Aлександар Волкановски, австралискиот борец со македонско потекло, кој е познат како “Александар Велики”, во саботата во Рио де Жанеиро, го победи Бразилецот Алдо на домашен терен и ја продолжи импресивната серија на триумфи во УФЦ 237 серијата.
Оваа победа беше 17-та во низ за Волкановски, а во УФЦ борбите тој има скор од 7-0.
Единствените борци кои досега триумфирале над Алдо се Конор Мекгрегор и Макс Холоулај.
“Јас сум следен во линијата за титулата. Јас сум единствениот кој е непоразен во топ 3 сега. Треба да се рангирам на прво место”, изјави Александар “Велики” Волкановски после победата.
Борбата помеѓу Алдо и Волкановски погледнете ја ТУКА