Финансиска полиција уапси лице осомничено за криминал сторен во Општа Болница Прилеп.
Неофицијално дознаваме дека се работи за криминал, односно проневерени пари во висина од 16.000.000 денари.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
„За нас почнува живот“ е современа трагикомедија за човекот кој сонува…што ќе биде изведена в понеделник од 20.00 часот на сцена 105.
„„За нас почнува живот“ не се занимава со големите наслови на светот – туку со тишината меѓу двајца, со зборовите што не се кажани, со љубовта што опстојува и кога е скршена… Оваа претстава не е бајка. Таа е огледало. И во тоа огледало не се гледа совршенство, туку мали луѓе со големи соништа, заробени меѓу идеали, разочарувања и трагање по среќа. Автор е Ѓерѓ Шпиро, режијата е на Дејан Пројковски, улогите ги толкуваат Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви. Автор на музиката е Горан Трајкоски.
На 16 ти декември, вторник од 20.00 часот популарниот актер Сашко Коцев ќе го реализира неговoто стенд ап шоу „Широк дијафазон“.
Гостувањата се дел од одбележувањето на јубилејот 75години НТ „Војдан Чернодрински“, кој ве поканува на вечери исполнета со смеа, емоции и добра енергија.
Воедно театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Чиста куќа“ од Сара Рул, во режија на Тамара Стојаноска, на 13 декември ќе гостува во Никшиќ.
Веднаш по враќањето од Никшиќ, на 17 декември, среда, од 20.00ч, на сцена 105 ќе биде изведена првата реприза на претставата „Црнила“ во режија на Дејан Пројковски.
Здружението на наставници по германски јазик – MKDV и Гете-институт Скопје, во соработка со училиштата од Општина Прилеп, го организираат Божиќниот базар по германски пример, кој оваа година ќе се одржи на 15 декември 2025 година (понеделник) од 12:30 до 14:30 часот, на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп.
Настанот е поддржан од Општина Прилеп. Базарот ја носи магијата на традиционалните германски Божиќни пазари директно во нашата општина. Учениците љубители на германскиот јазик и култура од основните и средните училишта од Прилеп, но и од други градови низ Македонија, ќе ја доловат оваа празнична атмосфера преку игри, песни, новогодишни украси, ракотворби и богата празнична храна. И сето тоа се разбира бесплатно, од деца за деца.
Програма на настанот:
12:30 – 13:30
Културно-уметничка програма на германски јазик со настапи на ученици од основните училишта во Прилеп, како и учество на најмалечките од градинката „Вишне“ и приватната градинка „Ројал Кидс Хаус“.
13:30 – 14:30
Посета на штандовите, интерактивни едукативни работилници и дружење со учениците. Секој посетител ќе може да научи нови зборови на германски јазик, да понесе ново искуство и да се приклучи кон хуманитарниот дух на настанот.
Одржливоста на овој настан се огледува во неговата едукативна вредност и хуманитарен карактер. Целта е секој посетител, дете или возрасен, да може да стекне ново знаење, да развие емпатија и да ја почувствува убавината на германската култура преку непосредно искуство.
Настанот е поддржан од повеќе општествено одговорни компании кои ќе учествуваат со свои производи, како и од партнер-училиштата и институциите што континуирано ја промовираат германската култура и јазик во нашата земја.
Прилеп и оваа година ќе заблеска во празничен дух, со креативност, знаење и хуманост од најмладите.
Битола и кажа добредојде на новогодишната магија. Претпразнично блеснаа улиците, плоштадите, сцените каде и годинава ќе се случува „Зимската приказна“.
Нова светлина, нова енергија, нова радост за граѓаните на Битола и сите гости.
Со оваа фотогалерија Ви пренесуваме дел од новогодишната магија во градот под Пелистер, подготвен за уште едно ново издание на предновогодишната програма на препознатливата „Зимска приказна“.




Во најавата за утрешната петочна колумна, новинарот Зоран Момироски, се задржа и на постапката за избор на нови членови во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија во Прилеп.
Имено, на последната седница на Советот на општина Прилеп, советниците избраа комисии кои ќе го вршат изборот на нови одборници, а кандидатите ќе се пријават на јавен повик.
Иако повикот се’ уште не е објавен, Момироски пишува дека надоместокот нема да биде како досега по 800 ден. од седница, туку до 30% од просечната плата во Македонија.
Имајќи во предвид дека просечната плата во државата надмина 45.000 ден., тогаш 30% од оваа сума, би значело дека идните членови во управните и надзорните одбори би добивале над 13.000 ден. по седница.
-Нема избор на членови на управен и надзорен одбор по партиски клуч во јавно комуналните претријатија. Секој може да конкурира на јавен повик. Се очекува интересот да биде голем оти нема повеќе надоместокот од одржана седница да биде 800 денари, туку до 30% посто од просечниот личен доход во државава, стои во најавата на новинарот, а деталите ќе ги прочитаме утре во неговата најнова колумна.
Бугарскиот премиер Росен Железков објави дека неговата влада поднесува колективна оставка, по несогласувањата околу буџетот и бранот протести што се одржуваат со недели во најсиромашната земја во Европската Унија (ЕУ).
„Нашата коалиција се собра и разговараше за предизвиците со кои се соочуваме и одлуките што треба да ги донесеме. Не се сомневаме дека владата ќе добие поддршка на претстојното гласање за недоверба. Но, за нас, одлуките на Националното собрание имаат смисла кога ја изразуваат волјата на суверениот. Нашата желба е тие да бидат на ниво на она што го очекува општеството. Во моментов, како што наведува Уставот, моќта доаѓа од гласот на народот. Го слушаме гласот на граѓаните кои протестираат против владата. Млади, стари, луѓе од различни етнички групи го кренаа својот глас за оставка. Ние ја поддржуваме граѓанската енергија, ја охрабруваме. Кабинетот е создаден од различни партии, обединети на европскиот пат. Бугарија да биде дел од земјите што ја изградија најстабилната унија – ЕУ“, рече тој.
Тој додаде дека постигнале макроекономска стабилност.
„Ќе ја исполниме буџетската рамка за 2026 година. Буџетскиот план што го предложивме беше за социјална заштита и зголемување на куповната моќ на граѓаните. Се чинеше дека ова не може да биде. Или не беше целосно објаснето или нашите противници не разбраа. Протестот беше против ароганцијата и суетата, за начинот на кој се спроведуваат вредностите на демократијата. Затоа владата поднесе оставка“, рече Железков.
На 10.12.2025 година, на истиот ден кога се прославува Меѓународниот ден на човековите права, во преполната сала на Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, Ротари клубот од Прилеп ја одржа Првата градска ораторска вечер, насловена: „Правото на изразување, без цензура и ограничување“.
Нашите емоции се’ уште се многу силни за да можеме со зборови да ги искажеме задоволството и радоста од она што беше презентирано
Громогласни аплаузи се слушнаа 19 и повеќе пати за исто толку учесници на настанот, сите ученици во средните општински училишта во градот и еден претставник на Ротаракт клубот Прилеп!
-Слушајќи ја младината, заеднички беше заклучокот дека, Македонија има иднина! Се согласивме дека нам ни се потребни повеќе настани на коишто младината ќе го има главниот збор! Во тоа име, ветуваме дека овој настан ќе прерасне во традиција! Ја користиме приликата да се заблагодариме на жири комисијата којашто стручно ја заврши својата работа, на сите учесници – оратори, ротаријанци, ротарактовци и пријатели, велат од “Ротари Клубот” од Прилеп.
Наградени оратори се:
Прво место – Евгенија Димитриовска;
Второ место – Марко Костадиноски;
Трето место – Мила Вршкоска
Наградените добија пехари, дипломи и парични награди, додека сите учесници – оратори добија дипломи за учество на ораторската вечер.
Кога температурите паѓаат, а улиците се претвораат во мешавина од снег, мраз и други неочекувани изненадувања, шансите за штета за возилата растат. Затоа најсигурниот начин да влезете во зимата без грижи е со полиса за КАСКО осигурување.
КАСКО осигурување е најдоброто „зимско палто“ за твоето возило – само што не го штити од студ, туку од сè што зимата може да му приреди. А знаеме дека зимата не секогаш игра фер: лизгави улици, ненадејни сопирања, невидлив мраз, паднати гранки… и, секако, возачи кои возат како да е јули.
Затоа сега е вистинскиот момент да го подготвите своето возило за сезоната во која изненадувањата демнат на секој агол.
КАСКО осигурувањето е доброволно осигурување кое го штити вашето возило од штети што не се опфатени со задолжителното автоодговорност осигурување.
На кратко: КАСКО осигурувањето е ваша лична супермоќ на патиштата – заштита што функционира и кога вината е ваша, и кога е туѓа, и кога никој не знае што точно се случило. За разлика од задолжителното осигурување кое покрива штети предизвикани на други лица, КАСКО се грижи за Вас и вашето возило.
Со него сте заштитени дури и од ситуации кои не можат да се предвидат. Тоа го прави КАСКО осигурувањето идеален избор за секој што сака мир за време на возење, особено кога условите на патиштата се сериозно влошени во зимските месеци.
Минт Инс го прави целиот процес едноставен и брз. Со полиса за КАСКО осигурување, добивате покритие за:
КАСКО осигурувањето постои затоа што потенцијалните ризици на патиштата, посебно во зимскиот период се многубројни.
Кога температурите паѓаат, расте шансата за незгоди. Ледени плочи што се формираат преку ноќ, снежни наноси што ја ограничуваат видливоста и влага што ја саботира контролата при кочење. Дури и најкраткото градско возење може да стане предизвик. Патиштата стануваат непредвидливи, а со тоа и ризикот за оштетување на возилото.
Кога да размислите за КАСКО? Веднаш. Ова е моментот кога патиштата стануваат предизвик, а штетите се почести. Затоа во Минт Инс препорачуваме навремена активација на полисата, за зимата да не Ве изненади неподготвени.
Минт Инс нуди сигурност, брза услуга, разбирливи услови и пристап што го става корисникот на прво место.
Добијте:
Во зима, брзата услуга и сигурноста вредат повеќе отколку кога било.
Зимата е период кога сите се грижат за зимски гуми, акумулатори и антифриз. Но вистинската подготовка значи и заштита од она што не можете да го контролирате. Затоа, ако сакате:
Тогаш изборот е јасен – КАСКО осигурување од Минт Инс.
Заштитете го своето возило, своите нерви и своето време. Бидете спремен за снег, мраз и сè што зимата носи. И запамтете: најдобриот пат кон сигурноста е навремена заштита.
Зимските месеци се непредвидливи, но вашата безбедност не треба да биде. Со КАСКО, секое возење станува посигурно и секој ризик лесно управлив. Ова е инвестиција што не штити само метал, туку и време, нерви и финансии.
Затоа, пред да падне првиот снег, донесете паметна одлука и обезбедете го вашето возило со КАСКО осигурување.
Контактирајте нè на 15 107, на емаил [email protected], или во нашите филијали, и нашиот тим ќе ви помогне да ја откриете понудата што најмногу одговара на вашите потреби.
За време на владењето на императорот Јулијан Отстапник (361-363) беше извршен страшен прогон на христијаните. Тогаш во целата Римска империја беа издадени посебни наредби и беа испраќани луѓе да ги спроведуваат.
Со тие заповеди секој што ќе се откажеше од Христа добиваше големи почести од царот, а ако пак не сакаше да им принесе жртви на паганските идоли требаше да биде подложен на жестоки казни и мачења. Тогаш, пред ваквата опасност од Никеја побегнаа во Солун, а оттаму во Тивериопол – денешна Струмица, епископите Теодор и Тимотеј и монасите Комасиј и Евсевиј.
Кон овие четворица притекнаа и Петар, Јован, Сергиј, Теодор, Никифор кои што беа презвитери, и Василиј и Тома коишто беа ѓакони, Јеротеј, Даниил и Харитон коишто беа монаси и Сократ. Кога за ова дозна царот Јулијан испрати луѓе во Тивериопол со заповед тамошните жители да се откажат од Христа и да им се поклонат на идолите. Најпрвин пред царските пратеници беа повикани овие петнаесет свети мажи. Но, бидејќи тие не сакаа да им принесат жртва на демоните и на нивните идоли веднаш беа осудени на смрт и посечени со меч. Кога Светиите го завршија својот благочестив живот, нивните чесни тела многу денови стоеја зафрлени бесчесно.
Но, Господ ги запази недопрени и неповредени така што оние што ги гледаа го прославуваа Христа Бога. Подоцна, некои христијани се собраа и ги подигнале со почести чесните тела на Мачениците, ги завиткаа во чисти плаштаници и откако ги извршија сите служби, ги положиле во Тивериопол, секого во посебен ковчег. И по смртта, Мачениците вршеа големи чудеса, не само на месните жители, туку и надвор од границите на Тивериопол.
Светите Петнаесет Тивериополски свшетеномаченици и денес се почитуваат како покровители и заштитници на градот Струмица.
-На 09.12.2025 во 11:50 часот на улица „Вељко Влаховиќ“ во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода А.К.(44), К.К.(48) и В.Г.(50), сите од Република Бугарија, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ по член 235 и „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 266 од Кривичниот законик. А.К. и К.К. се затекнати во патничко возило „фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, а В.Г. е затекнат со возило комбе „пежо боксер“ со бугарски национални ознаки и кај нив се пронајдени предмети и делови од народна носија за кои не можат да го докажат потеклото. Предметите се прегледани од етнолог од Музеј Битола и констатирано е дека се работи за делови од македонски народни носии кои претставуваат културно наследство и се со забрана за промет и за продажба без нивна дозвола. Тројцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.