дома блог страница 4993

ВИДЕО: Девојка клекна пред своето момче на стадион и го запроси, но ова не го очекуваше

Со појавувањето на социјалните мрежи и YouTube се повеќе луѓе своите интимни моменти сакаат да ги споделат со светот.

zaprosuvanje1-640x329

И оваа девојка сакаше да го направи тоа, но сигурни сме дека сега и е многу криво што се реши на таков потег.

Денеска се празнува Свети Климент Охридски – Чудотворец

Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог.

sv.kliment

Македонската православна црква денеска го празнува споменот на својот патрон свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Свети Климент Охридски – Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ.
Именден празнуваат: Климент, Климе, Климентина…

Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, (црковно, просветно, книжевно итн.) тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.

Свети Климент заедно со Свети Наум Охридски се најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Дваесетина години во Велика Моравија им помагале на солунските браќа во остварувањето на Моравската мисија. Кога кон крајот на 867 или почетокот на 868 година светите браќа Кирил и Методиј биле повикани во Рим со нив бил и Свети Климент. Тогаш бил ракоположен во духовно звање. По смртта на Кирил во Рим свети Климент заедно со Свети Методиј се вратил во Моравија и му останал верен во одбраната на словенскиот јазик во црковната богослужба. По смртта на Св. Методиј кога неговите ученици биле жестоко мачени, а потоа и протерани од Моравија во почетокот на 886 година Свети Климент заедно со Свети Наум и Свети Ангелариј дошле во Бугарија, од каде што биле испратени во Охрид. Овде Св. Климент ја основал познатата Охридска книжевна школа наречена и прв словенски универзитет во кој оспособил над 3.500 ученици за црковна богослужба.

Паралелно со црковната и педагошката се занимавал и со книжевна и преведувачка дејност. Нему му се припишуваат опширните житија на св. Кирил и Методиј познати како Панонски легенди, најзначајниот извор за проучувањето на животот и делото на солунските браќа. Напишал и поуки за големите христијански празници (Рождество Христово, за Велигден, за Зачатието на Пресвета Богородица, за Благовештението на Пресвета Богородица итн), пофални слова за други празници на апостоли и маченици (за блажениот пророк Захарија и за раѓањето на свети Јован Крстител, за светите четириесет маченици, за свети Лазар, Свети Димитрија, за бестелесните Михаил и Гаврил, за Свети Јован Златоуст, за Свети Климент патријарх Римски и многу други дела.

Не помалку значајна е и неговата преведувачка дејност. На Св. Кирил и Методиј им помагал во преведувањето на потребната литература за црковната богослужба, а самиот го превел целиот Цветен триод.

По смртта Господ го прославил со многу чуда. Но бидејќи Свети Климент уште за време на животот бил многу популарен меѓу народот, веднаш по неговата смрт неговиот култ уште повеќе се раширил. Се создале многу преданија во кои се среќава неговиот лик. Едни од нив содржат биографски податоци за светителот, други содржат мотиви со исцелителска содржина и раскажуваат за неговата моќ да лекува со допир, со лековити води или со лековити билки. Извесен број преданија зборуваат и за неговата просветителска дејност, за тоа како го описменувал населението, како го почувал да ја обработува земјата, да одгледува овошни дрвја и како да гради поубави куќи да живеење. И поголем број топоними (камења, стапалки, дрвја и сл) во охридскиот крај се поврзани со неговото име.

Свети Климент Охридски е заштитник на градот Охрид и целиот охридски крај. Преданијата раскажуваат дека секогаш кога над градот и околината ќе се надвиснела некоја несреќа се јавувал духот на светецот и го спасувал градот од разурнување, а народот од страдање.

Во преданијата Свети Климент најчесто се среќава со Свети Наум Охридски, со кого најчесто се претставени како браќа. Некои истражувачи сметаат дека тоа се однесува на браќа во духовна смисла – собраќа, но повеќемина се склони да тврдат дека Свети Климент и Свети Наум навистина биле родени браќа. Не само затоа што Свети Климент бил епископ, а Свети Наум презвитер, а во православната црква епископ и презвитер никогаш не се нарекувале браќа, туку и поради некои други показатели.

Се претпоставува дека Св. Климент е роден околу 830/840 година. Починал на 27 јули според стариот односно на 9 август според новиот календар во Охрид. Бил погребан во гробот што самиот си го подготвил во црквата “Св. Пантелејмон”. Уште за време на животот Св. Климент својот именден го празнувал на денот кога светата христијанска црква го празнувала споменот на светиот свештеномаченик Климент папа Римски односно на 25 ноември според стариот или 8 декември според новиот календар. Поради тоа подоцна светата црква главниот празник поврзан со неговото име го поместила на денот на неговиот именден, а на денот на неговото упокоение (27 јули/9 август) се празнува споменот на Светите седмочисленици (Светите Кирил и Методиј, Климент, Наум, Ангелариј, Сава и Горазд), како и споменот на Светиот великомаченик Пантелејмон.

МЕГА ПРОЕКТ: Пакет поволности за младите од идната година

Бесплатен градски превоз за студентите и дополнителни поволности за средношколците се дел проектите кои ги најави премиерот Никола Груевски на синоќеното обраќање на свечената академија по повод денешниот државно-црковен празник Свети Климент Охридски.

ukim-685x315-640x294

Од 2016 година бесплатен превоз за студентите

“Првиот проект кој сакам да го објавам денес и кој се однесува на студентите, е проектот бесплатен превоз за студентите. Започнувајќи од 1 јануари 2016 година и со цел грижа за повисок студентски стандард, на сите редовни студенти на државните универзитети ќе им биде овозможен бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај, односно во јавниот автобуски превоз во Скопје и во другите градови каде што има организиран јавен автобуски превоз. Сите редовни студенти од државните универзитети ќе можат да користат бесплатен јавен градски превоз секој ден во неделата, на сите линии. Со оваа мерка е предвидено на сите редовни студенти од државните универзитети да им се доделат картички од ЈСП Скопје и другите јавни претпријатија во градовите каде што има јавен автобуски превоз, со цел да можат бесплатно да ја користат услугата на јавните сообраќајни претпријатија. Владата со цел да се имплементира оваа мерка ќе исплаќа трансфери на средства кон соодветните единици на локална самоуправа“ изјави Никола Груевски, премиер на Р.М

Проектот, според Груевски дел од поширока палета од 100 мерки и проекти кои се наменети за младите и за образованието како составен дел од младинскиот живот.

Бесплатна „средношколска среда“.

Вториот проект е наменет за средношколците и исто така започнува со важност од 1 јануари 2016 година. Преку овој проект наречен „Средношколска Среда“ секоја среда на сите средношколци, ќе им се овозможи бесплатен превоз на жичарницата на Водно и со железничкиот сообраќај во Република Македонија, како и бесплатни билети за театрите, музеите и кината во државата.

“Следејќи ја успешната приказна на проектот „слободен четврток” наменет за студентите, преку овој нов проект кој се вика „средношколска среда” ќе се стремиме да ја подигнеме мобилноста, квалитетот на забава и посетеноста на културните институции како театри, музеи и кина кај средношколците. Преку овој проектот секоја среда на сите средношколци, ќе им овозможиме бесплатен превоз на жичницата на Водно и со железничкиот сообраќај во Република Македонија, како и бесплатни билети за театрите, музеите и кината во државата. Верувам дека ќе придонесат за интересот на овие категории и ќе обезбедат дополнителна вредност во тие полиња. Овие два проекта се дел од една поширока палета од 100 мерки и проекти кои се наменети за младите и за образованието како составен дел од младинскиот живот, и кои во идниот период ќе бидат објавувани од страна на нашата политичка гарнитура, проекти и мерки на кои сериозно работевме подолг период, и тоа од страна на стручни лица, но пред се како резултат на добиени идеи од страна на младите лица кои се најмногу засегнати од младинските предизвици и најдобро ги чувствуваат младинските потреби, и како резултат на тоа имаат најдобри решенија за истите“ изјави Груевски.

Станува збор за проекти и мерки на кои сериозно работевме подолг период, и тоа од страна на стручни лица, но пред се како резултат на добиени идеи од страна на младите лица кои се најмногу засегнати од младинските предизвици и најдобро ги чувствуваат младинските потреби, и како резултат на тоа имаат најдобри решенија за нив.

Сушењето алишта во затворен простор е опасно по здравје

Една тура од машина за перење облека, во себе има и до две литри вода, која следните часа ќе се ослободува во просторијата. Повеќето луѓе се имуни на овие габи или имаат доволно силен имун систем да ги сузбие

susenje-alista-620x396

Сушењето алишта во затворен простор го зголемува нивото на влага во воздухот до 30 отсто, со што се создаваат идеални услови за развоја на габични спори, особено Aspergillus fumigatus кои лесно се вдишуваат и се венсуваат во организмот.

Овие габи обично не се опсни за здрави луѓе, но, кај оние со нарушен имунитет може да предизвикаат белодробни инфекции

Професорот Дејвид Денинг и лекасрскиот тим во Манчестер велат дека во последните години се повеќе луѓе се лекуваат од габични инфекции.

„Една тура од машина за перење облека, во себе има и до две литри вода, која следните часа ќе се ослободува во просторијата. Повеќето луѓе се имуни на овие габи или имаат доволно силен имун систем да ги сузбие“, истакнува Денинг.

Сепак, луѓето со нарушен имун систем и астматчарите може да имаат проблеми.

Освен тоа, за здравјето на лицата во домот во кој се сушат алишта не е добро да вдишуваат влага во која се наоѓа хемикалии од детергентот и омекнувчот, кои во мали количини остануваат и перењето.

Најдобар начин е сушење вон просториите во кои престојуваат луѓето (во двор или на тераса), па дури и во зима додека температурата е над нулата. Добра алтренатива е машина за сушење облека.

Ves

Сушењето алишта надвор, особено во пролет и лето, овозможува облеката да се исонча, а добро е познато дека ултравиолетовите зраци ги убиваат бактериите.

СЕКСИ ФОТО: Жешката Татијана Стефановска ги покажа своите адути

1

Фолкерка Татијана Стефановска реши во манир на вистинска Баба Мразица да ги усреќи сите обожаватели со жешка фото-сесија.

Со стајлинг на Зоран Шурбевски и пред објективот на Дарио Јанковиќ Татијана ги покажа сите свои адути.

2

Освен овие преубави фотографии Татијана предновогодишно го промовираше и својот нов спот за песната „Какво срце имаш ти“ кој го снимаше Бокс продукција. Песната е на Дејан Момировски со текст на Борче Нечовски.

3

A за Нова Година нашата згодна Баба Мразица ќе летне над океанот за да ги развеселува нашинците на турнеја низ Америка.

4

Нови измени во законот за исплата нa К15 во Македонија

pari

Работодавач кој ќе побара од вработен да му врати одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавецот, дека ќе се казни со затвoр од три месеци до три години. Оваа промена неодамна е внесена во кривичниот законик.

Ова новина дојде откако лани многу фирми каде се исплаќаше К15 бараше од своите вработени да вратат дел од парите во фирмата, или пак да ги вратат на рака на управителот. Дури, излегоа и снимки каде ова беше констатирано, иако не видовме епилог од било кој случај.

Сега К15 имаат обврска да платат сите профитабилни фирми во земјата. Оние што се во загуба нема да мораат да исплатат К15 во прретходен договор со синдикатот.

Успесите на младите пијанисти од музичкото училиште во Прилеп

10426559_10153297032717878_5539586871188981425_n

Дека музичкото училиште во Прилеп е ризница на млади и перспективни музичари, сведочат бројните успеси и освоени награди на талентираните ученици од ООМУ “Ордан Михајлоски – Оцка” од Прилеп. Токму тоа повторно го докажаа учениците по пијано од класата на Проф. Христина Никоска.

12278852_946883185347934_3956197376479731225_n

“Особено сум горда, затоа што се работи за едни од моите најталентирани и вредни ученици, со бројни настапи и награди, кои сведочат за нивните квалитети и нашата посветена работа” – ни открива Проф. Христина Никоска.

На интернационалниот натпревар “Охрид, те сакам”, koj се одржа од 25-29 ноември, нашите млади пијанисти имаа одлични и впечатливи настапи. Во конкуренција со музичари од сите балкански земји, интернационалното жири им додели: специјална прва награда на Арсениј Ангелески, втора награда на Исидора Ангелеска и трета награда на Марија Котеска.

12341064_10153755876047878_2401078539370977588_n

Една недела подоцна, на Фестивалот на млади музички и балетски таленти, кој се одржа во Скопје, малите виртуози повторно успешно се претставија, при што Арсениј Ангелески се здоби со прва награда, а Марија Котеска и Исидора Ангелеска со втори награди во своите категории.

Овој огромен успех на младите и надежни музичари претставува поттик и инспирација за да продолжат со континуирана работа при истражувањето на тајните на пијанизмот, со желби еден ден успешно да не претставуваат на домашните и светските музички сцени.

Патрон празник на ОУ „Климент Охридски“

5905-patron-praznik-na-ou-kliment-ohridski-960x600-7

По повод патрониот празник ОУ „Климент Охридски“ со пригодна свечаност го одбележа овој значаен датум, а ученицте на присутните им се преставија преку интересни програмски точки подготвени од многубројните училишни секции. Воедно ова беше убава можност да се видат и новитетите кои на ова училиште му овозможија поубав и пофункционален изглед како што е замената на врати и подови. Оваа инвестиција чини триста илјади денари, средства обезбедени од Буџетот на локланата самоуправа. Во ова основно училиште извршена е и целосна реконструкција на ентериерот во старата училишна зграда, се со цел подобрување на условите за изведување на наставата. Градежните активности околу реновирањето на ентериерот на зградата опфатија: поставување на нови бетонски плочи помеѓу катовите, нови подови од линолеум, комплетно малтарење на ѕидови со абрип, спуштање на тавани со плочи од кнауф и поставување на нова електрична инсталација. Целосната реконструкција е финансирана од буџетот на општина Прилеп во износ од 2.500.000 ден. (два милиони и петстотини илјади денари). Градоначалникот Марјан Ристески честитајќи им го патрониот празник на учениците и професорите им посака во новите школски услови да постигнат уште позначајни резултати нагласувајќи дека и понатаму образованието останува приоритет на локалната самоуправа и дека грижата за младите генерации кои доаѓаат е најсуштинска за едно општество.

8

11

5905-patron-praznik-na-ou-kliment-ohridski-960x600-6

2

3

4

5

6

7

Зошто пред Нова година се кити елка?

bozik

Според една руска бајка, кога се родил Христос, една ѕвезда на небото ги водела мудреците од исток, покажувајќи им го патот до пештерата во која се наоѓала Богородица со Христос. Над пештерата во која е роден Христос растеле три дрвја – бор, кедар и елка.

Над нив се послала светлината кога се родил Христос, па посакале и тие нешто да подарат. Кедарот ги затресол своите гранки и пред пештерата паднале иглички преполни со преубав мирис. Борот ги подарил најубавите шишарки. А елката почнала да плаче, бидејќи немала ниту шишарки, ниту мирслива арома. Солзите на елката ги видела ѕвездата и се сожалила.

Поради нејзината голема желба и таа да го дарува раѓањето на Христос, не дозволила таа да остане тажна во ноќта. И пратила една мала ѕвезда која се нашла на врвот од елката. Тогаш ѕвездата силно засветила и поклонувајќи се длабоко, ја спуштила ѕвездата пред пештерата каде што лежел Христос. Затоа денес на врвот на новогодишната елка се става ѕвезда, како знак на љубов кон Христос.

Интервју со ТHE HOUNDS, момците на кои “палењето” на сцени им е хоби

Започнаја како млад локален бенд, со желба и планови да направат многу. Денес после 6 години тие се нашите локални рок херои. Златко Карчески, Илија Мирчески, Јане Петкоски и Крсте Карчески или ТHE HOUNDS, се одличниот спој кој ја крева публиката на нозе, каде и да настапуваат. Препознатилива енергија и неуморност се главните карактеристики на нивниот бенд, широка листа на композиции што ги изведуваат, како и свои дела кои не заостануваат. Чекавме на нивното интервју, не затоа што не сакаат соработки, туку затоа што не можат да се добијат. Дечките се презафатени, настапуваат низ целата држава и секаде оставаат голем жар на сцената.

Здраво дечки и добредојдовте на страниците на маркукуле.мк !

Се сеќавам на вашите први настапи пред 6 години, беше тоа во ноќниот клуб The End. Коментарите уште во тоа време беа позитивни од сите кои ве следеа. Уште тогаш се знаеше дека ќе прерасните во врвен бенд и ќе имате богата агенда во иднина. За почеток кажете им на нашите читатели како дојде до ова име на бендот и што значи, kако се формира бендот, чија беше иницијативата и кои беа првичните планови на бендот?

Пред 6 ипол години сите членувавме во 3 различни бендови кои функционираа на локално ниво. Музиката ни е професионална определба на сите. Почувствувавме дека е време за бенд со поинаква идеологија од тогашниот мејнстрим. Се погоди муабетот, се собра екипата, ја нарековме ‘TheHounds’.

Настапите на The Hounds се навистина бучни, полни со публика и многу скокање. Како успевате да предизвикате таква атмосвера и на што се должи тоа?

Чиста среќа. Обично ние дома лежиме по цел ден, си ги средуваме мислите, и доаѓа четврток, заминуваме на свирење и спонтано се случува магијата, народ скока, ние бучиме, знаете, има љубов.. Хаха.. Не, зафрканција на страна, успехот се случува само со работа, а и нормално мора да го сакаш тоа што го работиш. Мило ни е што имаме публика која не разбира и која ја сака нашата музика. Преблагодарни сме, ќе продолжиме да сме искрени со нив, никогаш нема да се штедиме, безрезервно ќе ја даваме целата енергија и љубов што ја поседуваме!

Имате настапувано во скоро сите прилепски локали, кога почнавте да настапувате надвор од градот и на кои се места можеме да уживаме во вашата музика низ Македонија?

Иако сме од Прилеп, тоа не е местото каде што свириме најчесто. Свириме секогаш и секаде. Имаме база на фанови и пријатели низ цела Македонија, горди сме на тоа.

Што до сега имаат The Hounds како свој производ и на што работат моментално?

До сега имаме издадено 8 синглови и 5 спота. Моментално се работи на последните 2 песни од албумот.

Дали можеме да очекуваме интернационална кариера oд Тhe Hounds, дали имате такви контакти за во блиска иднина?

Можете 😀

Соработката со Леа навистина претставува еден одличен спој, секоја чест. Како дојде до овој контакт и дали би се случиле и нови заеднички хитови во нареден период?

Благодариме. Имаме кажано и во претходна прилика, ‘Насмевка’ со Леа ни се случи исто како и ‘Да дишеме слободно’ – сосема спонтано и природно. Ги сакаме соработките со неа, дифинитивно ќе има уште многу заедничка музика.

Што би му порачале на читателите на маркукуле и на вашите секогаш присутни фанови, поддржувачи и хејтери? 

На вашите читатели им порачуваме, а вам ви посакуваме да продолжат да ве читаат. На фановите поддржувачите и хејтерите им се заблагодаруваме, им посакуваме да размислуваат со своја глава и цврсто да стојат на својот став. Продолжуваме да ги слушаме сите, и позитивни и негативни коментари, подеднакво се важни и стимулативно делуваат на нас.

Редакцијата на маркукуле.мк ви е благодарна за одвоеното време и ви посакува преполни настапи, многу издадени песни и соработки во иднина и да остарите заедно на сцената.

Ви благодариме на вниманието, ви посакуваме успешна работа во иднина.

Подготви: Александар Георгиоски