дома блог страница 4985

Најладно утрово во Маврово, измерени -4 степени

Во Маврово утрово се измерени – 4 степени, во Крушево – 3, – два во Ѓуриште, Лазарополе, Тополчани, Берово, -1 степен во Пожаране, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

minusna-temperatura-640x331

Еден степен е измерено во Крива Паланка, Претор, Штип, два во Скопје, Тетово, Битола, Охрид, три во Прилеп, Виница, Струмица, 4 Кавадарци, Демир Капија, пет степени во Дојран и 6 Гевгелија.

Преку ноќта, информира УХМР, беше претежно облачно со ниска облачност и магла по одделни котлини.

Утринава е умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер.

Фејсбук се забранува за помлади од 16 години

zabrana-za-fejsbuk-za-lica-pod-16

Европската унија подготовува нов закон со кој во цела Европа би можело да биде забрането користење на социјалните мрежи од страна на лица помлади од 16 години.

Со Предлог-закон се предвидува минималната возрасна граница за користење на социјалните мрежи, како Фејсбук, Снапчат и Инстаграм, но и на електронска пошта да се зголеми од досегашните 13 на 16 години, пишува „Хафингтон Пост“.

Ако предлогот биде усвоен, илјадници европски тинејџери за секое пристапување до социјалните мрежи, симнување апликациим па дури и користење на одделни веб пребарувачи, ќе треба да добијат дозвола од своите родители.

Ваквиот закон би можел да предизвика многу главоболи и за надлежните во Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Снапчат и Гугл, затоа што голем број од нивните корисниците се токму младите, кои само што навлегле во тинејџерските години.

– Подигнување на минималната возраст за користење на социјалните мрежи само ќе ги наведи младите да лажат за нивната возраст. Децата постари од 13 години веќе се навикнати да се служат со интернет на одреден начин, а поради ваквата ненадејна промена на правилата само ќе почнат да лажат, наместо да ги прашаат родителите за дозвола, предупредуваат противниците на законот.

Реакциите на младите на социјалните мрежи, очекувано, се уште полоши.

– Ова се еден куп глупости: Тоа нема да ги заштити тинејџерите, туку ќе ги замолчи, не е во ред, се само некои од коментарите.

Непознат човек го исплатил кредитот за лекување на тешко болно дете

rublji-pari-640x328

Непознат хуманитарец го платил кредитот од 500 илјади рубљи што претходно го подигнало семејство од Калининград за лечење на тешко болно осумгодишно дете.

 

Пред две години лекарите му поставиле дијагноза рак на крвта на осумгодишниот Елисеј Уланд. Родителите на момчето подигнале кредит од 460 илјади рубљи за да платат за трансплантација на коскена срж во Германија.

По година и половина, момчето починало, а ова семејство немало пари за исплата на месечните рати од кредитот и за лекување на мајката на детето која во меѓувреме тешко се разболела.

Во моментот кога се појавила статија во весникот „Страна Калининиград“ за тешката положба во која се нашло семејството на момчето, долгот спрема банката изнесувал 500 илјади рубљи. Во редакцијата на весникот по неколку дена дошла помошничка на еден човек која сакал да го плати кредитот и да остане анонимен.

-Бескрајно сме му благодарни, тоа е шанса да се стабилизира нашиот живот! Тешко ми е да ги искажам емоциите што ги чувствувам преку зборови, вели таткото Рудолф Уланд.

Тој истакна дека многумина се јавувале и пишувале, нуделе помош, а едно семејство понудило дури и кученце од расата „Шпиц“ што починатото дете сакало да го има откако ќе оздрави.

Неговото семејство засега не е во можност да го прими овој подарок, затоа што мајката сѐ уште се чувствува лошо, но штом нејзината здравствена состојба се стабилизира, ќе го земе кученцето за да можат родители барем на тој начин да му ја исполнат желбата на починатото дете, пренесува порталот „Правмир.ру.

Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ го посетија кабинетот на градоначалникот Ристески

IMG_8068

Група ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ заедно со своите родители и професори, денеска ја посетија општина Прилеп и оставрија средба со градоначалникот Марјан Ристески. Целта на нивната денешна посета е проектот кој се вика “Тhrough practice to better skills” или во превод „Низ пракса до подобри вештини“ финансиран од „Националната агенција за европски образовни програми и мобилност“ .

IMG_8077

IMG_8070

IMG_8074

Учениците денеска пред градоначалникот Ристески ги презентираа своите искуства, знаења и праксата добиени во Романија, а воедно ги споделија и инпресиите од домакините и од стекнатите познанства.

IMG_8099

IMG_8085

IMG_8095

Турнир во бразилска џиу-џица во Охрид, 8 медали за клубот БЏЏ Рутс од Прилеп

1272521_935775649791582_1705833423018221878_o

Викендов во Охрид се одржа натпревар во боречката вештина бразилска џиу-џица, во организација на клубот БЏЏ Рутс-Охрид, во соработка со Македонската федерација за бразилска џиу-џица, на чело со Претседателот Ивица Алексовски. На турнирот учествуваа клубови од Скопје, Охрид, Куманово, Битола и Прилеп. Натпреварите се одржуваа во две дисциплини, со кимоно и без кимоно, во машка и женска конкурeнција. Клубот БЏЏ Рутс Прилеп, под водство на инструкторот Катерина Атанасоска имаше одличен настап и учествуваше со 8 натпреварувачи.

1795330_935775736458240_2523159477257077184_o

10333751_935775759791571_5363300669155630317_o

Вкупно се освоени 8 медали, од кои: 2 златни за Христијан Граороски, 1 сребрен медал за Стефан Сталески и 5 бронзени медали, за Стефан Сталески, Христијан Тасески, Душан Јаничиевиќ, Мартин Николов и Лела Јурукова, во женска конкуренција.

12377742_935775819791565_2566065170974713223_o

12365946_935775516458262_4278393022285862848_o

12370748_935775459791601_2206592768549001268_o

12370765_935775539791593_4567816041180964308_o

За пофалба е настапот на нашиот нај искусен натпреварувач кој имаше 6 борби, 3 во кимоно и 3 без кимоно при што издвојува 6 победи. Освои две први места и два златни медали. Без медал останаа Наумче Трајкоси и Игор Велески, кои имаа по две борби, но не успееја да обезбедат место во првите тројца. Натпреварот беше одлично организиран, помина во најдобар ред и пред се беше едно убаво искуство и спортско дружење за сите учесници. На крајот на турнирот Претседателот Ивица Алексовски одржа семинар за Бразилска Џиу Џица.

12357151_935775869791560_6638539993297730836_o

ЗАГРИЖУВАЧКИ РЕЗУЛТАТИ ОД СОСОТОЈБАТА ВО ТЕКСТИЛНИТЕ КОНФЕКЦИИ

Загрижувачки резултати покажа минатомесечната анкета на нашиот портал за условите во текстилните конфекции во Прилеп. Апелираме ваквите состојби во конфекциските погони да се искоренат и да се почитуваат работничките права согласно законот за работни односи во Р. Македонија.

Им стоиме на распллаганее на сите оние што имаат лошо искуство и сакаат да го споделат со јавноста да соберат храброст и да и пишат на нашата редакција.

Во наредниот период се осврнуваме на младите и нивните потреби.  Нашите редовни читатели и посетители на сајтот ќе имаат можност да го истакнат своето мислење во однос на тоа кој е најдобар проект за младите во Р. Македонија. Анкетата е веќе поставена.

[democracy id=”6″]

Руските хулигани донесоја кодекс со правила, кој ќе падне на земја не го тепаат

Руските навивачки групи се познати по својата екстремност. Од неодамна тие се договорија меѓу себе и донесоја Кодекс на правила, кој ќе го почитуваат во ситуации на ескалација на настаните.
Целта на овој правилник е да се избегнат или да се намалат случаите на смртност во случај на тепачка и меѓусебни пресметки.
Кодексот го вклучува и тоа да нема тепачки кога игра репрезентацијата, да не се напаѓаат обички навивачи и да не се тепаат навивачи кои ќе паднат на земја.

 

Овие правила 12 на број, од кои некои се применувале и до сега се следните:

  1. Се тепаат само хулиганите меѓусебно, забрането е напаѓање на обични навивачи.
  2. Во тепачката е дозволено да се земат навивачки реквизити, но не и мобилни телефони, саати и останати приватни работи.
  3. Во конфликт со полицијата се помага на навивач иако е од спротивна страна.
  4. Доколкгу некој сам го даде навивачкиот реквизит, не смее да се тепа.
  5. Никогаш не смее да се удира жена.
  6. Нема тепање додека игра репрезентација.
  7. На стадион секогаш се бодри екипата, без разлика на резултатот.
  8. Секогаш помогни на братот од групата, без разлика на проблемот кој го има.
  9. Секој навивач мора да оди на гостување на кое може да оди.
  10. Нема меѓусебни тепачки додека траат европските натпреварувања.
  11. Договорени тепачки можат да почнат ако бројот на двете групи е ист.
  12. Ако некој во тепачката падне, веќе не смее да се тепа.

Груевски: Бесплатно патување на атрактивни дестинации за најдобрите македонски студенти

121212121

Почнува владиниот проект на чија најава се израдуваа студентите. Најдобрите студенти ќе добијат бесплатно патување на атрактивна локација- Париз, Венеција и Барселона.

– Токму за оваа мерка деновиве повторно зборувавме на Владата. Усвоивме уште една информација во правец на прецизирање на деталите поврзани со оваа мерка. Мерката почнува веќе од следната година. За сите студенти на првите три рангирани универзитети во Република Македонија согласно ранг листата што ја прави Шангајскиот универзитет секоја втора година. За сите студенти што имаат просек над 9,5 на првите три рангирани универзитети бесплатно патување со авион и ќе го покрие целото патување вклучувајќи го сместувањето, храната, авионскиот превоз и се останато што влегува во еден таков аранжман на три дестинации за кои проценивме дека се меѓу најатрактивните за патување на младите. Тоа се Париз, Венеција и Барселона. Ќе има две тури годишно. Едната ќе биде некаде во периодот мај-јуни, втората во периодот септември, најдоцна почетокот на октомври. Секој оној кој во претходниот период ги завршил испитите, а се уште нема дипломирано или ако воопшто на факултетот нема дипломирање, има некои факултети каде кога ќе ги завршите испитите добивате и диплома, по завршувањето на последниот испит и земањето на уверение за дипломирање, секој којшто има над 9,5 просек на првите три рангирани универзитети ќе добие наградно, целосно бесплатно патување на една од овие три дестинации, истакна премиерот.

Груевски потенцира дека тоа е поттик за младите да се борат, да имаат подобар резултат во своето учење, да акумулираат повеќе знаење и да имаат една награда повеќе и еден стимул повеќе, иако има многу други стимули коишто низ животот ќе им помогнат ако имаат апсорбирано знаење низ своето високо образование.

-Ние сакавме да излеземе со уште една понуда за нив, за да ги охрабриме, да стекнат повеќе знаење и со тоа да добијат повисоки оценки и да го добијат и ова бесплатно патување, заклучи Груевски.

 

H$P и Arhetip во првата соработка

22222222222222222

Ви ја претставуваме песната, а и прва соработка на диџејот и продуцент H$P (Хари Ристески) од Прилеп заедно со членот на рап триото „Станица 048“, Arhetip (Александар Златески).
Се работи за комбинација од Trap и Hip Hop жанр на музика.

Паника кај жените: Од овој шампон станаа ќелави!

Стотици незадоволни жени поднеле тужба против фризерот и неговата линија на производи за коса зашто им го уништил животот.

Познатиот американски фризер, миленик на бројни холивудски ѕвезди Чез Дин, се соочува со сериозни обвиненија од корисниците на неговата линија на производи.

Тој на пазарот лансирал шампон под марката “Wen”, а жените кои го користеле тврдат дека значително им се разретчила косата, а некои наведуваат дека им паѓаат прамени.

До сега против него се поднесени околу 200 тужби ширум САД.