дома блог страница 3221

Беше симпатичната Касандра, а денес е заводничка: Има 45 години и изгледа бомбастично, ова е нејзината тајна (ФОТО)

Венецуелската актерка, Кораима Торес која сега има 45 години, домашната публика ја запозна во 1997 година во серијата „Касандра“.

Таа беше во главната улога на оваа популарна серија и ги освои срцата на публиката.

Актерката и понатаму може да се пофали со неверојатна убавина, но на најновата фотографија која ја објави на социјалните мрежи, ретко кој би ја препознал. Испотена, црвена и без грам шминка, Кораима објави селфи од теретана. Редовното вежбање е нејзината тајна за одличниот изглед.

ФОТО: Не била само Карлеуша – исплваа пораки на фудбалерот со уште една пејачка

Иако е во брак изгледа фудбалерот Огнен кој е фатен среде порно скандал со Карлеуша, барем како што пишуваат српските медиуми, се допишувал и со други пејачки.

Една од нив веќе призна, а тоа е Катарина Грујиќ, а сега излегоа пораки со Тијана Стојиќ, со која си пишувал кога пишувал и со Карлеуша.

Барал да знае каде настапува за да дојде да ја слуша, а таа престанала да му одговара и комуникацијата престанала.

Сообраќајна несреќа на патот Градско-Прилеп, сообраќајот е во прекин

Од 11 часот патниот правец Градско-Прилеп е во прекин за сообраќај поради извлекување на возило од сообраќајна незгода, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Од АМСМ во дополнителниот извештај се додава и дека истовремено укината е забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража.

Сонцето од Кутлеш нацртано на стадион во Австралија: Викендов таму ќе се одржи најголемиот македонски фудбалски куп (Фото/Видео)

16-кракото сонце од Кутлеш е нацртано на стадионот “Seifferet Oval” во австралискиот град Квинбијан, каде од 26-28 јануари ќе се одржи најголемиот македонски фудбалски куп во Австралија.

На натпреварувањето учество ќе земат околу триесетина македонски клубови од сите страни на австралискиот континент.

Купот е насловен како МАSO CUP 2019 и за прв пат се одржува во овој австралиски град.

Пример кој треба да го следат и нашите директори: Сите ученици танцуваат, а директорот ги води чекорите (Видео)

Директорот на едно основно училиште во провинцијата Шанкси во Јужна Кина, танцува заедно со учениците.

Тој прв го научил танцот, а потоа чекорите ги научиле и учениците.

Целта на оваа негова постапка е учениците повеќе да вежбаат, наместо да седат по цели денови пред компјутер.

Овој негов потег го воодушеви целиот свет и истиот треба да биде пример за нашите директори во Македонија.

Погледнете:

После дождот, од утре нови врнежи од снег

Нов студен и влажен бран ќе има во петок кога ќе има пообилни врнежи, особено во јужните делови.

Заради заладувањето врнежи од снег ќе има и во некои пониски места каде што ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 сантиметри.

(Фото галерија) Ана е најубавиот пилот на светот: Нејзината убавина ќе вивне секого во облаци

Младата Парагвајка Ана Паула Кеспедес веројатно е најубавиот пилот на светот. И не станува збор за субјективен став, туку таа тоа и го докажала – прогласена е за мис во својата земја, минатата година.

Ана има само 21 годин, а доаѓа од Асунсион – главниот град на Парагвај.

Со години се натпреварува на разни избори за мис, а минатата година е наградена со ласкавата титула.

Иако ги остварила своите соништа кога станува збор за модата, Ана сепак имала уште еден сон – да лета. И тој ѝ се исполнил.

Станала пилот, како својот татко, од кој ја наследила љубовта кон висините.

Мистериозната стујардеса на Путин: Патува со него 20 години, а никој не знае ништо за неа

Која е мистериозната стујардеса која постојано патува со Путин? Секогаш патува со рускиот претседател, а никој не знае која е. Она што малку остана незабележано и по слетувањето на рускиот претседател Владимир Путин во Белград , е моментот кога тој излегува од авион, а на почетокот кај скалите стои плава стујардеса, која судејќи по сликите од 2000 година, секогаш патува со претседателот.

За разлика од Путин, името на омилената стујардеса на Јелцин беше познато. Станува збор за Галина, која во одредена прилика објаснувала како екипажот на авионот се однесува за време на претседателските патувања.

Путин и мистериозната стујардеса

Пензионерот кој го освои регионот со ново легендарно видео во кое покажува како вежба

Деновиве дедо е вистински хит на социјалните мрежи со своите легендарни препораки за здравјето.

82-годишниот Селмани Таљат од Хрватска се прослави со својата изјава за N1 TV во која тврди дека не постои грип и дека пензионерите треба да престанат да се жалат и да почнат да вежбаат за да бидат здрави.

За камерата на 24 Sata, Тони покажа дел од вежбите кои тој ги практикува за да биде во фит форма и откри дека се тушира со ладна вода и дека редовно излегува на прошетки кога е студено, бидејќи така ги држи бацилите подалеку од себе.

ЊУЈОРШКИ ТАЈМС: Заев преку yцeни и пpитиcoци го промени името на Македонија!

ЕУ одлучи да ги игнорира проблематичните аспекти на процесот на ратификација на Догововорот од Преспа, аспекти спротивни на уставните норми и принципите на владеење на правото како во Македонија така и во Грција. Бидејќи и Ципрас и македонскиот премиер Зоран Заев немаат парламентарно мнозинство во парламентите, прoтуркањето на договорот во двете земји бараше политичко преговарање кое на моменти беше на границите со законитоста, пишува њујоршки Тајмс за договорот од Преспа.

Во Македонија, Заев, кој немаше двотретинско мнозинство во парламентот за промена на уставот на Македонија, ги искористи и заканите за судските обвиненија за корупција и сомнителниот закон за делумна амнестија за да ги поттикне пратениците на опозицијата да гласаат за неговите уставни амандмани. Опозициските пратеници во Скопје, наводно, биле под силен притисок од страна на поддржувачите и противниците на Преспа, вклучувајќи ги и странските влади, да гласаат соодветно. Секоја страна ја обвинува другата за закана од физичко насилство или за ветување поткуп.