дома блог страница 4992

Тутунарите задоволни од почетокот на откупот

Големите откупни компании почнаа со откупот на тутунот. Од денеска тутунот се откупува во „Алијанса“ од Кавадарци и „Струмица табак“, а од понеделникот вратите на пунктовите ги отворија и „Сокотаб“ од Битола и Прилепскиот тутунски комбинат.

Според Сојузот на тутунските здруженија, годинашната реколта е над 20.000 тони и е помала од ланската, но е поквалитетна. Затоа тутунарите очекуваат солидна откупна цена и реална процена на вагите на откупните пунктови.

– Тутунарите се задоволни од почетокот на откупот. Така очекуваат да продолжи. Големите откупни претпријатија ги отворија пунктовите. До понеделник сите девет откупувачи ќе го проценуваат родот на вкупно 186 ваги на 152 откупни пункта во земјава. Моментално се откупува на 85 ваги, изјави претседателот на Сојузот, Данчо Милески.

Во посета на пунктовите во Прилеп денеска ќе биде заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, кој ќе ги посети пунктовите на „Сокотаб“ од Битола и градскиот пункт на Прилепскиот тутунски комбинат.

Костадиновски ќе има средби и со земјоделците од Кривогаштанско.

Времето студено и магливо

magla2

Во Скопје времето ќе биде магливо и тивко, а кон средината на денот ќе има извесно расчистување на маглата. Кон крајот на денот ветерот ќе се засилува од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до шест степени.

В четврток и в петок ќе има зголемување на облачноста, но ќе дува умерен северен ветер кој ќе предизвика расејување на маглата.

За време на викендот, пак, ќе преовладува сончево и малку попријатно и потопло време со мала до умерена локална облачност.

Новиот „АјФон“ ќе чини помалку од 500 долари

„Епл“ планира идната година да лансира нов четириинчен телефон „АјФон“.

mobilen

Веќе слушнавме многу за „малиот АјФон‟, а сега аналитичарите од „КГИ Секјуритис“ даваат повеќе информации за неговите спецификации.

Наводно новиот 4-инчен телефон „АјФон“ ќе влезе во масовно производство во првиот квартал идната година, па така може да биде објавен пред моделите „АјФон 7“ и „АјФон 7+“, кои најверојатно ќе стигнат во септември идната година.

Аналитичарите исто така предвидуваат дека „Епл“ ќе го продава четириинчниот „АјФон“ по цена од 400 до 500 долари, а се претпоставува дека цената од 400 долари ќе биде за моделот со 16 гигабајти.

Претстојниот компактен „АјФон“ ќе биде направен од метал, ќе има А9 чип сет како и NFC за да го поддржи системот за плаќање „Епл Пеј“.

Што се однесува до камерата, се очекува сензор од 8 мегапиксели од задната страна.

Се очекува „Епл“ да испорача 20 милиони четириинчни телефони АјФон до крајот на идната година.

Цел свет зборува за пророштвата на Баба Ванѓа

За пророштвата на Баба Ванѓа се зборува на големо, а Бугарката која почина пред 20 години, имала што да каже и за големата муслиманска војна. Таа го предвиде неговиот почеток во 2016 година, а голем број на луѓе ширум светот смета дека ќе бидат погодени затоа што 85% од случаите била во право.

baba-Vanga-Islamska-drzava-620x350

Пророчницата како што наведува, ги предвидела терористичките напади во Америка на 11 септември, како и цунамито во Индискиот океан во 2004 година. Исто така предупреди и дека муслиманските екстремисти ќе извршат инвазија на Европа следната година.

vanga-1

Така Ванѓа рекла дека во 2010 година ќе почне „големата“ муслиманска војна, а дека истата ќе заврши во 2043 година, со воспоставување на калифат со седиште во Рим. Пророчницата „видела“ и дека Европа ќе престане да постои до крајот на следната година и дека континентот ќе остане речиси празен без никаков облик на живот. Нејзиното јасно пророштво привлече внимание кај теоретичарите на завери, кои укажуваат на активност на Исламската држава во близина на Европа и во Либија.

vanga-2

Следбениците на Баба Ванѓа велат дека предвидела цунами во 2004 година. Таа имено рекла дека „голем бран“ ќе го прекрие копното преполно со луѓе и градови и дека се ќе исчезне под вода“.

Во 1989 година таа прорече дека „американските браќа“ ќе бидат нападнати од две челични птици, што е јасна асоцијација на нападите во Њујорк на 11 септември.

vanga-4

Видовитата жена наводно уште пред 60 години ги предвиде последиците од климатските промени, кога предупреди дека ледените капи на половите ќе се стопат и ќе предизвика пораст на нивото на морето. Вангелија Димитрова е родена во селото Струмица, под тогашното Османско царство. Се верува дека го изгубила видот во голема бура која ја погодила и ја фрлила на земја.

vanga-3

Таа подоцна тврди дека има дарба да ги предвидува настаните во иднината. Многу богати и славни личности вклучувајќи и шефови на држави и моќни политичари ширум светот одат кај неа да побараат совет.

ЕКСКЛУЗИВНО:РЕШЕНА АФЕРАТА СО ЛИЧНИТЕ КАРТИ-УШТЕ ЕДЕН НЕУСПЕШЕН ОБИД НА СДСМ ЗА МАНИПУЛАЦИЈА СО ЈАВНОСТА

Нови сознанија за случајот со т.н. фалсификувани лични карти излегуваат на површина. Како што објави телевизија „Сител“ во централниот дневник, добиени се нови податоци кои укажуваат дека т.н. афера околу личните карти е всушност нечија манипулација.

Врз основа на наредба на Јавното обвинителство, како што објавува „Сител“ била обезбедена писмена и електронска документација од Државната изборна комисија. Од увидот во електронската документација било утврдено е дека ниту една од 105 фалсификувани лични карти кои неделникот „Фокус“ ги предал на МВР не била употребена за гласање.

Според тврдењата на „Фокус“ ова биле само мал дел од наводно 30.000 фалисификувани лични карти кои биле злоупотребени за изборите. „Фокус“ веќе еднаш излезе со слична приказна и за фалсификувани патни исправи, со која требаше да се оправда огромниот пораз на СДСМ на минатите избори.

Исто така, како што објавува „Сител“ направени се проверки и во системот за интегрирано гранично управување. Ниту една од овие лични карти не биле употребени на ниту еден граничен премин за влез и излез низ границите на земјава.

Со наредба на Јавното обвинителство биле извршени проверки и во правниот сообраќај кој се однесува на отворање фирми и други деловни односи. Било утврдено дека ниту една од овие лични карти не била употребена и за таа намена.

После овие сознанија се отвора прашањето кој ги фалсификувал и со која намера тие лични карти. Првично неделникот „Фокус“ и техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски тврдеа дека тие биле употребени за избори.

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати го повикаа Спасовски да не молчи за случајот да открие што конкретно дознале и дали спровеле истрага, бидејќи Македонија заслужува фер избори без никаква дамка.

„Јавноста бара информации зошто Оливер Спасовски прикрива кој стои зад наводниот скандал кој го обелодени „Фокус“. Јавноста бара информации кои се членовите на Избирачките одбори што им овозможиле на лицата со фалсификувани лични карти да гласаат на избирачките места. Јавноста бара информации каде се изработени фалсификуваните лични карти и кој ги координирал активностите. Оливер Спасовски мора да одговори зошто прикрива каде се уште 29. 900 фалсификувани лични карти“, апелира деновиве ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски, пак, одговарајќи на пратенички прашања, не даде конкретен одговор што открила истрагата.

Чола за најлудата ноќ се добие 100.000 евра, Северина 50.000

Будва дефинитивно ќе биде центарот на Балканот за новогодишната ноќ. Најголем дел од изведувачите ќе настапат токму таму, на централниот плоштад или пак во хотелите.

Најголем хонорар од 100.000 евра ќе добие Здравко Чолиќ, додека следниот ден ќе настапи Џибони.

Во Дубровник Северина ќе добие 50. 000 евра, a Тони Цетински во Бечичи за 10.000 евра повеќе од својата колешка.

Цеца Ражнатовиќ сѐ уште нема одлучено дали и каде ќе настапува иако има многу понуди. Поприлична сума ќе добие и Горан Бреговиќ за настап во Русија или Грција.

Учениците од СОУ “Ѓорче Петров” ja посетија Специјалната болница ФИЛИП ВТОРИ

На ден 05.12.2015 година, со учениците од трета година од здравствената струка –
медицинска сестра, беше реализирана посета на
Специјалната болница ФИЛИП
ВТОРИ.
Посетата имаше едукативен и информативен карактер и на учениците им овозможи поблиску да се запознаат со дијагностичките методи, како и со негата на болните во оваа здравствена установа.  Во знак на благодарност за соработката која трае неколку години, СОУ„Ѓорче Петров“ и додели БЛАГОДАРНИЦА на оваа здравствена установа.

[Best_Wordpress_Gallery id=”91″ gal_title=”FilipII”]

Музичката група БАЛКАНИКА со нов проект

12346803_10206731177892486_1393740552_n

Музичката група Балканика од Прилеп е одличниот спој кој постои за сите љубители на музиката и убавиот помин. Шестчлената група е секогаш на ниво на задачата да пренесе одлично расположение, да понуди добра музика и да остави задоволни гости.

12336210_10206731177972488_378595001_n

Членовите на добро познатата прилепска група Балканика деновиве интензивно работат на снимањето на новиот проект, каде во живо се снимаат неколку сплетови со различен музички карактер. Имено и покрај набиената агенда која е исполнета со настапи низ цела држава, група Балканика одвои време да им се заблагодари на фановите и по повод Новогодишните празници да им подари нов видео материјал.

12336155_10206731177932487_1299101632_n

12319394_10206731178012489_240689750_n

Материјалот се снимаше во ресторан Екскалибур во Прилеп, а за видео продукцијата се задолжени Фото Дано. Како продуцент и снимател на аудио материјалите стои Мендо Ташкоски и Маријан Стоименов. Огромниот репертоар, професионалноста и различните инструменти кои се негуваат од страна на бендот се надалеку препознатливи.

12336390_10206731177852485_2020766587_n

12348468_10206731177692481_1568497702_n

12355073_10206731178052490_1617552673_n

12278201_10206731177812484_927083483_n

За сите оние што не знаат сакаме да ги претставиме членовите на групата Балканика: Мендо Ташкоски – хармоника, клавијатури, гајда и кавал, Роберт Ристевски – вокал, Љупчо Тумбоски – Тумбе – виолина, Димитар Настески – кларинет и саксофон, Роберт Стојчески – клавијатури и Емил Велкоски – ударни инструменти.

12355221_10206731178092491_1787253937_n

https://www.facebook.com/BalkanikaBandPrilep/?fref=ts (линк од фан страната на Балканика бенд)

Тикет на денот – 08.12.2015

ПСВ – ЦСКА Москва 1

Севиља – Јувентус 1

Манчестер Сити – Менхенгладбах 1

Галатасарај – Астана 1

Трамп бара забрана за влез на муслимани во САД

Според Трамп, истражувањата покажуваат омраза на муслиманите кон Американците, што може да ја доведе нацијата во опасност, а забраната треба да остане во сила се додека „официјалните претставници на земјата не утврдат за што станува збор“.

donald-tramp

Муслиманите од Пакистан и Индонезија го осудија повикот на Доналд Трамп да им се забрани на луѓето од исламска вероисповед влез во САД, нарекувајќи го кандидатот на републиканците за претседател „расист кој промовира насилство“.

Изјавата на Трамп за спречување влез на муслиманите во САД предизвика огромни критики и во САД. Тој побара „целосна и комплетна“ забрана за влез на муслиманите во Америка по неодамнешниот терористички напад во Калифорнија, во кој загинаа 14 лица, а беше извршен од брачна двојка радикални исламисти.

Според Трамп, истражувањата покажуваат омраза на муслиманите кон Американците, што може да ја доведе нацијата во опасност, а забраната треба да остане во сила се додека „официјалните претставници на земјата не утврдат за што станува збор“.

Белата куќа веднаш реагирала на ваквата изјава, оценувајќи ја како „антиамериканска“ и објасни дека таа е спротивна на сите американски вредности и интереси за национална безбедност