дома блог страница 3630

Иванов остро демантира: Заев лажеше на грчката ЕРТ дека претседателот ќе го поддржи договорот со Грција

Кабинетот на Претседателот Иванов го демантира премиерот Заев кој вчера во своето интервју за националната грчка телевизија ЕРТ рече дека Претседателот ќе го поддржел Договорот со Грција

„Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, најостро ги демантира лагите изнесени од страна на претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, дека претседателот Иванов ќе го поддржи Договорот со Грција.

Премиерот Заев со своите променливи, контрадикторни и конфузни ставови продолжува да ја лаже и манипулира не само македонската, туку и грчката и меѓународната јавност. Членството на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, не смеат да се злоупотребуваат за прифаќање на штетен Договор со несогледливи последици по македонската држава и македонскиот народ.

Македонскиот претседател не прифаќа Договор на штета на македонскиот национален идентитет и на штета на интересите на Република Македонија. Ставот на претседателот Иванов е непроменет и нема да го поколебаат никакви притисоци, уцени и закани.“ – стои во реакцијата од кабинетот на шефот на државата.

“Македонски Брод и Кочани ќе се делат 53 социјални станови”

Министерството за транспорт и врски денеска објави оглас за распределба на 53 станови за социјално најранливи категории граѓани, од кои 43 стана во Кочани и 10 во Македонски брод.

На огласот, што е отворен до 6 август, се распределуваат станови со површина од 35 до 45 метри квадратни,  изградени преку Програма за изградба и одржување станови во сопственост  на државата.

За становите ќе можат да аплицираат седум социјално ранливи категории граѓани, како што се деца без родители или родителска грижа над 18 години кои дотогаш биле згрижени во институции и други облици за згрижување по тој основ и корисници на социјална или постојана парична помош и лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни  (примарни) живеалишта. Дел од тие категории се и инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејства со инвалидизирани лица, припадници на Ромската заедница социјално загрозени, самохрани родители со малолетни деца и слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош

– Социјалните станови ќе се распределуваат во транспаретна постапка преку електронска распределба согласно Методологијата за бодирање на кандидати за добивање социјален стан под закуп. Предност при добивањето на стан ќе имаат децата без родители или родителска грижа –лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители, рече на прес-конференција министерот за трансппрт и врски Горан Сугарески.

Лицата кои ќе аплицираат треба да бидат државјани на Македонија, со постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан и да не поседуваат стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на државава.

Потребната документација се поднесува во меѓуопштинските центри за социјална работа во општините за каде се однесува огласот, а службениците од тие институции се обврзани да помогнат при комплетирањето на документите на лицата кои не се во можност да го направат тоа.

Како што укажа Сугарески, подносителот на барање за добивање социјален стан може да поднесе документација и да аплицира само за една од седумте категории корисници. Доколку лицето или некој од членовите на неговото заедничко домаќинство аплицира во повеќе од една од категориите на корисници, сите поднесени обрасци ќе бидат отфрлени.

Со Програмата за изградба и одржување станови во сопственост  на РМ годинава треба да бидат завршени 41 стан во Струмица и 70 во Гостивар. За нив се завршени 90 проценти од предвидените работи.

Воедно, во Скопје е во тек постапка за издавање одобрение за градење за 312 станови, се подготвува јавна  набавка за избор на компанија за изградба на 48 станови во Пробиштип, за 62 стана во Неготино се врши проектирање, и се дополнува проектната документација за 34 станови во Пехчево, за 54 во Свети Николе и за 39 во Виница.

Во тек на 2019 и 2020 година се планира изградба на 355 социјални станови во Скопје, Гевгелија, Куманово, Дебар, Велес и Тетово.

Преку Програмата досега се изградени 731 стан во 15 општини

Заев и официјално се откажа од Eгејците и топонимите

Премиерот Зоран Заев во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ и уште пред да стапи договорот на сила се откажа од Mакедонците во Егејска Македонија и од македонските топоними таму, па така за Заев Солун повеќе не е Солун, туку Тесалоники.

Mакедонците во Грција не се Mакедонци, туку наши пријатели кога одиме во Тесалоники, по зборовите на премиерот.

– Значи ние го прифаќаме хеленистичкиот македонски идентитет и немаме ништо против тоа и го признаваме. Тоа се веројатно наши пријатели кога сме присутни во Тесалоники, на краците, вели Заев во интервјуто за ЕРТ.

Според Заев ние како народ имаме друг идентитет и немаме ништо со античката историја, која тој ја нарекува хеленистичко македонска историја, која според него и припаѓа на Грција. Така откажувајќи се од Александар Македонски, Филип II, целата антика се до средниот век, историја која според договорот е грчка.

– Ние сме различни во рамките на овие граници, со нашата посебност, со нашата култура, со нашата историја, заклучува Заев.

Извор: Курир

Блокирано Собранието од родољуби Македонци против капитулантскиот договор?!

Улицата пред Собранието на Република Македонија денес е блокирана од група родољуби Македонци кои им порачаа на пратениците од власта дека нема да дозволат да се спроведе договорот кој е поразителен за нашата држава.

Со овој договор Грција ги исполни своите максималистички барања. Македонија ќе го промени Уставот и ќе се откаже од малцинството во Грција?!

Со овој капитулантски договор ќе се промени преамбулата, со што би се избришала дел од македонската историја?!

Се вели дека за да биде еден договор успешен, потребно е двете страни да бидат подеднакво незадоволни. Но каде се тука отстапките на Грција?!

Што ќе изгуби Грција со спроведувањето на овој еднонасочен договор?!

Ова се пратениците кои гласаа “ЗА” промена на држаното име!

Која е земјата што Заев одбива да ја спомене по име на грчка телевизија?

Откако претседателот на Владата Зоран Заев вчера беше искаран од грчкото Министерство за надворешни работи поради употребата на терминот „македонска армија“, тој во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ воопшто не го спомена името „Македонија“, туку се обраќаше со „мојата земја“.

-Договорот веројатно сам по себе покажува дека не е лесен и заради тоа е вака отворената дебата. Но, се работи за две демократски земји, убаво е да има дебата. Дебатата на крајот ќе ја донесе вистината, а вистината е дека со договорот се убедуваме да градиме пријателство, да обезбедиме добра иднина, која што пред се ќе ја гарантира иднината на граѓаните на Грција и на мојата земја, рече Заев во интервјуто за грчката телевизија.

Инаку, грчкиот весник „Катимерини“ вчера ја пренесува реакцијата на грчкото МНР, упатена до Заев. Завчера се одржа свечена церемонија, на која Заев и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ги пречекаа 125-те нови професионални војници на Армијата. На свеченоста Заев, истакна дека тие се иднината и безбедноста на Република Македонија.Тој посочи дека оваа генерација професионални војници треба да биде особено горда бидејќи е првата генерација војници кои ќе ѝ служат на својата земја како земја членка на НАТО-алијансата.

-Премиерот на БЈРМ, Зоран Заев, во изјава за време на свечениот прием на нови војници, зборуваше за „македонска армија“, која ќе биде членка на сојузот на НАТО. Грчкото Министерство за надворешни работи реагираше на неговата изјава истакнувајќи дека изјавата ја нагласува важноста да се имплементира Преспанскиот договор. Тоа е затоа што договорот експлицитно наведува дека агресивното определување на државата, нејзините официјални тела и други јавни ентитети ќе бидат во согласност со новото име на земјата, односно во овој случај, Северна Македонија, се вели во соопштението на грчкото МНР кое беше пренесено од „Катимерини“.

Извор: kurir.mk

ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите граѓани на Република Македонија на протестен марш во Струмица

Македонија тоне на сите полиња. Владата на СДСМ донесе милиони евра за фирмите на Заеви и криминалниот картел во власта, но  една голема НУЛА за обичните граѓани. Нула проценти раст на БДП за 2018 година и очајни 0.1 проценти раст на БДП во првиот квартал од 2018 година, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека ова се резултатите од неспособноста и неработењето на црното економско трио Заев, Тевдовски и Анѓушев.

-Додека цела Европа доживува економска ренесанса, Македонија полека, но сигурно се движи кон мрачните времиња на криминалната транзиција. Секојдневно сме сведоци на протести на земјоделци и вработени кои со месеци не земале плата како во мрачните 90-ти. Додека граѓаните едвај го преживуваат месецот, црното економско триo ги брои милионите на своите сметки, од плантажите со марихуана, разни сомнителни тендери и трансакции, граѓаните се на работ на егзистенцијата. Нема просечна плата за граѓаните од 500 евра, нема плата од 100 илјади денари за докторите, а покрај покачената акциза се најавуваат повисоки даноци и давачки, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Ниту еден капитулантски договор, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, нема да го подобри животниот стандард на граѓаните. Ниту едно понижување на меѓународен план нема донесе живот во Македонија.

-Откажувањето од се што е македонско, македонскиот идентитет, јазик, историја и македонското малцинство од соседството, нема да ги плати сметките на граѓаните на крајот од месецот. Граѓаните во недела во Струмица имаат можност и ќе и кажат доста на оваа ненародна власт. ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите граѓани на Република Македонија на протестен марш во Струмица, во недела со почеток во 13 часот, во паркот во Струмица. Обединети и сплотени, ќе се собереме за Македонија и на Зоран Заев и на СДСМ ќе им кажеме дека Македонија ќе победи, стои во соопштението на партијата.

Прилепска Витаминка и Владо Јаневски го промовираа спотот за песната Главен град на тагата

Најновата песна на нашата музичка легенда Владо Јаневски,„Главен град на тагата“, доби и видео запис кој претставува уште еден резултат на соработката меѓу Витаминка и Јаневски. Спотот претставува и заеднички настап што ќе помогне за подобра промоција на Владо и Витаминка, како најсилни македонски бренда. Дадената поддршка од Витаминкае во насока на протежирање на македонската авторска музика и поттикнување на поголема креативност во музичката индустрија.

Владо Јаневски, кој важи за комплетен автор на најубавите и безвременски стихови од македонската поп музика, се потпишува како композитор и текстописец на песната, така што„Главен град на тагата“ е уште една во низата музички изданија  која сигурно ќе биде слушан летен хит.„Песната во себе носи убави и позитивни емоции, урбана приказна, ведар спот со  поддршка од бевзременскибренд како што е Витаминка. Значењето е уште поголемо затоа што не е само поддршка за мене како автор и уметник, туку е истовремено за македонската поп музика во целина. За нашата домашна музика би било добро и други компании да го следат примерот на Витаминка, која е синоним за квалитет, вредност и постојаност, бидејќи така поголем број убави македонски песни полесно ќе допрат до публиката“, изјави Владо Јаневски.

Песната „Главен град на тагата“ е уште едно авторско дело на Владо Јаневски, со аранжман на Роберт Билбилов и во продукција на Дарко Димитров. Режијата на спотот е потпишана од Бане Поповиќ а продукцијата на видеото е на Томато. Спотот е сниман во текот на јуни во Скопје на познати градски локации преку кои се пренесува и летната атмосфера, љубовта и младешкиот дух со кои зрачи и песната.

„Главен град на тагата“ е третата песна на Владо Јаневски чиј спот е снимен со поддршката од Витаминка по спотовите за песните „Ајде води ме“ и „Последна заблуда“. Под закрила на Витаминка и Авалон, Владо ќе одржи голем концепт во Античкиот театар во Охрид на 2Август.

Во продолжение уживајте:

 

 

Прилепското езеро крие мал милион тајни – Eве дел од нив!

Некои археолошки наоди од периферните делови на Пелагонија покажуваат дека планинските венци, кои ја заградуваат котлината, во древните времиња имало многу населби.

Пример се две неолитски населби меѓу селата Присад и Ореовец. Тоа се локалитетите Пештерица и Радин Дол расположени во долината во која се спојуваат Ореовечка и Присадска Река.

Големата долина меѓу споменатите села е полна со извори вода, а во близина се и планините кои нуделе богат лов при најстарите населувања. Природата овозможувала чување добиток на богатите пасишта.

Двете откриени населби меѓу Ореовец и Присад се на мало растојание. Потекнуваат од времето на создавањето на основите на цивилизацијата, односно од периодот на новото камено време кога човекот изработувал предмети од камен, коска, дрво и од земја, која ја преработувал во керамички садови.

Едната е покрај Оревоечка Река, поточно во вливот на вештачкото езеро, на локалитетот Пештерица. Се простирала на околу еден хектар. Археолозите истражувале по изградбата на браната за езерото и успеале да истражат само дел, и тоа периферен.

При истражувањата во 1965 и 1976 г. се пронајдени предмети користени од праисториските жители на Пештерица. Констатирани се и праисториски живеалишта од 10 000 год. пр. н.е. до околу 3000 год. пр. н.е.

Од станбените објекти за живеење имало полуземјанки, биле покривани на ,,една или на две води,,. Огништата биле од камен и надвор од куќите, но во нивна близина.

Пронајдените биле неколку камени орудија и предмети од коска. Бројни биле керамичките наоди. Археолозите го датираат во локалитето од раниот неолит, односно 5000 г. п.н.е.

Археологот Б. Китаноски ја датира и населбата откриена во близина на селото Ореовоец на локалитетот Пештерица. Според него, предметите се датираат во почетоците на неолитот.

Некои археолози сметаат дека оваа населба егзистирала во времето на населбите во Велушино и Породин, откриени кај Битола, и дека пронајдените предмети припаѓаат на истата културна група. Археологот Санев од Штип заклучил дека во тој период овој простор бил доста густо населен.

Имајќи предвид дека се констатирани околу 70 населби претежно покрај течението на Црна Река во централниот дел на котлината, тоа сведочи за импозантен археолошки материјал, често и со фасцинантни форми и развој на културата уште во тоа време.

Се чини дека Пелагонија била густо населена. Археологот Китаноски со колегите Симовска од Битола и Тодоровиќ од Белград, наодите од Пештерица ги сметаат за посебна културна група предмети поради специфичностите, поврзани со грубата изработка и недоволно развиените форми, со што се одделуваат од предметите од останатите локалитети.

Поради ваквите специфики, предметите ги датираат во најраниот период на неолитот, истакнувајќи дека во периодот кога егзистирала оваа населба Пелагонија уште не била погодна за населување поради барите и мочуриштата кои превладувале во оваа котлина.

Во периодот пред тоа била езеро, кое по извесни тектонски поместувања истекло во Егејско Море по долината на Црна Река.

Во близина е откриен и истражуван уште еден праисториски локалитет познат како Радин Дол, кој се наоѓа на текот на Присадска во Оревоечка Река. Распространет е на поголема рамнина. Според пронајдените остатоци од објекти и предмети, населбата датира од средниот неолит, односно, од 5000 до 3500 год. п.н.е.

Тоа е констатирано по утврдувањето на наодите кои се со повисока фаза на изработка, со посовршени форми и материјали. Во Радин Дол се пронајдени предмети од керамика, меѓу кои парчиња од различни садови и жртвеници.

Овие наоди имаат сличности со дел од предметите од Породин и Велушино кај Битола.

Затоа се сместуваат во истата културна група, што значи дека населбите егзистирале во блиски или исти времиња од неолитот.

Двете населби од различни фази на неолитот покажуваат на постоењето бројни локалитети на периферијата на Пелагонија преку кои се проследува континуитетот на населување на овој простор во неолитот и воопшто развојот на цивилизацијата во овој период.

Тренчо Димитриоски

Извор: “Зенит”

(ФОТО+ВИДЕО) “ЛУЃЕ, ЈАС МОЖАМ ДА ОДАМ”: Девојче со церебрална парализа започна да оди по пет години

Видеото од петгодишното девојче со церебрална парализа кое ги прави првите чекори, ќе ви го исполни срцето.

Животот знае да биде суров и пред нас да стави многу искушенија и препреки, но со многу труд се може да се постигне. Ова девојче е најдобар доказ за тоа. Таа е вистински херој.

– Јас одам! Одам! – извикуваа таа во видеото, а по само два месеци ги направила и првите чекори без никакви помагала.

(ФОТО) Купил имот пред три години, но неодамна открил што всушност поседува: Што би направиле вие доколку имате рудник за злато во вашиот двор?!

Австралијанецот Ентони Дулин купил имот во Бризбејн пред три години, но до неодамна не знаел што поседува.

Кога решил да го истражи своето “царстов” од 16.5 хектари, пронашол златен рудник! Вистински рудник за злато!

По детална контрола на рудникот, утврдено е дека е длабок шест метри.

Дулин по ова откритие го истражил целиот имот, па пронашол неколку рудници.

Додека престојувал на имотот, Дулин никогаш не влегол во рудникот да провери дали сеуште има злато во него.