дома блог страница 4995

Зошто некои луѓе не можат да престанат да пушат цигари?

pusenje-cigari-640x424

Луѓето што не можат да престанат да пушат цигари имаат таканаречен „ген на задоволството“ што службено се нарекува “Taq1A”.

Најновите научни откритија покажуваат дека проблемите со откажувањето од цигари не можат секогаш да се објаснат со слабата волја, туку, можеби, повеќе зависта од генетската предодреденост.

„Генот на задоволството“ има улога во распределбата на допаминот, мозочната хемикалија што е поврзана со задоволството и чувството за награда, а што мозокот ја испушта кога пушиме цигари.

Научниците сметаат дека зголемените количини на допамин играат главна улога во развојот на зависноста од никотинот. Откриено е дека „генот на задоволството“ условува на луѓето да им биде полесно или потешко да престанат да пушат цигари.

Научниците наведуваат дека на луѓето што имаат „А2/А2“ тип на ген им е полесно да престанат да пушат цигари отколку на луѓето со ген „А1/А1“ или „А1/А2“.

Ова откритие се заснова на резултатите од 22 истражувања во кои учествувале повеќе од 10.000 лица.

Саботно кафе – 05.12.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”89″ gal_title=”SabotnoKorzo 05.12.2015″]

Овие три хороскопски знаци се најголеми спонзоруши

sponzorusa-640x359

Овие три хороскопски знаци како да имаат скенер за фаќање спонзори! Сакаат мажи кои ќе им пружат се што ќе посакаат. А еве кои се трите знаци кои сакаат да фаќаат спонзори!

Девица

Личностите родени во знакот на Девица се се само не невини. Девојките Девици како да имаат вграден скенер за спонзори или спонзорловец. Без грешка ќе му пријдат на фраерот со најмногу пари па дури и кога тој е во друштво со слични типови, исто така со полни џебови. Омилени „жртви“ и се татини синови кои сакаат да се фалат, па така нејзиниот плен уште на стартот настрадал бидејќи ќе го смота како змија жаба. Како вистинска змија, девојките во знакот Девица се мошне отровни за машкиот род, а штом ги потрошат паричките, веќе имаат подготвено нова жртва.

Вага

Вага… Опасен знак кога се спонзорушите во прашање. Вагата долго ќе мери кој маж ќе и пружи повеќе бидејќи е неодлучна и секогаш и се чини дека другите девојки добиваат повеќе. Мошне е љубоморна иако не се вљубува во своето момче со џип, јахта или куќа на море. Неа никогаш не и е доволно и секогаш глуми жртва со надеж дека ќе добие скапи нешта. Ако на Вагата и подарите скап накит барем еднаш месечно лесно паѓа во депресија и во тие моменти веднаш размислува за друг маж. Грубо, зарем не?

Водолија

Водолијата го сака морето и плажите, па така нејзиниот најдобар терен за лов на спонзори е токму летувањето. На море е неприкосновена, а на нејзиното вешто око еден фраер со скап кабриолет нема шанса да ми побегне. Има соколово око за такви нешта иако на плажа често носи двоглед во случај да има некоја јахта од неколку милиончиња во близина. Не се воздржува од влегување во врска и со постари личности под услов тие да се полни како брод. Кога Водолијата еднаш ќе се качи на јахта, не слегува. Освен во случај кога преминува на некоја поскапа.

ВИДЕО: Oва е тајната на Бермудскиот триаголник

Две џиновски подводни пирамиди направени од дебело стакло, се пронајдени во центарот на Бермудскиот триаголник. Океанографот нагласи дека технологијата е непозната за модерната наука и дека е дизајнирана на таков начин да пирамидите стојат под водата.

 

Овие чудни градежни објекти на длабочина од 2000 метри се идентификувани со помош на сонари и океанографот доктор Мејер Ферлаг. Војската ги сопре сите понатамошни истражувања.

Мејер верува дека со откривањето на тајните чудни пирамиди во центарот на триаголникот може да се расветлат сите случаи на мистериозни исчезнувања на бродовите и авионите поврзани со Бермудскиот триаголник.

Прашањето на кое никој нема одговор е како тие пирамиди биле направени и со кое орудие, на дури 2 километри под водата. Засега ниту испитувањата не можат да се извршат поради недостиг на техника и машини за истражување на таа длабочина.

Овие вести биле сензационални и продискутирани на конференцијата во Флорида. Новинарите тогаш имале огромни слики и компјутерски податоци од висока резолуција, кои покажуваат тридимензионални пирамиди како совршено се глатки, без никакви алги или пукнатини.

Имало повеќе извештаи за овие пирамиди. Американскиот океанографи во 1990-те години откриле подводни пирамиди кои биле лоцирани точно во центарот на Бермудскиот триаголник. Научниците ги анализирале сите податоци и заклучиле дека површината е совршено рамна, и дека не е можно да се од лед или стакло. Пирамидите биле три пати поголеми од Кеопсовата пирамида.

Се наметнува прашањето зошто целиот случај е затворен. Случајот го превземаа воените структури, а сите податоци биле блокирани, а понатамошните истражувања се под голема строга воена тајна.

Нејзината четириаголна база е долга 300, а широка 200 метри, а врвот достигнува околу 200 метри. На врвот се наоѓаат две огромни дупки, а низ една од нив водата минува со голема брзина и така се создава подводен бран, кој предизвикува голем вртлог.

Поради него на површината на водата се формира магла и бранови кои се повлекуваат на дното. Токму поради тоа истражувачите на Бермудскиот триаголник веруваат дека тоа може да биде една од причините на мистериозното исчезнување на се што таму ќе се најде.

Ноќен живот Прилеп : Calypso & Virus – 04.12.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”88″ gal_title=”Calypso and Virus 04.12.2015″]

Нема веќе пржење компири: Светот полуде по овој рецепт

pomfrit-slika

Со овие компири не ви треба главно јадење, сами по себе се многу вкусни, а и лесни за приготвување.

Потребни ви се 4 шолји млеко, 1,5 шолји палента, 2 лажици зејтин, 70 грама сирење, лажичка сол, 3 лажици маслиново масло.

На тивок оган ставете го млекото во сад и варете го. Полека додадете ја палентата додека не добиете хомогена смеса. Смалете го оганот и мешајте околу 5 минути. Додајте го сирењето и солта. Мешајте додека сите грутки не се растопат и смесата не се изедначи, па ставете ја во тава која претходно сте ја намачкале со зејтинот. Оставете ја да отстои 20 минути, па ставете ја во фрижидер еден час. Потоа извадете го тавчето, и почнете да сечете во форма на компирчиња. Ставете масло во тава и пржете ги од двете страни околу две минути.

Нема да зажалите!

(ФОТО+ВИДЕО) РЕТРО: Лила на почетокот од својата водителска и музичка кариера!

Омилената водителка на речиси цела Македонија, онаа по која мажите губат глава, а жените и завидуваат на младешкиот изглед, единствената Лила Филиповска кон крајот на 90-тите се обиде и во музичките води.

Таа во тој период изгледаше сосема поинаку, но и тогаш беше вистински мелем за очите. Храбра и самоуверена ги мамеше погледите на ТВ екраните, без разлика дали се појавува во улога на водителка или пејачка.

Денес ТВ проектите од кои таа е дел го имаат нејзиниот препознатлив печат и секогаш се на листата на едни од најгледаните.

Кон крајот на 90-тите години на минатиот век таа испеа неколку песни, сними спотови за некои од нив како што се „Земјотрес“, „Ти верував до крај“, „Сонувам“, „Come baby come“…

Дел од нејзините песни можете да чуете во прилог!

Врачени нови решенија за легализација

IMG_7057

Градоначалникот Марјан Ристески денеска додели нови 63 решенија за легализација, заклучно со кои досега се легализирани околу 8.500 дивоградби, од вкупно поднесените 15.367 барања за добивање на правен статус на објектот.
Градоначалникот Ристески, присутните уште еднаш ги потсети на големиот бенефит што граѓаните ги добиваат со Законот за легализација.
Официјалните информации говорат дека постапувањето по барањата за легализирање на дивоградбите продолжува да се реализира согласно претходно проектираната динамика, по што Прилеп и понатаму останува на првото место на ниво на држава како по легализирани објекти, така и според изработката на деталните урбанистички планови.

IMG_7084

IMG_7085

IMG_7055

IMG_7065

IMG_7066

IMG_7067

IMG_7069

IMG_7070

IMG_7076

IMG_7079

ОТВОРЕНА ЕТНОЛОШКА ПОСТАВКА ’’СПОМЕНИ ЗА НАВЕК’’ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

SPOMENI-ZA-NAVEK-702x336

Денес во просториите на домот на културата во Кривогаштани свечено беше отворена етнолошката поставка ’’ СПОМЕНИ ЗА НАВЕК ’’ на која изложени се предмети, облека, накит и фотографии од сите населени места од општината од старо време, времето на нашите дедовци и прадедовци. Проектот е реализиран од страна на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп и општина Кривогаштани со што повозрасните жители имаа прилика да се потсетат на детството и животот, додека оние најмладите имаа можност да се запознаат со начионот на живот на нашите дедовци.

DSCN7778 DSCN7701 DSCN7705 DSCN7707 DSCN7713 DSCN7714 DSCN7715 DSCN7716 DSCN7718 DSCN7720 DSCN7725 DSCN7746 DSCN7757 DSCN7768 DSCN7770 DSCN7772 DSCN7773 DSCN7775 DSCN7777

Турција веќе страда: Цените паднати за 30 отсто поради руското ембарго

turcija-640x396

Турските производители на овошје и зеленчук бележат загуба поради ембаргото на увоз кое го воведе Русија, а санкциите предизвикаа пад на цените на домашниот пазар.

-Оваа сезона беше одлична за производителите на овошје и зеленчук, но тогаш дојде криза. За само два-три дена цените паднаа за 20 до 30 отсто, изјавил претседателот на турската федерација на трговци со овошје и зеленчук, Бурхан Ер.

Тој како пример наведува дека цената на мандарината и доматот на домашниот пазар паднала за третина и додава дека во случај на продолжение на кризата во односите со Русија, се очекува пад на цената и до 50 проценти.

Русија е најголемиот пазар за широк асортиман на турското овошје и зеленчук.

Иако ембаргото на увоз на овошје и зеленчук во Русија од Турција официјално ќе стапи на сила на 1. јануари, турските превозници уште од сега се жалат дека имаат проблеми со цариниците на влезот во Русија.

-Извезуваме голема количина овошје и зеленчук во Русија. Со последните одлуки на Русија, цариниците не дозволуваат робата да влезе во земјата и ги запираат превозниците. Не делува дека проблемот наскоро ќе биде решен, вели претседателот на индустриската и трговската комора на регијата Мугла во југозападна Турција, Булент Каракуш.

Претставникот на производители на овошје и зелечнук, Атабеј Акгун рекол дека регионалната индустрија дневно губи околу 350 илјади долари и додал дека од почетокот на кризата околу 30 камиони секој ден ја возат робата од Турција кон Русија, но дека запирањето на границата со Русија предизвикало голем губиток.