дома блог страница 2641

Пропадна мнозинството на СДСМ во Советот на општина Кривогаштани – избран нов претседател на предлог на ВМРО ДПМНЕ!

Од ОК ВМРО-ДПМНЕ Кривогаштани за Маркукуле информираат:

“Денес доцна попладне, на редовна седница на Советот на општина Кривогаштани, по барање на членовите на советничката група на ВМРО ДПМНЕ беше разрешен досегашниот Претседател на Советот на општината Зоран Кочоски и на предлог на координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ беше изгласан избор на нов Претседател, независниот советник Пеце Ликоски од Воѓани.

Ваквиот развој на настаните се случува во време кога дел од советниците на СДСМ во советот имаат сериозни несогласувања со нивниот сопартиец градоначалникот Рубинчо Шефтероски, поради што веќе извесен период единството на советничкото мнозинство предводено од СДСМ беше доведено во прашање.

Ваквата ситуација ја искористи опозицијата и успеа во намерата да биде изгласан нејзиниот предлог за независниот советник, со што обезбеди поголем баланс во распоредот на силите во општинската власт, како и потенцијал за поголемо влијание врз одлуките во општината”.

Јованоски: Во poднинcка вpcка cyм со тие што гpaдат во пазapoт, но гpaдбата е нeлeгaлнa и таа ќе биде oтcтpaнeтa (Видео)

Денешната прес конференција ја свикувам со цел да се отстранат сите дилеми, инсинуациите и да запрат шпекулациите, лажните вести и клеветите и обвинувањата насочени спрема мене како градоначалник на Општиина Прилеп, но и како физичко лице Илија Јованоски, за наводна вмешаност или соучество во изградбата на два објекти што се градат во градот. Ова денеска на прес конференција го истакна градоначалникот Илија Јованоски, откако неколку пати беше прозиван од страна на ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни дали е вмешан во изиградбата на објектот кој се гради кај болницата и надоградбата која се прави во пазарот во трговскиот центар Филип II.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Станува збор за објект, зграда која се гради во близина на Медицинското училиште, каде постои купопродажен договор на два субјекта, едниот физичко лице, а другиот правен субјект, при што се продава приватен имот. Ниту Општината, ниту градоначалникот на било кој начин се вклучени во тој купопродажен договор. Јас го видов тој купопродажен договор, видов дека соодветно е платен данокот на Општината и за нас тука завршува целата работа. Категорично демантирам било каква моја вмешаност во изградбата на објектот, ниту како градоначалник на општина Прилеп, ниту како физичко лице Илија Јованоски.

Вториот објект, наводниот хотел кој се гради во пазарот во центарот на Прилеп не постои во Деталниот урбанистички план. Станува збор за легализиран деловен објект, каде сопственикот сакал да го промени покривот на терасата на тој деловен објект, со кој ни Општината ни јас како градоначалник имаме некаква врска со тоа. После добиената информација од граѓаните, од вас новинарите, дека таму се прави нешто незаконски, на лице место излезе овластен градежен инспектор од Општината, кој на сопственикот му кажа да го отстрани нелегално изградениот дел во законски можен рок и доколку тоа не биде направено во законски предвидениот рок, Општината ќе биде приморана тој дел да го отстрани присилно.

Уште еднаш да кажам и тврдам дека апсолутно немам никакво влијание ниту како градоначалник, ниту Општината има нешто врска со ова. Она што го има Општината е да се отстрани оној нелегален дел што моментлно е почнатно да се гради. Запрена е градбата, кажано му е на сопственикот да се отстрани и доколку, уште еднаш ќе повторам, не го отстрани во законскиот рок ние присилно тоа ќе го направиме. Ова важи за сите граѓани на општина Прилеп, дали тоа е вработен во општинава, дали тоа е мој пријател, роднина, другар, законот ќе важи подеднакво за сите. Ова го тврдам, додека сум јас на ова место, додека јас одлучувам, за сите изградени нелегални објекти законот треба да биде еднаков за сите. И сакам оваа дилема да се отстрани со ова денешно мое излагање, затоа што ова што го кажувам го тврдам, сигурно е така, укажувањето понатаму на некои личности, на опозицијата или на било кој, ако продолжи со вакви клевети, инсинуации и лажни обвинувања, тогаш ќе морам правдата да ја барам преку соодветните институции.

Сопственикот сакал да го менува покривот на терасата. За да го смени покривот требало да побара одобрение. Не побарал одобрение и на укажување на граѓани и на вас новинарите излезе градежниот инспектор, ја стопира градбата и дадено му е соодветен важечки законски рок да ја отстрани онаа градба што ја започна. Ако не ја отстрани, ние ќе бидеме приморани да ја отстрани присилно, како што е предвидено законски. Тука нема дилема, да расчистиме, тоа ќе важи за било кој и за било каде.

Јас ја видов документацијата, тоа е легализиран деловен објект, приземје, прв и втор кат, легализиран од приватна компанија. Во легализацијата тој објект е легализиран како деловен објект и тука се завршува. Овие се чисти измислици, ниту хотел, ниту јас лично сум вмешан. Го кажувам ова, не сакам ни да помислам, ниту ми треба, ниту има потреба од вмешаност ниту Општината, ниту градоначалникот на општина Прилеп, ниту јас лично како Илија Јованоски во ова. Јас не знам зошто толкави инсинуации и непотребни клевети и лажни вести. Ова го тврдам и секогаш ќе го тврдам затоа што е така.

Во роднинска врска сум со луѓето што градат. Но без разлика што сум во роднинска врска, тоа ќе биде срушено таму ако сам не го сруши. Законот важи и за него и за било кој друг. Јас кога разбрав дека бесправно почнало да се препокрива, јас го испратив инспекторот градежен кој ја стопира градбата. Градбата е стопирана и завчера им е нареден во законски рок да ја отстрани. Ако тоа не го направи, без разлика дали е во роднинска врска, не е во роднинска врска, обичен граѓанин, пријател, другар, тоа ќе мора да се сруши ако не го сруши сам. И тоа ќе важи сега, за сите и секогаш“, истакна градоначалникот Јованоски.

Видео: “www.infokompas.com.mk”

(Видео) Јованоски: “На есен ќе гледаме фудбал на новиот стадион” – Состојбата на терен сепак различна?

Кон крајот на јули годинава градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски од градскиот стадион “Гоце Делчев” истакна дека реконструкцијата на стадионот ќе биде извршена до крајот на градежната сезона и дека се надева дека есенва фудбалската јавност ќе може да гледа фудбалски натпревари.

Сепак, според фотографиите од терен, на стадионот сеуште се извршуваат градежни работи, а тревникот никако да раззелени.

Јованоски тогаш посочи дека за тревникот надлежна била Фудбалската федерација на Македонија, но досега нема истакнато како завршиле разговорите со првите луѓе таму и кога конечно Прилеп ќе добие модерен стадион.

Додека на стадионот сеуште се работи и не се знае крајниот рок на завршување на сите активности, фудбалскиот клуб Победа мачи мака во Втората лига – Исток и моментално се наоѓа на дното.

Нajcрeќниoт дeн од нejзиниoт живoт: Го пoбeдилa paкoт и oсвoилa лoтaриja

Лејн Пирс (55) работи во пeрaлна за алишта и е мајка на три деца, а неодамна најверојатно го имала најсреќниот ден во својот живот.

Британскиот The Sun, пишува дека Пирс била во својот дом кога го отворила писмото. Истото носело информалција дека повеќе нема paк на дoјкaтa. По десет минути, дошол нејзиниот сопруг Давид, радосно врecкaл дека освоиле половина милион фунти на лотарија.

– Не можам да ви кажам што кажав, беше многу нeпpиcтoјнo бидејќи бeв во тотален шoк. Се тpeсeв и немав зборови, што ретко се случува. Влегов во бањата и си направив купка, лежав два часа обидувајќи се да процесирам што се случи – рекла Лејн.

Давид го проверил ливчето лотарија и сфатил дека има еден од добитните кодови за „EuroMillions Millionaire Maker“.

– Отидов дома да и кажам на Лејн, но таа веќе имаше големи вести. Писмото кое вели дека е здрава вреди повеќе од милион – рекол сопругот.

На Лејн и бил дијагностициран paк на дојката во 2015 година, а пред последнот преглед, поминала низ многу тpeтмaни. Сега го победила paкoт, а парот има план да одат на голем годишен одмор, а попатно ќе ја прослават и годишнината од бракот.

КОМЕДИЈА! Погледнете дали 17.000 плата се доволно и како живее Арнолд Шварценегер во Македонија (Видео)

Човеков на оригинален начин кажува дали се доволно 17.000 денари плата во Македонија.

Погледнете:

Неколку мајки од Прилеп за прв пат ќе го одбележат Светскиот ден на прерано родените бебиња: Повик до сите граѓани да помогнат!

Во понеделник, 18.11.2019 година, од 10-14 часот, во бифето на ЈЗУ Општа болница “Борка Талески” – Прилеп, ќе се организира хуманитарен настан по повод Светскиот ден на предвремено родени бебиња.

Настанот кој насекаде ширум светот се одбележува со низа хуманитарни акции за прв пат ќе биде одбележан и во Прилеп, а иницијативата за тоа ја имаат неколку мајки кои се надеваат дека одбележувањето на овој ден ќе премине во традиција.

Со помош на локалните бизниси од Прилеп ќе организираат хуманитарна лотарија, а собраните средства ќе бидат донирани во неонатологија.

Секој посетител ќе добие виолетова панделка која е симбол на прерано родените деца.

Овие мајки упатуваат повик до сите граѓани да се вклучат во хуманитарната акција и да дадат свој придонес за поддршка на болниците и семејствата.

(Видео) Библијата му го спасила животот: Kypшумот одел право во срце

Библијата му го спасила животот на полицаец од Боливија кога демонстрантите го пykaле во градите.

Полицаецот рекол дека “чудниот” инцидент се случил вчера во градот Јапкан.

Оскар Гутиерез, шефот на Специјалната единица за борба против kpиминал на Санта Круз, тврди дека kypшумот излегол од ykpaдено opyжје од полициjaта.

(Видео) Сте слушнале ли за куќите од едно евро во Италија? Слушнете што викаат оние кои ги купиле

Морган Гијо од францускиот град Нант, купила куќа за едно ево во Музомели, градче во Сицилија.

Куќата која таа со сопругот ја купиле требало да им стане “втор дом”, односно викенд куќа во која би поминувале неколку месеци во годината. Договорот ги обврзува купувачите да ја реновираат куќата што ќе ја добијат, а Морган (27) и нејзиниот сопруг (31) не губеле време. Сега се при крај на реновирањето, ги поправиле ѕидовите, како и подовите.

“Само купатилото ни остана за реновирање, а бидејќи и двајцата сме уметници и занаетчии, најголем дел од реновирањето го направивме сами. Убаво е да се види како нашата двособна историска куќа повторно оживеа, а најголем адут ни е панорамскиот балкон од 15 квадрати”, вели таа.

Вистината за образованието во Македонија: Мицкоски преку видео спот се обрати до наставниците и професорите (Видео)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку видео спот се обрати до наставниците и професорите

“Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели,
вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја имате целата почит.

Дозволете ми да ја разобличам лагата која Зоран Заев сака да ви ја сервира, лажно прикажувајќи дека наводно ќе ви ја зголемел платата, и тоа сака да го продаде како негова голема широкоградост.
Вистината е дека ова зголемување кое ви се ветува е ЗАДОЦНЕТО и ПРЕМАЛО!!!

А уште поголемата вистина е дека Заев наместо да даде, ви ОДЗЕМА од Вашите плати кои чесно ги заработувате и кои ви се гарантирани со Закон за минимална плата и Колективен договор во образованието!

Почитувани,

Согласно потпишаниот Колективен договор кој има сила на закон и законот за минимална плата на наставниците и професорите платата се пресметува како резултат на минималната плата која се исплаќа во државата помножена со коефециентот на сложеност за вашето работно место кој во моментот изнесува 2,533.

Поточно, ако знаеме дека согласно закон за минималната плата во државата изнесува 12.500 денари, и ако оваа сума се помножи со коефицинетот 2,533, ќе дојдеме до сумата од 31.660 денари, сума која треба да биде просечна плата во образованието, односно Ваша плата. Да повторам 31.660 денари! Доколку ако ја земеме најавата за нова минимална плата која треба да изнесува 14.500 денари, вашата плата согласно колективниот договор и законот за минимална плата треба да биде 36.800 денари, да повторам 36.800 денари.

Што прави Заев деновиве соочен со својот политички крај и извесен изборен пораз?

Тој се обидува да ви продаде лажна слика дека наводно ви ја зголемува платата со најавеното покачување од 10%.
Просечната плата во образованието која изнесува 23.680 денари, ветува дека ќе ја зголеми за 10% или апсолутно за 2.300 денари, и таа вашата просечна плата ќе достигне ниво од 26.000 денари.
Доаѓаме до вистината,

По закон просечната плата во образованието денеска треба да изнесува 31.660 денари или доколку постоечката минимална плата се зголеми на нивото од 14.500 денари тогаш по закон вашата плата треба да изнесува 36.800 денари, согласно најавата за новата минимална плата.

А, Заев дава 26.000 денари, Заев не ја зголемува вашата плата, Заев ви одзема од Вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието.

Заев просечно ви одзема по 5.600 денари месечно согласно старата, односно речиси 11.000 денари согласно најавената минимална плата!!!

Тоа е срамот и тоа е Заев, човек кој говори измами и кој не ја почитува вистината!
Драги пријатели,

Ви ветувам дека по победата на претстојните избори од страна на ВМРО-ДПМНЕ, јас како предводник и човек на којшто вие сте му ја дале довербата,и ваш колега во образованието, во целост и комплетно ке го испочитувам колективниот договор и законот за минимална плата кој ви гарантира заслужена заработувачка!

Доаѓа Обнова на Македонија!

Доаѓа #ОбноваНаМакедонија за сите!”

Науката докажала: Кисели краставички помагаат доколку ги имате овие симптоми

Научниците откриле дека ферментираната храна, како кисели краставички, кисела зелка или јогурт, може да ја намали социјалната вознeмиреност и нeвротизам. Киселите краставички и другиот зеленчук од туршија се нешто што не секој може да го јаде заради нивниот карактеристичен вкус. Ние до сега знаевме дека тие се здрави, но она што не знаевме е дека тие може да имаат позитивен ефект врз луѓето кои стpaдаат од вoзнeмирeност.

Научниците откриле дека ферментираната храна, како кисели краставички, кисела зелка или јогурт, може да ја нaмали социјалната вознeмирeноcт и нeвpoтизам.

Пробиотиците или здравите бактерии од овие намирници се одговорни за тоа. За нив се верува дека влијаат на микробиомот на цревата, што дополнително има позитивен ефект врз мозокот со зголемување на нивото на ГАБА ниво. Тоа е предавателот што ја регулира вoзнемиреноста и зголемувањето на тоа делува како лeк пpoтив него.

Ова беа нaодите од cтудијата во која беа опфaтени 710. стyденти и ги следеле нивните симптоми на вoзнeмиpeност, нeвpoтизам и опшeствена фобија во однос на тоа колку ферментирана храна јаделе.

Со поголема потpoшувачка на овие намирници, овие нивоа се нaмалиле. Факт е дека секој организам се разликува во хемискиот состав и дека се случуваат различни промени на микро ниво. Затоа, потребни се понатамошни истражувања на оваа тема за да се добијат уште поточни заклучоци.