дома блог страница 3627

ЕДЕН КОНТИНЕНТ Е ЗАКАНА ЗА ЦЕЛ СВЕТ: Тлото на Антарктикот многу брзо се подига и се заканува да го уништи цел свет – еве како !

Карпите под западниот дел на Антарктикот растат многу побрзо од тоа што се очекуваше, велат научниците. Тоа може сериозно да ја загрози иднината на овој континент.

Поради забрзаното подигање на тлото под мразот, може да дојде до нарушување на стабилноста на дебелата ледена прекривка. Ако се работи за тектонско подигање, односно субдакција, тоа би значело дека на Антарктикот до сега се стопле 10% повеќе мраз отколку што се очкувало.

 

ВМРО-ДПМНЕ: Членовите на СДСМ разочарани, изманипулирани и оставени без име, идентитет и јазик од своите функционери?!

Прес-конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп:

“Сведоци сме дека Зоран Заев не смее да го употреби името на Македонија во телевизиско интервју иако тоа е уставното име на Република Македонија, а Локвенец и Сугарски се обидуваат да ги убедат прилепчани дека ќе останат Македонци иако изгласаа и догооврија да ни ја сменат националноста во северномакедонци.

Тоа го гледа, го чита секој човек во капитулантскиот договор кој го потпишаа.

Ви порачуваме, Прилеп и прилепчани стојат цврсто во одбрана на уставното име на Република Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ е столбот на непокорот. Нема да дозволиме со вакви манипулатски обиди преку учество на дебатни емисии и преку социјалните мрежи да ги понижувате прилепчани и нашата историја.”

ОФИЦИЈАЛНО: Роналдо е нов играч на Јувентус- Реал се прости со Португалецот

Реал Мадрид денеска соопшти дека нивниот најдобар стрелец во историјата се договорил со Јувентус.

-Реал Мадрид денеска сака да ја изрази својата благодарност до играчот кој со покажа како најдобар во светот и кој го означи едно од најбрилијантните времиња во историјата на нашиот клуб и светскиот фудбал, соопштија „Кралевите“.

Роналдо во Реал Мадрид помина 9 години каде што даде 451 гола на 438 натпревари. Освои 16 титули, вклучително 4 во Лигата на шампионите.

-За Реал Мадрид Кристијано Роналдо секогаш ќе биде глем симбол и уникатна референца за следните генерации. Реал Мадрид секогаш ќе биде твојот дом, се вели во соопштението од Реал Мадрид.

(ВИДЕО) НЕ МОЖЕШЕ ДА ИМ ПОВЕРУВА НА ОЧИТЕ: Го “улови” момчето со најдобрата другарка – погледнете како реагираше

Девојката Ешли е последна во низата девојки кои одлучиле да ја тестираат верноста на своето момче во емисијата “To Catch a Cheater”.

Таа призна дека не му верува на Барт кога станува збор за нејзината другарка Алекс. Имено, Барт веќе имал кажано дека Алекс му се допаѓа, па Ешли одлучила да провери дали би ја изневерил со неа.

Скриените камери ја снимија нивната “случајна” средба, каде Алекс го пофали изгледот на Барт и му спомена дека раскинала со момчето.

Алекс му рече дека и е досадно и го повика на дружење. Таа предложи да гледаат филм, но да не и кажува на Ешли, бидејќи во последно време не се во добри односи.

“Кога си во врска, не правиш вакви работи. Се надевав и се молев да не го направи ова. Не можам да верувам. Ако така се однесува со мојата другарка, кој знае што прави со други девојки”, заклучи Ешли разочарана отакако го погледна видеото.

Три возила се судрија на Плетвар

Нема повредени во сообраќајната незгода што се случи во 11:25 часот на патот Прилеп – Градско кај месноста Ленишки Мост.

Според портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова до несреќата дошло при судир на три возила, опел фронтера со велешки регистарски таблички, товарно моторно возило со прилепски и шкода октавија со странски регистарски таблички.

Повредени нема, но е причинета материјачна штета, вели Стаматова.

Увид на местото на несреќата направи полицијата. Причините се уште се непознати.

Сообрќајот што беше во прекин на магистралниот пат е нормализиран.

Во народниот театар “Војдан Чернодрински” се подготвува претставата “Казимир и Каролина”

„Казимир и Каролина“ од Еден фон Хорват, во режија на Нела Витошевиќ, е претставата што се подготвува во театарот „Војдан Чернодрински“. Во наредните недели најпрво процесот е на маса, односно се реализираат читачките проби, за да се  продолжи поинтензивно на почетокот на септември. Премиерата ќе биде на почетокот на октомври.

             -Ова е моја трета соработка со прилепскиот театар. Кога имате претходно сработено одлични претстави со задоволство продолжуваш да работиш со ансамблот. Автор на текстот е Германец, еден од основоположниците  на модерната драма Еден Вон Хорфат. Напишан е 1932 година и првпат се поставува во Македонија. Проектот ќе се занимава со  скршените соништа кои некако до некоја возраст  сме ги гаеле. Подоцна  кога ќе се сршат соништата животот продолува по инерција. Претставата  ќе прозбори колку љубовта во денешно време, љубовта меѓу двајца  млади е условена од економскиот аспект и дали сме во трка со  време за позиција за пари,  или кога ги нема парите дали љубовта може да опстои – вели режисерката Витошевиќ.

            Ќе играат Катерина Ч.Клинческа, Никола Настоски, Наташа Наумоска, Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска, Михајло Миленкоски,  Јасмина М. Станкоска, Игор Трпчески, Александар Тодески. Сценограф ќе биде Константин Трпеноски, автор на  музиката Огнен Анастасоски и костимограф Розе Трајческа.

Нела Витошевиќ во театарот „Војдан Чернодрински“ ги режираше „Сон на летната ноќ“ и „Змејовата невеста“.

Пронајдена мајката на оставеното бебе: Малолетничката од Тетово кривично ќе одговара

Photo provided by the Missoula County Sheriff's Office shows a 5-month-old infant with dirt under their fingernails after authorities say the baby survived about nine hours being buried under sticks and debris in the woods on July 8, 2018. (Missoula County Sheriff's Office via AP)

Народниот правобранител по сопствена иницијатива отвори предмет по сознанија во медиумите за случајот со малолетничката која го остави штотуку родено детенце пред Домот за доенчиња  во Битола.

– Веднаш ги задолживме нашите службени лица во Оделението  за заштита на правата на деца и деца со попреченост, покрај писмените барања и информациии согласно надлежностите на народниот правобранител да  извршат службени разговори со Центарот за социјална  работа во Тетово од причина што јавноста беше информирана дека е утврден идентитетот на мајката, односно дека станува збор за  жителка на општина Тетово, изјави за МИА заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска.

Во телефонските разговори со надлежните, како што посочи таа, укажале на потребата од преземање мерки за стручно работење со малолетната мајка во насока на психолошка-социјална поддршка, да се направи проценка на нејзините капацитети со цел детето да биде со мајката, односно да се врати во семејството на мајката.

Според сознанијата што ги има Народниот правобранител, Центарот за социјална работа  работи на овој случај.

– Во МВР си води постапка соодветна за ваквиот случај, како и тоа дека се работи на утврдување на ДНК за  бебето и за мајката за да се потврди дека станува збор за истото бебе и за истата мајка која се породила  во Општата болница, вели Бајрамовска.

Народниот правобранител ќе постапува и кон Општата болница во Тетово, бидејќи се работи  за вонбрачно породување, дали го информирала Центарот за  социјална работа, ако го информирала кога е тоа направено и дали лице од Центарот бил таму.

– Бидејќи  доколу има таков контакт и таква комуникација помеѓу овие два органа во тој случај точно ќе се знае кога детето ја напуштило здравствената установа со мајката, каква беше желбата на мајката  дали да се грижи за детето или да го остави и каде е тука целата постапка соодветно покриена од страна на надлежните во Центарот за социјална работа и здравствената служба, односно социјалните служби во  Општата болница во Тетово, рече Бајрамовска.

Женското бебе, кое минатата недела беше оставено пред Домот за доенчиња во Битола беше пронајдено од 50-годишен битолчанец.

ВО ЖИВО: Среќен крај на драматичното спасување – сите деца и тренерот се на слобода

Сите 12 деца и нивниот тренер се спасени од пештерата на северот од Тајланд каде биле заробени од 23. јуни.

Свтските медиуми пренесуваат дека сите 12 деца и нивниот тренер се спасени.

Би-Би-Си јавува дека уште едно возило на итна помош ја напуштило локацијата во близина на пештерата.

Навивачката група “Мајмуни” повика на собир за последно збогум и правда за Саздо

Навивачката група “Мајмуни” од Прилеп повика на собир зад камената бина денеска во Прилеп, со цел да оддадат последна почит кон навивачот на Вардар, Никола Саздовски – Саздо, кој вчера ја загуби битката со животот.

“Во 18:00 зад камената бина, да оддадеме последна почит на Никола Саздовски. Да запалиме свеќа во парастасот на Св. Никола и симболично да се простиме од навивачот кој прерано го загуби својот живот. Правда за навивачите мора да има” – порачаа од навивачката група “Мајмуни”.

Сообраќајка на Плетвар – сообраќајот во целосен прекин

Сообраќајот на магистралниот пат А-3 Прилеп – Градско, на Плетвар, е во прекин, поради сообраќајна незгода.

Сообраќајот е во прекин од 11:30 часот.

Засега нема информации за евентуалните повредени лица. Повеќе детали се очекуваат подоцна.