дома блог страница 4994

Не очекува стабилно и суво време

vremeslika

Стабилно време и суво време со релативно високи дневни температури на воздухот не очекува во текот на работната седмица.

Во претпладневните часови поради слабо изразено воздушно струење, по одделни котлини и речните долини ќе има ниска облачност и појава на магла.

Четири години без легендата на македонската фолк музика – во сеќавање на Гоце Арнаудов

goce-arnaudov-640x393

Пред точно четири години, на 6 декември почина најголемата македонска фолк легенда, Гоце Арнаудов.

Секогаш весел и насмеан, со неговите песни ја збогати македонската фолк сцена.

Гоце Арнаудов зад себе остави над 200 песни и настапи на стотина фестивали, каде има освојувано бројни награди и признанија.

Зад него остануваат голем број хитови како „Огин и пламен“, „Ај да беше стрела песната“, „Дали чекаш стара мајчице“ и многу други.

Вечна слава, легендо!

Турнир во џудо „Карпалак – 2015“

pocetok pp

На 06.12.2015 во Прилеп спортска сала на СОУ ”Ристе Ристески Ричко” – Прилеп, се одржа Турнир во џудо „Карпалак -2015“ во организација на Џудо Клубот Прилеп.
На Турнирот учество зедоа 7 клубови од Македонија со околу 70 натпреварувачи.
Џудо Клубот „СЕИШИН“- Прилеп настапи со 15 натпреварувачи-ки а освоени се исто толку медали (10 златни, 5 сребрени).

grupna pp

Резултати поединечно:
Помлади Пионери:
1. Даријан Мицкоски кат. -34 кг. 2 -ро место
2. Георгиј Магдески кат. -42 кг. 2-ро место
3. Димитри Џокоски кат. -46 кг. 2-ро место
4. Андреј Сотироски кат. -55 кг. 2-ро место
5. Давид Везенкоски кат. -66 кг. 1-во место
Пионери:
1. Марко Тодорчески кат. -38 кг. 1-во место
2. Кристијан Тошески кат. -66 кг. 2-ро место
3. Јован Најдоски кат. +73 кг. 1-во место
Кадети:
1. Мартин Тодорчески кат. -60 кг. 1-во место
2. Марио Тошески кат. -66 кг. 1-во место
3. Диме Ивчески кат. -73 кг. 1-во место
4. Михаил Конески кат. -90 кг. 1-во место
Кадетки:
1. Александра Најдовска кат. +70 кг 1-во место
Јуниори:
1. Александар Апостолоски кат. -66 кг 1-во место
2. Александар Петрески кат. -73 кг. 1-во место

Стручниот штаб на Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп е задоволен со постигнатитете резултати. До крајот на натпреварувачката сезона не очекува одржувањето на Екипното државно првенство на Македонија за сениори-ки кое исто така ќе се одржи во Прилеп во организација на Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп на 13.12.2015 недела во Спортската сала на СОУ” Ристе Ристески Ричко” со почеток во 10,30 часот.

piedestal pp

ФОТО : Денешна птичја перспектива на Прилеп од крстот на Маркови Кули

12064342_10206736180297543_644760090_n

Магловито време денес ја зафати Пелагонија. На фотографиите имате можност да уживате во одлични пејсажи доловени од месноста Тапанче или крстот на Маркови Кули. Глетката беше неверојатна.

12324986_10206736180257542_891807556_n

12325202_10206736180337544_1305426104_n

12336086_10206736180417546_1102775007_n

Да се има семејство значи да се има цел еден свет, дома!

Покрај милионите успеси и унапредувања на себеси, финансиската стабилност и индивидуалниот интегритет, вечната потрага по совршенство, кариера, врвни подеми, на крајот од денот сè се сведува на првата и последна, една и единствена вредност која човек може да ја постигне како човек.

srekno-semejstvo-640x425

Да има љубов, да има блискост, да има топлина. Да има семејство. Тогаш знае дека ја достигнал есенцијалната поента на постоењето…

Да се има семејство значи дека никогаш нема да бидеш осамен.

Колку и да изгледаат клише семејните вечери, запомни дека некој нема семејство, некој нема ни што да јаде.

Семејството е она што те прави среќен.

Домот е она што те прави спокоен. А, домот е целосен само кога семејството е цело.

Семејството се оние луѓе кои никогаш нема да ја изневерат твојата доверба.

Оние кои секогаш те поддржуваат.

Оние кои веруваат во тебе.

Оние кои прославуваат со тебе.

И плачат кога и ти плачеш.

Семејството е она нешто кое секогаш ти го стоплува срцето.

Ти предизвикува насмевка.

И никогаш не се жали дека си можел да добиеш подобро семејство.

Затоа што некој некаде воопшто нема семејство.

Ноќен живот Прилеп : Art Caffe & Calypso – 05.12.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”90″ gal_title=”ArtCalypso-05.12.2015″]

Американски носач на авиони пристигна во Сплит

nosac-avioni-hrvatska-1-650x388

Американскиот носач на авиони „Хари С. Труман“ чијашто носивост е до 85 авиони и 20-тина хеликоптери утрово вплови во Брачкиот канал и се вкотви на околу два километри од сплитското градско пристаниште, каде во склоп на посетата на Хрватска ќе престојува до 9-ти декември, пренесува Танјуг.

Хрватското Министерство за одбрана соопшти дека посетата на овој носач на авиони претставува потврда за блиските односи меѓу Хрватска и САД како доверливи партнери што заедно работат на возпоставувањето и одржувањето на безбедноста и просперитетот во регионот, како и показател на богатата и интензивна соработка.

Американскиот носач на авиони „Хари С. Труман“ е во состав на американската Шеста флота со седиште во Неапол Италија, која управува и учествува во низата заеднички поморски операции, најчесто со сојзуниците и партнерите со цел создавање безбедност и стабилност во Европа и Африка.

„Хари С. Труман“ е носач на авиони од класата „Нимиц“ и е со големина како три фудбалски игралишта. Тој е со вкупна должина од 333 метри и широчина од 41 метар. Посадата брои вкупно 4.922 члена, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана на Хрватска.

ФОТО: Пензионер во шок откако го видел ова суштество на ѕидот од неговата куќа

Giant-goanna

Еден пензионер од Австралија останал во шок откако на ѕидот од неговата куќа видел вистинско чудовиште.

Ерик Холанд, 80-годишен пензионер, вели дека излегол од дома и на ѕидот видел огромен гоана гуштер!

Овој вид гуштери се карактеристични за поднебјето на Австралија, а можат да пораснат и до 2,5 метри во должина!

-Се качил на ѕидот и со опашката тропаше по олукот. Да видев вонземјанин, немаше толку да се исплашам, вели Холанд.

Гуштерот набрзо избегал, но пензионерот се уште се плаши повторно да не има средба со џиновското суштество.

ФОТО: Македонија горда, имаме ѕвезда од калибарот на Анџелина Џоли

jelena-jovanova-crven-kilim

Јелена Јованова е една од најпознатите македонски актерки.

Млада и премногу талентирана, девојка со нескротлив детски дух, а истовремено голем професионалец.

Освен професионално, на Јелена голем број коментари и пристигнуваат за нејзината природна убавина.

На црвениот килим, Јованова блеска. Како најпознатите светски диви и актерки.

Според описот на фотографијата која актерката ја постави на Фејсбук, овој гламурозен настан се одржал во Њујорк, за филмска премиера.

Таа имаше и соработка со Анџелина Џоли, по што кариерата и тргна во нагорна линија.