дома блог страница 3

Британскиот амбасадор Метју Лосон во посета на општина Битола (ФОТО)

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски оствари средба во неговиот кабинет со британскиот амбасадор во Македонија, Метју
Лосон, кој е во прва официјална посета на Битола.

На средбата беа потврдени одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји, а градоначалникот на Битола го запозна амбасадорот со личната карта на Битола, нејзината историска, културна и економска важност за земјата и можностите за взаемна соработка.

Како дел од посетата на амбасадорот на Битола, Британската амбасада во Офицерскиот дом организира прием, на кој присуствува и градоначалникот Коњановски.

„Филм“ – нова тема за петтото јубилејно издание на Креативниот ден во Битола

Креативниот Ден 2026 повторно ја обединува најсилната млада модна енергија во земјата и го презентира потенцијалот на новата генерација модни креативци. Повеќе од 30 тимови од девет средни училишта и девет градови, ќе учествуваат во петтото јубилејно издание на овој уникатен едукативно-креативен моден настан, каде што младите дизајнери работат рамо до рамо со професионален дизајнер-ментор и Дама која ја носи и презентира нивната креација на ревијата.

Оваа година, професорите од текстилно-модните училишта ја зададоа темата „ФИЛМ“ – богата, широка и исклучително инспиративна платформа што им овозможува на средношколците слобода да истражуваат стилови, епохи и визуелни симболики од светот на кинематографијата. Токму оваа слобода создава плодна почва за автентични идеи, силни приказни и храбри модни решенија.

Креативен Ден 2026 носи и значајна новина: организаторот обезбедува материјал за сите тимови, со поддршка од текстилни фабрики.

„Со ова не само што ја поедноставуваме работата на младите, туку јасно го демонстрираме нашиот концептуален фокус – одржливост, еко свесност, реупотреба, паметно купување и поддршка на квалитетното локално производство. Вистинските вредности се основата на нашето функционирање и токму затоа Креативниот Ден прерасна во движење, во креативна заедница што постојано се зголемува. Нашата хумана и општествено одговорна мисија исто така продолжува – дел од средствата и донациите од настанот се насочуваат кон унапредување на условите за практична настава во текстилно-модните училишта. Доказ дека секоја креација, секој чекор на пистата и секој вложен труд има поголема цел“, велат организаторите.

По пет години континуитет, тие зад себе имаат една цела генерација млади дизајнери кои низ Креативниот Ден растеа, го направија првиот сериозен чекор во својата кариера. Оваа година дел од нив веќе се запишаа на факултетите за моден дизајн – силна потврда дека текстилната струка ја следат талентирани, вредни и трудољубиви млади луѓе со јасна визија и прогресивен дух.

Како и секогаш, во првите редови ќе седат респектирани модни дизајнери, познавачи на модата, претставници на институции и општествени личности. Меѓу поканетите гости се и Почесни конзули, како и Претседателката на Република Македонија, кои ја препознаваат важноста на овој проект и неговото влијание врз младите.

Креативен Ден 2026 –место каде започнуваат модните приказни,
каде младите добиваат глас, а модата добива смисла.

АКЦИЈА: Пазариш пијалок за престојните празници и добиваш гратис 4 жетони за во најдобрата перална во Прилеп

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, но и градската слава Св. Никола, прилепчани имаат одлична можност. Со секое пазарување во продавницата за пијалоци Liquor Store и секоја сметка над 3.000ден., добивате 4 жетони за перење на вашето возило во најдобрата авто перална во Прилеп – Gala Wash

Moжност која не се пропушта и одлична заштеда во овие зимски денови кога времето е често променливо, па перењето на возилата претставува дополнителен трошок за семејниот буџет.

А зошто Liquor Store? Eпа како ретко каде, таму ќе најдете огромен избор на безалкохолни и алкохолни пијалоци, како и секојдневни акциски цени.

Посетете ги на ул.”Егејска” бр.75 во домот “Спиро Забрчанец”.

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=122279737484194260&id=61555827827769&mibextid=wwXIfr&rdid=uwn7I52BjUhJ99b8#

Теодора од Битола и Валентин од Прилеп со 10,00 просек се најдобри студенти на битолскиот Универзитет “Св.Климент Охридски” (ФОТО)

Студентите на Економскиот факултет Прилеп, Теодора Христовска од Битола и Валентин Димитриоски од Прилеп, се прогласени за најдобри студенти на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, со остварен просечен успех од 10,00.

По повод патрониот празник на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, пофалници за остварениот успех им беа доделени од страна на ректорот на Универзитетот, проф.д-р Игор Неделковски.

Студентката Теодора Христовска се обрати до присутните на свеченоста осврнувајќи се на прекрасните моменти, стекнатите знаења и искуства и новите пријателства на Економскиот факултет-Прилеп.

-Економскиот факултет-Прилеп е горд на нивните постигнувања, посветеност и труд, кои претставуваат вистинска инспирација за идните генерации студенти. Успехот на нашите студентите Теодора Христовска и Валентин Димитријоски е доказ за високото ниво на квалитет, ангажман и континуирана поддршка која ја нудат нашите наставници и институцијата во целина.Им посакуваме уште многу успеси, нови академски достигнувања и професионални триумфи. Економски факултет-Прилеп секогаш гордо ќе стои зад нивното знаење и успеси – стои во соопштението од факултетот.

Најслаткиот дуќан во Крушево блесна новогодишно, повелете облажете се! (ФОТО)

Ако барате совршен рецепт за вкусен локум и целувки, веднаш ќе ви кажеме дека нема да најдете. Мајсторите рецептот го чуваат во најсторга тајност и го пренесуваат од генерација на генерација. Затоа не мачете се залудно и за ова вкусно задоволство чија традиција е вековна, обратете се кај луѓето на кои правењето локум им е традиција и идентитет.

Ќе погодите од прва, ова е најстарата продавница за слатки задоволства на “Тагас-Балкан”. Во пресрет на празниците, продавницата во центарот на Крушево блесна во новогодишно светло – вистински магнет за гостите во највисокиот град на Балканот.

Локумот, но и крушевските целувки се нивни препознатилив белег и вкусен сувенир без кој не може да помине ниту една посета на Крушево. Едноставно тоа е вкус на кој не можеш да одолееш. Топло ви препорачуваме да ги посетите и да понесете статко задоволство како сувенир од преубавото наше гратче.

Прва градска ораторска вечер во организација на “Ротари клубот” од Прилеп – Ќе се натпреваруваат 19 учесници

Во организација на Ротари клуб Прилеп, на 10 декември 2025 година, со почеток во 19:00 часот, во Градската библиотека „Борка Талески“, ќе се одржи првата градска ораторска вечер во Прилеп, по повод Меѓународниот ден на човековите права.

На настанот ќе настапат вкупно 19 учесници, најголемиот дел ученици од средните училишта од Прилеп, а еден од нив е и повозрасен учесник – член на Ротаракт клубот, кој ќе придонесе со своето искуство и поглед кон темата.

Темата на ораторската вечер е:
„Правото на изразување без цензура и ограничување“, преку која младите ќе имаат можност јавно да ги искажат своите ставови, размислувања и пораки за слободата на говорот.

Настапите ќе ги оценува стручна комисија составена од три професорки по македонски јазик, кои ќе го следат ораторскиот израз, аргументацијата и јавниот настап на учесниците.

Од Ротари клуб Прилеп истакнуваат дека основната цел на настанот е да се поттикне таканаречената „типкачка генерација“ повеќе да зборува, да размислува критички и јавно да ги изразува своите ставови, наместо само да комуницира преку екрани и тастатури.

Доктори за медал! Две успешни трансплантации на коски кај деца изведени на Клиниката за ортопедија

На Клиниката за ортопедија успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти. Првата интервенција е извршена кај 14-годишно девојче со вродена аномалија на стапала.

Операцијата ја предводеа науч. сор. д-р Ненад Атанасов и асс. д-р Милена Богојевска Доксевска, со тим составен од д-р Даница Поповска, д-р Армин Амедовски, д-р Ријад Ајро, анестезиолог д-р Лилјана Анѓелеска, анестетичарка Гордана Захариева, инструментарките Билјана Тројановиќ и Сузана Пејчиновска, радиолошкиот техничар Крешник Шеху и болничарката Ирена Галевска.

Втората трансплантација е направена кај 13-годишно момче со повторен деформитет на стапалото. Пациентот е во добра состојба и го очекува рехабилитација. Тимот го предводеше проф. д-р Зоран Божиновски, со анестезиолог д-р Ивана Крстевска Трпковска и асистенти д-р Теодора Божиновска и Искра Шојлеска Јовановска. Во интервенцијата учествуваа и средно-медицинскиот кадар: Злата Апостолоска, Кристина Реџеп, Ширете Муртезани, Крешник Шеху и Снежана Тодоровска.

Секоја чест за двата медицински тима и до семејствата на донорите за нивната хуманост.

Селекторот Лазаров со Алкалоид вечерва гостуваат во Прилеп – Да ги пречекаме во полна сала, прилепчани се во победнички ритам

По трите победи во последните три кола, на гостувањата кај Куманово и Пролет, како и на домашен терен против Бутел, ракометарите на РК Прилеп вечерва се пред нов предизвик.

Во рамки на 16. коло од Супер лигата, во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, гостува екипата на Алкалоид, предводена од селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров.

Одличната победничка атмосфера која владее во клубот, заслужува да биде наградена со полна сала.

Натпреварот се игра со почеток од 19:30 часот!

 

Кривична за бивш министер, борбата против криминалот продолжува

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против екс министерот Оливер Спасовски, поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување

Според пријавата, Спасовски во текот на 2021 година, додека ја извршувал функцијата министер, искористувајќи ја својата службена позиција, овозможил на правен субјект – станица за технички преглед во општина Сарај – да се стекне со противправна имотна корист во износ од 5.565.927 денари.

Според МВР тој наводно го сторил делото така што, спротивно на законските обврски, не донел решение за одземање на овластувањето за технички преглед иако надлежната организациска единица доставила предлог за тоа. Тој знаел дека одлуката мора да се донесе во рок од 15 дена по приемот на предметот, но не ја извршил службената должност согласно член 65 став 3 од Законот за возила и член 5 од соодветниот правилник.

Обвинителството треба да утврди дали постојат основи за поведување понатамошна постапка.

Прилепчанец возел низ град “ќор пијан” – ќе одговара кривично

-На 10.12.2025 во 00:02 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Т.Д.(66) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки и по преземени мерки е констатирано дека го управува под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.23 промили алкохол во крвта – информираат од МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.