Aктерот Темелковски: “Да не беше Груевски, ќе се викавме Република тенџере, и тоа без капак” (ВИДЕО)

Во едно гостување во емисијата на Миленко Неделковски, актерот Петар Темелковски зборуваше за цртата на карактерот на сега поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Toj вели дека реченицата „Се држите услишно, а не послушно према надворешните“, е токму карактеристика на Груевски, па поради таа карактеристика Македонија не добила име како “Република тенџере” уште порано.

“Да не беше таква неговата црта на карактерот денеска тврдам и гарантирам со сета своја чест дека оваа земја ќе се викаше Република Тенџере, ФИРОМ или северна е мила мајка. Република Тенџере ќе не натераа да ја викаме и тоа без капак”, рече тогаш актерот Темелковски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.