дома блог страница 4

(ВИДЕО) Прилепската пратеничка прочита неколку непобитни факти и ја замолкна Сања Лукаревска

Објаснете и’ на целата јавност, зошто ја донесовте Република Македонија на ова дереџе како што е сега? Во секоја општина сте драстично поразени, затоа што граѓаните ви пресудија за вашето несовесно, недомаќинско и хаотично работење – порача од собраниската говорница пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Билјана Кузманска, реплицирајќи и’ на својата колешка од СДСМ, Сања Лукаревска.

Целата реплика на Кузманоска проследете ја во продолжение:

-Ги излажавте студентите за ваучерите, им ветувавте, но кажавте накрај дека немало пари за тоа, а сега може да има пари. Оваа Влада ќе додели 55.000 ваучери со вредност од 15.300 денари, затоа што младите не се статистика, туку се приоритет во оваа држава.

Велите дека се појавила дупка во пензискиот фонд, па вие ги излажавте пензионерите. Во ваше време им велевте на пензионерите, дека пензиите можат да пораснат по 180 ден. годишно. Па со тој ваш раст, можеа само кафе тогаш да си купат пензионерите. А денес со сериозна и одговорна политика, пензиите се зголемени 7000 денари за година ипол.

Во овој Буџет предвидени се 116,8 милијарди денари, или раст од 9,8%. Е сега веќе ќе има пари, ама затоа што некој се залага за рационално да бидат распределени, а тогаш немаше затоа што ги трошевте парите. 7 години ја формиравте буџетската каса од народни пари, и што направивте? Ништо не направивте. Извинете грешам нешто… направивте едно нешто, ги направивте граѓаните должници. Направивте огромни долгови за проекти кои јавноста никогаш не ги виде. Плаќаме и ден денес камати, за ваши нереализирани фантазии, наречени капитални инвестиции. И сега доаѓате да зборувате за развој… Вие сте последни што имате право да зборувате за развој, порача Кузманоска од собраниската говорница.

Eзерото, Гумење, шеталиштето… Крушево се чисти и уредува (ФОТО)

Новизбраниот градоначалник на општина Крушево, Нико Чонески, веќе ги засука ракавите и започна со уредување на градот. Екипите на ЈП “Комуна” деновиве аквитно работат на расчистување на депонии околу езерото, на Гумење и на Шеталиштето.

-Тимовите на ЈП Комуна деновиве беа распоредени на повеќе локации – Езерото, Гумење и Шеталиштето, каде неуморно и одговорно работат. Со секојдневна посветеност се грижиме Општина Крушево да биде најчиста и најсредена општина, онаква каква што сите ја заслужуваме.
Продолжуваме со истото темпо
– напиша Чонески.

Утрово најстудено во Битола -4, во Прилеп измерени -1 степен

Најниска температута од -4 степени утрово е измерена во Берово и Битола, -2 во Тетово и Струмица, -1 во Скопје, Прилеп, Демир Капија и Гевгелија, а највисоки плус четири степени се регистрирани во Ѓуриште, соопшти УХМР.

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Студентите имаат уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ уреди

Министерството за дигитална трансформација ја известува јавноста дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери.

Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426.

Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за електронски уреди за студентите на додипломски студии, запишани во учебната 2025/26 година.

Рокот за аплицирање од страна на студентите е до 20.12.2025 година, а искористувањето на ваучерите ќе биде со рок до 31.12.2025 година.

Браќата Зероски му го подарија на Прилеп најдоброто место за купување пијалоци – “Ники Комерц” сега на 200м2, нема што нема! (Фото галерија)

Над 20 години традиција и успешно постоење – „НИКИ КОМЕРЦ“ е прилепски бренд што сите го знаат и барем еднаш го имаат посетено. „Кај Зеро“ одамна е синоним за најдобра понуда на алкохолни и безалкохолни пијалоци по најпристапни цени.

Сопствениците, браќата Коста и Никола Зероски, од далечната 2003 година па сè до денес, со истата посветеност и чесно трговско работење, им нудат на прилепчани квалитет, избор и постојани акциски цени.

И сега – исклучиво во Прилеп, нивната успешна приказна премина на сосема ново ниво. Популарниот дуќан порасна во голем, модерен ДИСКОНТ од 200 м², единствен од ваков тип и големина во градот. Просторен, уреден и создаден за уживање во пазарувањето.

Тука навистина НЕМА ШТО НЕМА!

Од освежителни безалкохолни пијалоци, богат избор на пива, сите познати брендови алкохол… па сè до премиум, прекрасно спакувани ексклузивни жестоки пијалоци, идеални за подарок, деловна пригода или посебен момент.

Дисконтот од денеска е веќе отворен, а купувачите секојдневно ќе можат да уживаат во големиот избор, широкиот простор и традиционално најниските цени.

Традицијата продолжува, а брендот „НИКИ КОМЕРЦ“ расте заедно со своите верни купувачи. Посетете ги и уверете се сами!

Следете ги на социјалните мрежи: Фејсбук и Инстаграм, за да не ви избега ниту една акција или специјална понуда.

Мицкоски: Додека сум премиер нема да никне ниту еден шатор за мигранти во Македонија

Додека јас сум премиер нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти и нема да примиме ниту еден илегален мигрант, напротив ќе ја зајакнеме нашата борба против илегалната миграција, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска.

– Со индигнација ги отфрлам овие шпекулации дека планираме да правиме какви било кампови за илегални мигранти. Темата што е зборувана во британските медиуми е за неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји. Таква тема не е разговарана со нас, а и да се разговара ќе се одбие. Разговарано е дека ќе се бориме заедно против илегалната миграција, илегалните мигранти кои влегуваат кај нас преку граница од земја членка на ЕУ – рече Мицкоски.

Тој најави дека како што се прави проект „Сејф сити“, ќе се прави проект Сејф кантри со кој нашите граници ќе бидат целосно мониторирани.

– Ги гледам овие салта кои ги прави опозицијата на отворена сцена и не само што не е вистина, туку за мене е навистина чудно во отстуство на каква било идеја која може да мобилизира, тие се фаќаат за политика, за антиилегалната миграција која е во темелните вредности на кои почива ВМРО-ДПМНЕ. Ова претставува однапред изгубена битка. Немаат идеја, немаат концепт и сега ајде ќе измислуваме теми. Како од сите идеи ја најдоа оваа која е фундаментална во политиките на ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски.

Маж од Дебреште вршел јавен превоз без возачка дозвола и без лиценца за превоз – кривично ќе одговара

ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против К.Т.(26) од с.Дебреште, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,вршење на jавен превоз без поседување на лиценца”.

На 23.09.2025 на регионалниот пат с.Суводол-Скопје, атар на с.Суводол, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „ман“, управувано од пријавениот, при што е констатирано дека не поседувал возачка дозвола, ниту лиценца за вршење јавен превоз.

Дизелот повторно поевтинува од полноќ, цената на бензините не се менува

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на нафтените деривати.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,009 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 33,972 ден/кг.

Апарати за домаќинство што никогаш не треба да ги вклучувате во продолжен кабел

Продолжни кабли се наоѓаат во речиси секое домаќинство, но нивната неправилна употреба може да претставува сериозна опасност од пожар.

Експертот за енергетска ефикасност, Гордон Волис, од Your NRG, предупредува дека апаратите со голема моќност никогаш не треба да се вклучуваат во продолжни кабли, без оглед на практичноста.

-Продолжните кабли имаат свое место во домот, но важно е да се разберат нивните ограничувања. Тие се дизајнирани за привремена употреба со мала потрошувачка на енергија, а не како трајно решение за работа на тешки апарати. Нивната злоупотреба не само што може да доведе до енергетска неефикасност, туку може да претставува и сериозен ризик од пожар, рече тој.

Меѓу уредите што никогаш не треба да ги поврзувате со продолжни кабли се малите кујнски апарати како што се фритези и микробранови печки, но и поголемите апарати за домаќинство како што се машини за перење и фрижидери. Сите тие бараат значителна количина на енергија.

-Поврзувањето на овие уреди со продолжен кабел може да го преоптовари струјното коло, да предизвика прегревање, а во некои случаи и искри или пожари. Од гледна точка на одржливост, исто така губите енергија поради неефикасност во испораката на енергија, предупредува експертот.

Уште поризична практика е вклучувањето на еден продолжен кабел во друг. Валис нагласува дека ова драматично ја зголемува можноста за преоптоварување.

-Можеби изгледа безопасно да се врзуваат продолжни кабли или да се користат за напојување на фрижидер или замрзнувач, но тоа е една од најопасните навики во домот. Овие апарати се вклучуваат и исклучуваат во текот на денот, создавајќи ненадејни пренапони што многу продолжни кабли едноставно не можат да ги поднесат, додаде тој.

Ако домот нема штекер на местото кое ви одговара, Валис советува да се бара трајно и енергетски поефикасно решение.

-Ако се потпирате на продолжни кабли затоа што немате доволно штекери, побезбедно и поодржливо решение е да се консултирате со квалификуван електричар за да инсталира дополнителни штекери“, рече тој.

Според него, тоа е мала инвестиција што може значително да го намали ризикот од пожар и да ја подобри енергетската ефикасност на домот.

Важно известување: Водата од овие чешми во регионот на Прилеп не е за пиење

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата во:

– Лок. в.с. Ерековци (Кочоски Пецо),

– Лок.в.с Ореовец (јавна чешма сред село),

– Лок.в.с Беловодица (двор),

– Плетвар (крајпатна Че)

– Лок.в.с Плетвар (јавна чешма) не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути.

Водата во Лок. в.с. Канатларци (бензинска) одговара за употреба.