSC01882

DSC01885

Прилепскиот споменик и паметник на времето, живее и сведочи за секакви времиња и невремиња. Прилепчани се горди на него и раскажуваат на секој добронамерник и посетител за неговата историја.

DSC01890

DSC01887

Пет природни лекови против болка и тегоби

glavobolka500

Рузмарин, против кашлица

Чајот, лимонот и медот се важно трио во борбата против настинката. Меѓутоа, ако ве боли грлото и ве мачи неуморна кашлица треба да загреете обична вода во која ќе додадете две до три капки есенцијално масло од рузмарин.

Ментол, против затнати синуси

Доколку имате проблем со запушени синуси, а особено во текот на зимските месеци снабдете влажнувачи на просторот. Овие апарати додаваат влага во топол и сув загреан простор и така ги спасуваат вашите дишни патишта.

Запушените синуси од друга страна можат да се излекуваат со гелови на база на ментол, со кои можете да го намачкате предниот дел од градите, или пределот под носот.

Лаванда, против главоболка

Чувствувате ли почеток на главоболка – вдишувањето на миризбата на масло од лаванда ги опушта рамената и мускулите и ја намалува болката.

Јога – против несоница

Една американска студија покажала дека секојдневното изведување јога ја намалува несоницата. За време на истражувањето испитаниците заспивале 10 минути порано и спиеле еден час подолго.

Мраз, против воспаление на мускулите

Во некои слуаи наједноставните рецепти против болка се најдоброто решение.

За да ја спречите силната болка во мускулите по напорното вежбање, еден американски лекар препорачува ладни облоги на воспалените мускули.

Инаку, против зимската депресија можете да се борите со куркумата. Индијците спровеле големо истражување кое покажало дека овој ароматичен азијски зачин видно го подобрува расположението кај оние кои редовно го конзумираат, како и тоа дека има слично делување како некои медицински антидепресиви.

Најпривлечни имиња на светот – на прво место најчестото македонско

model500

Иако личното име не го опишува вашиот карактер, тоа може да му звучи привлечно, секси и заводливо на оној што првпат ве запознава. Според истражувањето спроведено на светско ниво, некои имиња на повеќето им звучат привлечно.

Од собраните резултатати на анкетата спроведена меѓу повеќе од илјада лица, добиени се по десет ашки и женски имиња кои најчесто се спомнувале. Најчесто за привлечни биле издвојувани имињата со италијански корени, посебно за машките имиња, но и нивните варијации кои може да се сретнат и во Македонија.

Таков е и примерот со Александар (Алесандро), име кое е најчесто кај нас, но и име кое се смета за најпривлечно.

Toп 10 најпривлечни женски имиња:

1. Скарлет

2. Николет

3. Наталија

4. Aнаис

5. Паулина

6. Aлександра, Aлесандрa

7. Шанел

8. Сораја

9. Адријана

10. Џулијана, Јулијана

Toп 10 најпривлечни машки имиња:

1. Александар, Алесандро

2. Лоренцо

3. Ромео

4. Maтeo

5. Димитри

6. Дејн

7. Марчело

8. Данте

9. Maрк, Maрко

10. Реми

Претседателот на Мавританија го прекинал фудбалскиот Суперкуп

Имено, како што пренесува “Газета”, претседателот на државата Мохамед Оулд Абдел Азиз во 63-та минута, при резултат 1:1 наредил да се прекине натпреварот бидејќи му било здодевно.

Тој побарал од судијата мечот да биде решен преку изведување на пенали, а главниот арбитер морал да ја послуша наредбата, по што им објаснил на играчите дека мора и тие да се однесуваат онака како што бара шефот на државата.

По изведувањето на пенали трофејот го освои тимот на Тевраг Зеина.

Промоција на традиционално турско кафе и „Проекција на турски филм“

IMG_5713

Сношти во просториите на кино салата „Мис Стон“, Институтот „Јунус Емре“ од Скопје и Општина Прилеп го организираа настанот “Промовирање на традиционално турско кафе” и „Проекција на турски филм“.

IMG_5724

IMG_5710

IMG_5712

На отварањето на програмата посветена за промовирање на традиционално турско кафе и проекција на турски филм, поздравен говор имаа: директорот на институтот „Јунус Емре“ од Скопје доц. др. Мехмет Самсакчи и градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Марјан Ристески.

IMG_5771

IMG_5733

IMG_5761

IMG_5770

Гостите, имаат можност да проследат промотивен видео материјал за Институтот Јунус Емре, потоа млaди девојки облечени во традиционална турска женска носија презентираат како се приготвува традиционално турско кафе.
По презентацијата на традиционалното турско кафе, љубителите на филмската уметност имаа можност да го проследат турскиот филм со наслов “Љубовта ги сака случајностите”.

IMG_5801

IMG_5780

IMG_5791

Eкономските односи помеѓу Македонија и Франција пред студентите на Економски факултет

IMGL3164

На 30-ти ноември 2015 год. Амбасадорот на Франција во Р.Македонија нејзината екселенција Лоренс Оер одржа предавање на тема: Економските односи меѓу Р.Македонија и Франција. Овој настан беше организиран по повод одбележувањето на 55 год. од постоењето на Економски факултет – Прилеп. Предавањето наиде на голем одзив кај студентите и професорите во факултетот и претставуваше несекојдневна можност да се слушнат размислувањата на еден искусен дипломат.

Untitled_Panorama1

IMGL3134

IMGL3137

IMGL3157

IMGL3158

IMGL3166

IMGL3171

ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ: Аркан е жив

arkan

Најголемиот воен злосторник е се уште жив, пишуваат српските портали.

Аркан откако е покренато Хашкото обвинение за воени злостроства умре под многу сомнителни околности. Неговата „смрт“ се уште не е разрешена, а можеби и нема потреба, зошто како да се утврди нечија смрт ако тоа лице воопшто не е мртво, туку ужива во слободата. Како е можно тоа? Аркан е еден од најголемите криминалци на Балканот, и можеби затоа српскиот државен врв молчи./ Едно е сигурно дека има многу сомнителни околности во кои се вплеткани повеќе лица со единствена цел да го скријат.

Инаку индиции дека Аркан е жив покажа неговиот син Вељко. „Мојот татко е жив и здрав и ми испрати подарок“, изјави Вељко. Тоа предизвика бурни реакција како во Србија така и во соседните земји поради поврзувањето на Аркан со воени злосторства при распадот на Југославија. Дали Аркан е толку паметен да ја лажира својата смрт за сега да ужива во слободата, дали направил повеќе пластични операции на лицето, и дали сите овие години е покрај својата сопруга и децата во улога на телохранител? Можно е.

Се поставува и прашањето зошто Цеца сите овие години не се омажи повторно и зошто немаше некоја сериозна врска. Која е причината, дали толку го сакаше Аркан па одлучи да му биде верна до смрт, или пак навистина не можела да размилува за врска зошто покрај себе го имала Аркан?

Аркан е жив и за него молчи државниот врв на Србија како и неговото семејство.

Исто така, Цеца постојано објавува фотографии од одмор, а никогаш не покажува кое машко е покрај неа. Дали тоа можеби е Аркан?

Останува мистерија, зошто ако излезе поинаку, Аркан го чека долга робија за злосторствата.

На Тито му вперувале пиштол да се разведе од Јованка

josip-broz-tito-jovanka-broz-1370475881-321541-520x279

Полтроните на Тито постојано му ја прикажувале ситуацијата во земјата не онаква каква што е туку таква за да можат што подолго да останат во своите фотелји. „А јас не бев таква. Ако нешто не беше како што треба јас морав да го кажам тоа бидејќи се работеше за народот а не за поединци. Морав да ја кажам вистината. Тоа е чесно“.

Во биографијата на Јованка Броз таа пишува дека ја ставиле надвор од законот и дека никој не ја есапел за жива. Јованка во биографијата напишала дека „неврзаните“ биле нејзина идеја. Идејата им ја изнела на Тито и на Нехру кои биле загрижени од растечките разлики меѓу источниот и западниот блок. Таа идеја им се допаднала, вели, и така настанало Движењето на неврзаните.

Josip_Broz_Tito_Jovanka_Broz_382185002

За Киро Глигоров вели дека бил многу коректен човек и никогаш не се изјаснувал против неа. Но за Лазар Колишевски вели дека било голема протоколарна грешка што бил вклучен во една делегација за посета на Африка и дека на тоа патување и бил многу љубоморен на Јованка поради вниманието што и било укажувано нејзе, а не нему. И дека подоцна ја озборувал за тоа но дека можеби тоа било неточно бидејќи во тоа време имало интриги колку ти душа сака.

Josip-Broz-Tito-docek-Nove-godine-Docek-1969-Zagreb-Hotel-Esplanada-830x553-520x346

Околу Голи Оток: : „Дали Тито знаеше што се случува на Голи Оток? Па зарем не знаеше. Па знаеја сите во раководството. Знаеја сите што го организираа тоа што се случуваше таму. Јас мислам дека половина од луѓето што лежеа таму лежеа без причина. Но што можев јас тука да сторам? Тие од раководството беа задрти до небо и назад. Овој му ја преземал девојката на оној, овој му се замерил нешто на оној. Многу луѓе отидоа на Голи Оток за ништо“. Јованка додава дека Добрица Ќосиќ бил прв што забележал што се прави на Голи Оток и колку луѓето таму страдаат, и алармирал за тоа.

За поранешниот генерал на ЈНА Никола Љубичиќ вели дека да можел жива ќе ја закопал. Тој и Стане Доланц се натпреварувале кој повеќе ќе ја обвини и ќе ја малтретира.

files1-520x393

Во врска со Косовово биографијата напишала дека српските раководители се однесувале кукавички. Никој не сакал да види што навистина се случува таму. Тито го забележал проблемот со Косово но му бил вршен силен притисок од Словенија. Словенците беа големи мативоди, вели Јованка. И во тоа и беше проблемот што Тито не го отвори тоа прашање. Таа во биографијата напишала дека Словенците биле главни на Косово, организирале штрајкови, подбуцнувале, и дека тоа и денес го прават. Јованка тврди дека веднаш после војната Александар Ранковиќ донел 300 илјади млади Албанци од Албанија на Косово за тоа да биде некаков ембрион за политиката, но после сето тоа пропадна. „Им дадоа и станови и плати и работа и се’ друго. Тие потоа се размножија и останаа тука“,заклучувајќи дека таа операција си ја направиле самите Срби.

josip-broz-tito-jovanka-elizabet-tejlor-ricard-barton-520x260

Некогашната прва дама во нејзината биографија напишала дека распадот на Југославија почнал многу порано од Милошевиќевото време. Вели дека растурачот бил Стане Доланц за кого уште пред неговото појавување на политичка функција странските служби му дале документи на Тито дека е против југословенското заедништво. Тито во тој момент го нарекол „некојси таму Доланц сакал да ја разбие не само војската туку и целата држава“. Но јас му го запамтив името: Стане Доланц. Е со тој Стане Доланц подоцна никој не сакаше да се позанимава, вели Јованка. „Многу подоцна кога стана функционер во Словенија јас го потсетив Тито дека токму Доланц е оној ’некојси таму‘. И Доланц тоа никогаш не ми го прости“. Но него вели Јованка не го испратија Словенците да биде функционер во Белград, туку го испратија Германците бидејќи беше нивен шпион.

75ba88da8a99cadb376a759df8710279-520x384

Јованка напишала дека кога Тито остарел и веќе не го служело здравјето му бил вперуван пиштол во главата за да се разведе од неа. Но Тито не се согласувал на развод по цена и да го убијат. И тогаш го одвоиле од неа. „Го киднапираа и се’ додека не отиде на лечење во Љубљана го шетаа низ Југославија и не знаеја што ќе прават со него каде да го сместат. Го водеа од една до друга резиденција во земјата само да не дојде во контакт со мене“. Таа вели дека главната причина за киднапирањето на Тито била да не се расчисти со случајот Ранковиќ. Тврди дека тоа што се случувало пред смртта на Тито било стравично и дека не се знае кој бил полош дали Хрватите, Словенците или Србите. И дека никогаш нема да се дознае вистината за неговите последни денови.

Tito i Jonka spremaju obrok na Brionima.

Јованка напила дека е таа единствениот жив сведок кој сретнал со сите светски државници на 20. век почнувајќи од Никсон, Кенеди, Кралицата Елизабета, Нехру, Ганди, Бандаранаике, Гадафи, Хрушчов, Черчил, Брежњев, Кастро.

Напишала и дека тие што подоцна ја прогонуваа направиле голема грешка бидејќи пропуштиле прилика да се дознаат многу работи од тие средби. Пишала и дека била понижувана и малтретирана на стари години. Дека и велеле дека ништо не направила додека му била жена на Тито. А како што пишала токму таа ги организирала и лично ги надгледувала сите дочеци и приеми на странски државници, секој ручек, вечера и коктел во нивна чест, се трудела протоколот да функционира беспрекорно и се да биде на највисоко ниво.

Jovanka i Tito na doceku Nove godine.

Јованка во автобиографијата напишала и дека Индира Ганди ја ценела многу и дека доаѓањето на погребот на Тито го условила: „Ако ми дозволите да ја видам Јованка ќе дојдам“. Според биографијата на госпоѓата Броз доколку не била Индира Ганди немало да и дозволеле да присуствува на Титовиот погреб. Индира Ганди била двапати да ја посети Јованка, со внуците, во куќата каде живееше до нејзината смрт.

За либискиот лидер Гадафи пишува: „Гадафи беше многу фин со мене. Го познавав неговото семејство, бев во неговата куќа, бевме многу блиски, жал ми е што на крајот му се случи тоа“.

Кога се појавијаја вести дека Јованка се смрзнува и дека нема греење, Гадафи го испратил својот амбасадор во Белград да ја посети и да види во какви услови живее. „Ми порача дека тој се’ ќе среди, да не се грижам. Рече дека ќе добијам нафта за греење преку нивната амбасада“. Гадафи нудел помош но таа ја одбивала бидејќи сметала дека тоа нема да биде добро за односите меѓу Либија и Србија.

Јованка во биографијата напишала и дека долго време единствен личен документ по распадот на Југославија и бил еден стар извод од матичната книга на родените. Не и дале ни пензија бидејќи како што и рекле Тито не примал плата. Ја протерале во куќа што пропаѓа, која со децении претходно не била одржувана, во која немало греење и во која влезните скали во секој момент можеле да се срушат. И рекле дека е тоа привремено сместување но траело 33 години. „Намерно ми скратија се’, за да ме мачат и понижуваат на еден срамен и бестијален начин“, вели огорчено Јованка.

75642a422ec449a0451a8e509728644b

ПО СМРТТА НА ТИТО

„Словенецот Крајгер ми нареди да се иселам од куќата, а друг Словенец Долничар јуначки ми ја заплени мојата облека како да се работи за воен плен. Таа моја облека што не му требаше на никој друг освен на мене беше држена три години во магацин, после што стана неупотреблива“, пишува во биографијата на Јованка. Еден месец по смртта на Тито Сергеј Крајгер дошол кај Јованка и и’ рекол дека повеќе не може да живее на „Ужичка“ 15 и дека мора да ја напушти затоа што ќе биде претворена во титов музеј, но тоа никогаш не се случило. И било нагласено дека не смее ништо да изнесе од куќата. „Најважно им беше да не присуствувам на пописот на имотот за да можат полесно да украдат се’ што може да се украде. Ме третираа како смрдливо сирење“.

Јованка напишала и била исфрлена на полноќ во пижами без дозвола да понесе било што со себе, како да ја водат на стрелање. Таа тврди дека човек по име Огнен Грковиќ и’ се заканувал дека ќе ја убие ако не потпише дека се откажува од личниот имот на „Ужичка“. Во биографијата наведува и дека барала од Ивица Дачиќ и од нејзиниот адвокат Тома Фила да го уапсат тој човек но тие и рекле дека не можат да го најдат.

Тврдела дека тие што ја опљачкале и што и’ се заканувале со убиство денес се социјалисти заштитени од Дачиќ. Зборувала дека над неа е извршено злосторство кое треба да го расчистат идните генерации. Јованка напишала и дека децата на Тито од претходните бракови подобро се снашле од неа. Синот Мишо во Хрватска ја добил назад куќата во Загреб во која живееле неговата мајка Херта и Тито. Добил и стан и лозјето што го купил Тито во Самобор. Другиот син Жарко во Белград имал државна куќа која подоцна неговиот внук ја продал. Во Кумровец, родното место на Тито, го добил лозјето со малата куќичка а неговите деца добиле државни станови. Само Јованка останала без никој и ништо.

Јованка на крајот напишала и дека била многу сакана жена. Тито неизмерно ја сакал и почитувал. Нивната љубов била обострана и искрена. Иако имале послуга Тито секое утро лично и варел и и носел кафе на Јованка во кревет.

 

Од денес бесплатни прегледи за бремените жени

bremeni-zerni-1-650x396

Бремените жени кои имаат здравствено осигурување од денеска нема да плаќаат за гинеколошки и микробиолошки прегледи, биохемиски анализи, вклучувајќи го и породувањето, како и за советување при посета од страна на патронажните служби.

Истите услуги од следниот месец, односно од 1-ви јануари идната година, бесплатно ќе може да ги добијат и жените без здравствено осигурување.

Нови мерки за унапредување на здравјето на бремените жени и доенчињата

Станува збор за нови мерки на Министерството за здравство за унапредување на здравјето на бремените жени и доенчињата.

Сите здравствени установи во државата нема да им наплаќаат партиципација на бремените жени, а за средствата за партиципација ќе се обраќаат до Министерството за здравство, кое ќе ги обезбеди од сопствен буџет.

Во рамки на низата нови мерки на Mинистерството за здравство, е и проектот „Домашна визита“, кој предвидува патронажните служби од здравствените домови да стават посебен акцент на посетата на бремените жени од социјално ранливите групи, како што се бремени жени со понизок степен на образование, односно без образование или со основно образование, како и жени кои примаат социјална помош.

Бројот на жени од социјално ранливи групи во репродуктивен период од 16 до 49 години во државата е околу 70.000. Тие ќе бидат советувани да се јават на матичен гинеколог и да ги прават потребните прегледи бесплатно, со приоритет на бремените жени. Оваа активност почнува од средината на овој месец.

Министерството за здравство овој месец почнува и со спроведување на проектот „Гинеколошка амбуланта на тркала“ која ќе биде насочена во рурални средини каде нема матични гинеколози.

Најпрво ќе биде посетен беровскиот регион и селата во тој регион со приоритет кај жени без образование и само со основно образование и социјално ранливи групи кои ќе бидат повикувани на гинеколошки прегледи. Мобилната амбуланта ќе продолжи со работа во текот на целата година во другите региони на државата.

Во рамки на проектот „Наш специјалист“, информираат од Министерството, низ државата има слободни 12 гинеколошки амбуланти по здравствените домови во кои ќе одат гинеколози од регионалните болници на нивните подрачја и ќе прегледуваат жени еднаш неделно.