дома блог страница 4997

Извидниците од “ФЕНИКС ” ja засадија својата иднина

IMG_20151202_090540

И оваа година беше одбележан Денот на Дрвото, каде што зедоја учество и извидниците од Извидничкиот одред “ФЕНИКС“ – Прилеп, кој е млад извиднички одред. Со група на извидници составена од помладите и постарите извидници, тие ја засадија својата иднина со засадувањето на дрвцата и дадоја придонес до зголемување на зелените површини, а со тоа покажаја уште еднаш дека се примерни граѓани на опшеството и извидници кои се грижат за природата.

IMG_20151202_101653

IMG_20151202_093222

IMG_20151202_093252

IMG_20151202_093343

IMG_20151202_093352

IMG_20151202_094539

IMG_20151202_094619

IMG_20151202_101638

IMG_20151202_101642

Груевски го посети манастирскиот комплекс „Свети Архангел Михаил“ во Варош

Премиерот Никола Груевски вчера во рамки на посетата на Прилеп го посети манастирскиот комплекс „Свети Архангел Михаил“ во Варош, Прилеп, на кој во тек се работи на реконструкција на источниот конак.

gruevski-manastir1-640x453

– Почетоците на овој манастир се некаде од 10 век, а првите фрески се од 12 век и од 14 век. Тоа е нешто што е вредно не само за Прилеп, туку и за Македонија. Тука како Влада инвестиравме во изградба на нов конак кој ќе го користат сестрите од овој манастир. Инвестирани се вкупно 18,5 милиони денари, 14 милиони се за објектот, а дополнителни 4,5 милиони се за ентериерот, рече премиерот Груевски кој во обиколката на манастирот беше придружуван од министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска.

manastir-2-640x425

Конакот е на вкупна површина од 292 метри квадратни и треба да биде завршен до крајот на оваа година. Проектот го реализира Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Прилеп и е во вкупна вредност од 18,5 милиони денари. Манастирскиот комплекс „Свети Архангел Михаил“ датира од 12 век, а првите конаци се изградени во 1831 година.

manastir-4

manastir-3

20 Години успешен медиумски опстанок, Радио Холидеј бренд на Прилеп

Вашиот редовен забавник радио Холидеј го прослави дваесеттиот роденден. Во одлична атмосфера, со многу пристутни гости од бизнис секторот, градоначалникот на Општина Прилеп и пратениците во Собранието на Р. Македонија, радио Холидеј приреди одличен пречек, достоен за вистински медиум.
Пелагониското радио е број еден радио на регионално ниво и е прогласено како такво од страна на Агенцијата за аудио визуелни медиумски услуги. Секојдневно работи во служба на граѓаните, известува за сите настани и случувања, а пред се работи во служба на подобрување на расположението и забавување на граѓните.


Вечерва во ресторанот Центар во Прилеп, домаќините ги пречекаат своите гости на достоинствен начин со богата музичка програма и шведска маса.
Екипата на маркукуле.мк беше генерален покровител на настанот и се потрудивме на достоинствен начин да ви ја доловиме атмосферата од оваа прослава.
Инаку радиото опстојува од 02.12.1995г. и постојано напредува. Прилепчани го имаат како свој бренд и препознатлив знак кога се говори за медиумите преку радио брановите.
Од сопствениците дознаваме дека овој бизнис не е ни малку лесен и евтин, но со залагање и макотрпна рбота, како и со поддршка на маркетингот, опстојуваат успешно и стабилно. Задоволни од својата работа, низ насмевки ни предочија дека упорноста и умешноста се клучни за да се успее и да се створи вакво нешто што опстојува толку долго.
Им посакуваме уште многу успешни години на работа, а на граѓаните на Прилеп и регионот им сугерираме редовно да ја слушаат програмата на радио Холидеј.

[Best_Wordpress_Gallery id=”87″ gal_title=”Radio Holidej”]

ФОТО: Бегајќи од терористи се фрлила преку прозор и починала, а станувало збор за вежба

Симулациска вежба на терористички напад била организирана на Универзитетот Стратмор во Најроби , но наместо како поука за тоа како да се однесуваат за време на потенцијална закана, вежбата завршила трагично.

30 лица биле повредени, а една жена починала откако се фрлила од прозор, бидејќи била преплашена.

Во неуспешната симулација на полицијата страдала 33-годишната Естер Кидамби, една од вработените службенички на факултетот.

-Одеднаш слушнав стрелање, за кое подоцна се испостави дека се само ќорци. Во тој момент бев толку исплашена, што само се стопив во толпата и продолжив да трчам кон излезот. Меѓутоа, овде нé пречека уште еден маскиран човек со оружје во рацете, па инстинктивно излегов преку прозорецот, рекла една од студентките.

Наскоро следувало панично стампедо на луѓе кои во тој момент се нашле во зградата.

Многумина завршиле со потешки повреди, како повеќекратни скршеници на рацете и нозете.

Она што е чудно што никој на универзитетот не знаел дека станува збор за симулација, а од полицијата рекле дека на тој начин сакала да види како цивилите се однесуваат во случај на терористичкиот напад. Експериментот за жал завршил трагично.

Прилеп доби нова спортска сала

gruevski-sala

Државното средно училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во Прилеп денеска доби нова сала, инвестиција на Владата вредна 24 милиони денари, во рамки на проектот за изградба на 145 училишни спортски сали, во кое настава посетуваат 500 ученици.

Објектот го предаде во употреба премиерот Никола Груевски кој подвлече дека образованието и спортот во изминатите години се меѓу најголемите приоритети на Владата.

– Поттикнувањето и негувањето на спортскиот дух кај младите сметаме дека е исклучително важен чекор во воспитувањето на нашите деца. Преку спортот се чува здравјето, се развива чувството за тимска работа, за почитување на противникот, за истрајност и упорност да се достигне посакуваното. Сепак, за да ја негуваме спортската традиција нужно е да имаме спортски сали, игралишта и терени на кои нашите млади ќе може да се запознаат со спортот. За таа цел Владата изминативе неколку години започна со реализација на повеќе капитални инвестиции чија цел е да се надополни сето она што не било направено од сите претходни влади, односно да изградиме спортски игралишта и сали во секое место во Македонија каде недостигале и има услови да се изградат, рече премиерот Груевски.

Тој подвлече дека во рамки на големиот спортски проект за изградба на 145 училишни спортски сали ова е третата сала која ја пуштаат во употреба во Прилеп.

Четврта сала е во фаза на градба за потребите на ОУ „Добре Јованоски“, а во наредните години во план за градба се уште три други сали.

nikola

Меѓу инвестициите во спортот во Прилеп тој потсети дека се изградени две фудбалски игралишта, едно тениско игралиште, како и повеќенаменско спортско игралиште, а се планира изградба на уште едно тениско игралиште во училиштето „Мирче Ацев“ и уште едно повеќенаменско спортско игралиште во Канатларци.

– Сето ова јасно говори дека инвестициите на Владата за спортската инфраструктура во Прилеп се навистина богати. Покрај спортските терени, постојано инвестираме и во поголем број училишта на територијата на Прилеп. Така, само во изминатите години на територијата на оваа општина во сите основни и средни училишта преку разни санации и реконструкции се инвестирани над 10 милиони евра. Најголем дел од овие средства се од Владата и од локалната самоуправа, подвлече премиерот Груевски.

Меѓу позначајните проекти тој ги издвои изградбата на монтажните училишта во Чепигово, во Галичани, во Беровци, како и реконструкциите и санациите во уште четири општински училишта. Посебно го издвои проектот за поставување систем за греење во ОУ „Кире Гаврилоски Јане“, кој се реализираше оваа година со што ова училиште првпат доби ваков тип греење.

Пуштено во употреба новото училиште во село Беровце

Инаку, премиерот Груевски денеска и официјално го предаде во употреба училиштето во село Беровце „Круме Волнароски“ за чија изградба Владата издвои 2,6 милиони денари, а во кое настава посетуваат над 30 ученици.

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека новата современа спортска сала во СОУ „Кузман Јосифовски Питу“ ќе ја користат учениците, но и жителите од овој дел на општина Прилеп во кој недостигаше ваков спортски објект, а кој се остварува согласно изборните ветувања.

– Ова е 49-та спортска училишна сала што ја предаваме во употреба во рамки на проектот за изградба на 145 училишни спортски сали и е уште еден пример за успешните инфраструктурни инвестиции во образованието, подвлече Ристовски.

Градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески нагласи дека оваа спортска сала која денеска се пушта во употреба ќе овозможи развој на спортот и спортските активности и ќе придонесе за подобрување на условите за изведување на наставата на учениците од ова училиште.

Спортската сала се протега на површина од 650 метри квадратни. Целосно е опремена со спортски реквизити и ќе овозможи тренирање кошарка, ракомет, мал фудбал, одбојка и гимнастика. Располага со туш кабини и засебен простор за наставниците.

nikola2

Претходно премиерот Груевски во рамки на денешната посета на општина Прилеп присуствуваше на пуштање во употреба на нов фудбалски терен направен во соработка со Општина Прилеп и Фудбалската федерација на Македонија, вредна 300.000 евра. Фудбалското игралиште располага со нов терен со вештачка трева и нова пропратна опрема и е наменета за потребите на Спортската академија.

Свечено отпочнати активностите околу активирање на фабриката на Гентерм во Прилеп

DSC02024

Во присуство на стотици граѓани, претставници од сите институции на системот, Претседателот на Владата Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, пратениците во Собранието на Р. Македонија, Димитар Стевананџија и Ана Лашкоска, како и генералниот директор на гигантот Гентерм, денеска во Прилеп  во тежнолошко- индустриската зона Алинци, отпочнаја активностите околу активирање на фабриката и нејзина доизградба. Фабриката на Гентерм се простира на територија од 38 000 м2 и претставува огромна инвестиција од 20милиони евра која ќе отвори 2000 директни и стотици индиректни вработувања. Од огромен бенефит за Прилеп и регионот, фабриката ќе значи опстанок и подобар живот за целото население, како и повик за нови инвеститори во иднина.

Премиерот Никола Груевски најави дека веќе е доведен и вториот инвеститор во зоната , германската фирма Акопласт, исто така од автомобилскиот сектор, која веќе регистрирала фирма во Македонија и е во завршна фаза за отпочнување на градба.

DSC02029

DSC02027

DSC02028

Премиерот потенцира дека најзаслужен за доведување на овој гигант во Прилеп е Алек Никоски, кој ги направил првите контакти и клучната презентација во убедувањето за инвестирање токму во Прилеп.

Во втора фаза е и инфраструктурното уредување на зоната, односно поврзувањето во водоснабдување и осветлување. Прилепчани имаа можност да видат еден огромен комплекс со многу градежна машинерија, работници и градежен материјал на секој чекор.

DSC02036

Од обраќањето пак на вицепремиерот Ставрески, дознаваме дека пред новогодишните празници ќе отпочне со изградба и експресниот пат Прилеп-Градско, кој ќе значи решавање на горливото прашање за поврзување на Прилеп со главниот град, подобар проток на стока и патници, а и бенефит плус за интерес на нови инвеститори.

DSC02032

Фабриката започнува со активирање на производството во месец март идната година, и ќе произведува делови за големи автомобилски гиганти како: Ферари, Бентли, Рено, Порше и .т.н.

DSC02026

DSC02018

DSC02020

Ова е почеток за еден нов Прилеп во иднина, Прилеп кој ќе биде атрактивна дестинација, економски стабилен Прилеп.

DSC02040

Проект лидер, избор на најдобри ученици во струката во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски- Питу“

Picture 308

На 30 ноември 2015 год. седум ученици од економското училиште „Кузман Јосифоски–Питу“ ,со нивните ментори, зедоа учество во реализацијата на проектот „ЛИДЕР“- избор на најдобар ученик по струка од завршните години во стручното образование во Република Македонија.
Учениците беа номинирани по профили и тоа:
– Деловен Секретар – Толеска Јасмина и Томеска Кристина,
– Правен техничар – Ѓореска Андријана и Томеска Кристина,
– Банкарски техничар – Марија Мирческа и Филип Петрески,
– Економски техничар – Ивана Сурлаџиоска,
– Ментори/наставници:Вера Ристеска,Светлана Милошеска,Наталија П. Ристеска, Билјана Марковска и Весна Дворчанец.
Според рангирањето , од страна на ЦССОО освоени се две втори, две трети и две четврти места.
Изборот на најдобар ученик од економско–правна и трговска струка оваа години се одржа во СОУ„Јосиф Јосифоски„ во Гевгелија, во организација на Центарот за средно стручно образование и обука и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Picture 306

Picture 309

Picture 304

ВИДЕО: Новиот авио ѕвер на Путин – готово е руското летало за „судниот ден“

avion

Руската државна корпорација Ростех го конструираше воздушното командно место на база на авионот Иљушин 80 кое до крајот на годината ќе му биде испорачано на руското Министерство за одбрана.
Станува збор за комплетно адаптирано летало за потребите на руската одбрана од кое ќе може од воздух да се командува со сите родови на руската војска.

Авионот е дополнително зајакнат за да биде отпорен на евентуални напади од воздух но истовремено е практично невидлив за противничките радари.

Леталото би се користело во случај на нуклеарна војна и ќе може преку него од воздух да се командува со војската но и да се активираат ракетните системи.

2.000 ВРАБОТУВАЊА: Почнува со работа фабриката на „Гентерм“ во Прилеп

genterm-idniot-mesec-kje-pochne-da-ja-gradi-fabrikata-vo-prilep-234288po9090

Американската компанијата „Гентерм“ денеска ќе започне со производство во фабриката што ја отвора во Технолошко-развојната зона во Прилеп. Во фабриката ќе се произведуваат клима уреди и појаси за автомобили, а пласманот ќе се реализира на европскиот пазар кај купувачи како бентли, рено, бмв, порше, фиат…,

Во производствениот капацитет на 21.500 метри квадратни се најавени 2.000 вработувања. Вредноста на инвестицијата на компанијата изнесува околу 20 милиони евра.

genterm

„Гентерм“ е глобална, брзорастечка компанија која произведува електроуреди за регулирање термална енергија во автомобили. Брои вкупно 9.000 вработени во капацитетите во САД и Украина, а годишно од продажбата реализира 800 милиони долари.

(Видео)КАКО НА ФИЛМ: Специјалците во Москва уапсиле 52 шефови на мафијашко подземје, одеднаш, додека биле на состанок!

Mafijasi_rusija

Руските полицајци уапсиле 52 шефови на криминалното подземје во Русија, во близина на Москва додека биле на таен состанок. Тие одржувале состанок во клуб во Подолск, на југот на Руската престолнина.

Полицијата успеала да ги фати криминалците благодарение на украдениот БМВ џип, кој тие го следеле до местото каде што ги уапсиле мафијашите!