Поевтино беше да одиме со хеликоптер отколку да патувам со автомобил при што треба да ме следат уште два други автомобила, рече во синоќешното гостување во емисијата “Само интервју” на Канал 5 TB премиерот Зоран Заев, кој вчера со министерот за здравство Венко Филипче леташе од Скопје до Прилеп.
– Видов дека граѓаните реагираа. Пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите мора да ги исполнат. Јас не бев приватно во Прилеп, бев службено. Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат. Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите. На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери. Јас давам секогаш одговори. Никој не ме прашува дали сакам, можеби ми е страв. Трет или четврти пат го користам хеликоптерот за службени потреби – истакна Заев.