дома блог страница 3632

Радиоактивни ѕверови ја загрозуваат планетата: Научниците со право се плашат од волците од Чернобил (ВИДЕО)

Волците кои живееле на местото на најголемата светска еколошка катастрофа- Чернобил, сега живеат во остатокот од светот, а научниците се плашат дека тие можат да шират мутирани гени. Научниците со право се плашат од волците од Чернобил.

Волците почнаа од Чернобил да заминуваат уште во 2016-та година, кога според последната евиденција имало околу 300.

Новата студија која е објавена во Европски магазин за истражување на дивите животни покажа дека на 30 километри околу Припјат, дивината останала зачувана, затоа што немало човеков фактор кој би го нарушувал живиот свет.

Во раните часови на 26 април 1986 година, дојде до катастрофа во нуклеарната електрана во тогашната Советска Украина, која предизвика бран кој испушти смртоносни облаци со атомски материјал во атмосферата, убивајќи и труејќи ги жителите и правејќи го подрачјето непосакувано за луѓето.

Меѓутоа, сите волци од тогаш се развивале, а научниците го следеле нивното однесувања по пат на предавател.

-Сега успеавме прв пат да лоцираме и да пратиме млад волк кој излезе од оваа зона, кажа екологот и водач на истражувањето, Мајкл Бајрн, кој додаде дека популацијата на волци од тогаш се зголемила за дури седум пати.

За само три недели, волкот кој научниците го пратат преку предавател поминал 300 километри. Бајрн вели дека ниту еден волк не е радиоактивен, но дека не може со сигурност да се каже дека не носи мутирани гени.

Прилепските пратеници гласаа за промена на името на државата. Имаат ли мандат за тоа??

Денес по втор пат во Собранието на Република Македонија, Хари Локвенец и Кети Смилеска гласаа “ЗА” и на тој начин го поддржаа “кукавичкиот и велепредавнички” договор со Грција според ВМРО-ДПМНЕ.

Прашањето што се наметнува е дали тие што гласаа за нив им дале мандат да гласаат за промена на библиското име на државата. Каде во Програмата на СДСМ стои дека ако победат имаат право да бидат “нунковци” на државата?

Од нив сите очекуваа повисоки пензии, плати, социјална помош 12.000 денари, 100.000 плата за лекарите, повраток на ДДВ, 13та плата… но, ништо од тоа? Напротив беа горди што гласале Прилеп да е ДВОЈАЗИЧЕН?Еве дел од ветувањата на нивната партија:

(ВИДЕО) И НАВИСТИНА Е БОГ НА ФУДБАЛОТ: Ибрахимович на спектакуларен начин го постигна својот 500-ти гол во кариерата

Феноменалниот шведски напаѓач Златан Ибрахомовиќ го постигна јубилејниот 500-ти гол во кариерата.

Фудбалерите на Лос Анџелес Галакси и ДЦ Јунајтед одиграа нерешено 2-2 во мечот на американската МЛС лига, а стрелец на спектакуларниот погодок во петтата минута за тимот на Галакси беше неверојатниот Швеѓанец.

Zlatan je tako posta tek treći aktivni fudbaler koji je došao do brojke 500. Ispred njega su samo Kristijano Ronaldo sa 676 i Lionel Mesi sa 644 postignuta gola.

Златан е третиот активен фудбалер кој стигнал до бројот 500. Пред него се само Кристијано Роналдо со 676 и Меси со 644 постигнати голови

(ФОТО) МОРНИЧАВО: Ја фотографирал неговата ќерка, но кога подобро ја погледнал фотографијата – ХОРОР !

Џим Темплтон во 1964 година ја фотографирал својата петгодишна ќерка, но вистинскиот проблем настанал кога фотографијата е извадена.

Иако од семејството Темплтон тврдат дека немало никој позади нив, за време на развуивањето на фотографијата, позади главата на девојката се појавило нешто чудно.

Дополнителната анализа покажала дека фотографијата не била подложена на никакви промени.

МАКЕДОНСКИ ЛЕКАР: Студирал 6 години, уште 3 специјализирал и на крај дава ваква дијагноза

Кога ќе ти се погоди лекарот, во исто време да е и кинолог и ветеринар, ќе добиеш ваква дијагноза…

Мицкоски гостин во „Топ Тема“ на Телма телевизија вечер во 19:15 часот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва од 19:15 часот ќе биде гостин во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија.

-Денеска во 19:15 часот ќе гостувам во ,,Топ Тема” на телевизија Телма, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Писма со закани стигнале утрово до македонските пратеници: Не гласајте за промена на името

Пратеничката Ивана Туфегчиќ пишува дека до пратениците утрово стигнало заканувачко писмо, потпишано од здружение за борба за еманципација и права на жени, кое нејзе не и е познато. Потписниците, вели таа, се закануваат со затвор доколку пратениците повторно гласаат за ратификација на договорот со Грција кој е денеска во трето читање.

– Ви доставуваме на ваше внимание, текст кој што веќе е објавен во медиумите и јасно ги отсликува одговорноста и последиците од вашето гласање на Законот за ратификација на Договорот помеѓу Грција и „другата страна“ (Македонија). Ви подвлекуваме дека гласањето За, повлекува кривична одговорност, ќе предизвика немири во Државата кои што неминовно ќе доведат до предвремени избори на кои што нема повеќе да бидете во Парламент, а многу извесно дека ќе завршите во затвор“, стои во писмото кое пратеничката го објави на Фејбук.

Туфегчиќ вели дека содржината на писмово е во најмала рака непристоен притисок на слободното уверување на пратениците.

– Притисокот за одредено гласање е легитимно право на граѓаните, меѓутоа кога во содржината ќе напишете “ќе има немири, па избори и ќе одите во затвор” нејасно е што сака писателот да постигне. И еве бидејќи толку се љубители на правото дел од член 64 од Уставот на Република Македонија: “Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието”. Апсолутно немам никаков проблем со било чив искажан став по однос на Договорот со Грција меѓутоа сите, особено оние кои се интелектуалци и кои профилираат во јавниот дискурс треба да се свесни за тежината и одговорноста за зборовите кои ги искажуваат бидејќи предизвикуваат нетрпеливост и конфузија меѓу граѓаните. Здрава дебата може и мора да се води без шпекулации, наведување, манипулации, клетви во интерес на крајот на денот на оваа држава и нејзините граѓани“, порачува Туфегчиќ.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1563061053823439&id=100003586793553

Уживајте во сонцето уште денес, од утре повторно промена

Времето во Македонија денес ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. УВ=9

Дневната максимална температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 36 степени.

Во петок и за времен на викендот во попладневните часови, претежно во источните и северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси, особено во сабота. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.

“Кривични за сите пратеници што гласаа за промена на име, за Заев и Димитров, поднесе ВМРО-ДПМНЕ?!”

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави против власта за креаторите и потписниците на Договорот со Грција и за Законот за јазиците, најави вчера Александар Николовски, потпретседателот на партијата.

Според Николовски, овие дела не застаруваат, тој смета дека судството и обвинителството нема да одговорат на нивните пријави, но делата сепак не застаруваат некогаш. Тој смета дека „некое независно правосудство ќе мора да ги извади од фиока овие пријави“.

Нешто моќно, искрено, од душа и со срце: “Со љубов за Македонија, засекогаш моја, никогаш Северна” (ВИДЕО)

Koн американските идеали наводно се стреми и Македонија, ама на еден многу чуден начин, со порази наместо со победи. Одамна ние си го сменивме знамето, сега планираме да си го смениме и Уставот и името… Се ни е лесно да смениме, само сами себе си никако да се смениме. Се плашам дека еден ден кога нас повеќе ќе не нема, нашите правнуци кога ќе посакаат да стават рака на срце, нема да не спомнуваат по заклетва, туку со клетва, а нашето време нема да заслужува ниту еден единствен стих”, вели во своето видео Дарко Митревски, Македонец кој живее во САД.

Погледнете го целото негово раскажување и размислете, колку ли само не сме освестени како народ и нација….