дома блог страница 3225

Македонскиот министер за одбрана му фати сеир на Лино Червар

Репрезентацијата на Бразил вчера приреди вистинска сензација на Светското првенство совладувајќи ја фаворизираната Хрватска.

Бразилците така го направија најголемото изненадување досега на шампионатот.

Познато е дека македонскиот голман Борко Ристовски не е во најдобри односот со селекторот на Хрватска, Лино Червар, па голманот овој пораз на Хрватска го искористи за „фаќање“ сеир на Червар.

Пожар во куќа во Прилеп

На 20.01.2019 година во 10.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека настанал пожар во Прилеп на улица „Димче Антулески“ во куќа сопственост на С.М.(77).

Од екипи од Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат.

Од пожарот целосно била опожарена дневната соба и уште една помошна просторија со мебелот.

Повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола.

“Наставниците и професорите ќе штрајкуваат??”

Неколку дена пред почетокот на второто полугодие, Синдикатот за образование се заканува со штрајк поради неисполнување на нивните барања, јавува Алсат.

Наставниците се револтирани поради ниските плати и сведувањето во категоријата социјални случаи. Првиот синдикалец, Јаким Неделков, за телевизијата изјави дека Владата ги игнорира нивните барања.

Загрижувачко за првиот синдикалец е и заминувањето на наставниците во западните земји заради подобри услови за живот.

Првиот протест е најавен за 26 јануари во Штип.

Крушевчани уловија ѕвер: Минувачите со страв гледаа на изложениот трофеј (Фото)

Во посета на Крушево денеска наидовме на еден изложен “трофеј” кој гордиот ловец го истакнал на видик на случајните минувачи.

Иако мртов, минувачите со страв гледаа на волкот, кој патем беше декориран со јаболко во устата.

Уренебесен одговор на пензионер од Загреб за лек против грипот (видео)

Еден несекојдневен пензионер од Загреб успеа да го насмее целиот регион, а со оглед на тоа што изгледа многу добро за своите години, може да се заклучи дека луѓето би требало да го послушаат.

„Не постои грип, злато мое, имам 82 години, никогаш не сум бил болен или на доктор. Тоа да го запамтите сите. Срамота, пензионерите го уништија здравството. Ме боли раката, ме боли ногата, се ме боли. Па оди вежбај, пи*** ти ма******“ – порача овој витален 82 годишен пензионер.

“Јованоски оствари уште едно ветување?? Донесе чист воздух во двојазичен Прилеп?”

Мерната станица за квалитетот на воздухот кој пред Новогодишните празници беше поставена на општинската зграда во Прилеп деновиве покажува алармантни податоци за загаденоста на воздухот во градот под Марковите кули.

Откако синоќа истата покажа 1612 микрограми ПМ-10 честички на метар кубен, граѓаните беа загрижени, а социјалните мрежи беа преплавени од реакции.

Синоќа после полноќ станицата кратко време беше исклучена. Прилепчани го забележаа тоа преку апликацијата “Мој воздух” и веднаш реагираа дека надлежните ги кријат поразителните резултати.

Едно од главните ветувања на актуелниот градоначалник од СДСМ, Илија Јованоски, беше чиста животна средина и чист воздух за сите во општината.

Но, се чини надлежните тешко се справуваат со состојбата која деновиве стана алармантна.

Граѓаните реагираа дека воздухот предизвикува печење на очите, грлото и носот, и дека тешко се издржува повеќе од 15 минути надвор.

Според стручњаците како што истакна градоначалникот денеска, за зголемената загаденост на водухот, придонесуваат и фирмите коишто работат со ископување, истражување и експлоатација на мермер,и други минерали.

Јованоски на денешната прес-конференција која следуваше после лавината реакции на прилепчани, истакна и дека мерењето на воздухот бил првиот чекор, а како решавање на проблемот ја најави гасификацијата која требало да дојде во 2021 година.

Други конкретни мерки градоначалникот не истакна.

Кардиологот Сашко Кедев и Ганка Цветановска го развиорија македонското знаме на врвот Аконкагва – еден од највисоките во светот (Фото)

Познатиот доктор Сашко Кедев и поранешната министерка за култура Ганка Цветанова го развеаа македонското знаме на еден од највисоките планински врвови во светот.

Тие се искачија на врвот Аконкагва, највисокиот во Аргентина, Јужна Америка, и највисок надвор од Азија со висина од 6.962 метри надморска височина.

За Кедев ова е втор пат како го освојува Аконкагва. Цветанова, пак, не успеала да се искачи до крај, стигнала само до 6.000 метри надморска височина.

Станува збор зе највисокиот врв во западната и јужна хемисфера. Се наоѓа на планинскиот венец Анди, на територијата на денешна Аргентина во близина со чилеанската граница, односно на 15 километри од самата граница.

Ексклузивните фотографии од нивниот подвиг се објавени на Фејсбук

Го расплака и Патријархот: Учесниците дозволија младо девојче прво да стигне до Светиот крст, а таа одржа говор со кој ги растажи сите (Видео)

Осумнаесетгодишната гимназијалка Јована Лепосавиќ прва доплива до светиот крст денеска во Земун, јавуваат српските медиуми. Според срспките медиуми младата белграѓанка која пред четири години ја добила битката со ракот, победничкиот говор го посветила на сите пријатели кои се борат со тешката блест, но и на оние кои, за жал, повеќе ги нема.

– Ви благодарам на сите кои учествувавте и кои ми дозволивте прва да стигнам. Овој триумф ми значи многу бидејќи е во чест на моите другари кои се лекуваат од канцер и на оние кои не се повеќе со нас – изјави Јована.

На традиционално пливање по светиот крст во ледените води на Дунав пливаа 243 лица. Јована била единствената пријавена девојка, но момците и дозволиле прва да стигне до крстот кој носи здравје и среќа.

Вујче Мартин ги надитри сите и на лесен начин стигна прв до Светиот крст (Урнебесно видео)

Вчерашниот празник, Богојавление-Водици, го има еден од најинтересните обичаи, фрлањето на осветениот крст во вода, па секоја година сме сведоци на интересни случки кои се случуваат за време на овој чин.

На социјалните мрежи е објавено видео од село Жиганци, Кочани, каде најсреќниот учесник кој го фати крстот не мораше ниту да влезе во вода.

Како што може да се види на снимката, наместо во водата, крстот паднал крај неа на место прекриено со снег, а додека останатите се фрлија во вода, тој со трчање прв стигна до крстот.

„Викај вујче, вујче“, може да се слушне од позадина, а според тоа што го говорат присутните, името на момчето кое во фатило крстот е Мартин.

“Утре нема одење на училиште!Загаденоста е смртоносна во Прилеп”

Поради континуираното загадување на воздухот, како и метеоролошките прогнози за следните денови, Владата на Република Македонија, донесе итна мерка за продолжување на траењето на зимскиот распуст.

Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија, а истата е донесена преку итна координација на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.

„Продолжување на траењето на зимскиот распуст за сите ученици ќе трае во времетраење од два дена, заклучно со вторник, 22 јануари 2019 година. Училиштата ќе бидат во функција, учениците нема да посетуваат настава во наведениот период“, наведуваат од Владата.

Во овој период Владата, нагласуваат оттаму, ќе ја следи состојбата врз основа на која, а во координација со Министерството за образование и наука, ќе одлучи околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст.