4 медали за ЏК “Сеишин” од турнирот во џудо „Миоки Опен-2016“

grupna-3

На 29.10.2016 во Скопје спортска сала Јане Сандански се одржа 7-ми Меѓународен Турнир во џудо „Миоки Опен-2016“. Џудо клубот Сеишин -Прилеп на овој турнир зеде учество со 7 натпреварувачи а освоени се 4 медали (1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени).
pocetna
Поединечно резултати:
Кадетки:
Александра Најдоска кат. +70 кг 1-во место
Полетарки:
Марија Костова кат. -18 кг. 2-ро место
Пионери
Орде Трајкоски кат. +66 кг. 3-то место
Кадети
Марио Цинцароски кат.+90 кг. 3-то место
Солидни борби прикажаа и Марио Тошески кат. -66 кг. кадети, Михаил Конески кат. -81 кг. кадети и Кристијан Тошески кат. +66 кг пионери но поради силната конкуренција не успеаа да освојат места на пиедесталот меѓу првите три.
Клубот продолжува со редовни тренинзи и подготовки за меѓународни турнири во Косово и Бугарија кои треба да се одржат во втората половина на ноември.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.