На само еден километар од центарот на градот, наскоро во Прилеп започнува изградбата на првиот мол, а прилепчани конечно ќе можат да доживеат посебно шопинг искуство.
Во градот под Марковите Кули наскоро започнува изградбата на новиот STRIP MALL, кој ќе се наоѓа во непосредна близина на “Паркот на револуцијата”, веднаш до регионалниот пат Прилеп-Битола.
Овој нов супермодерен објект ќе се простира на 9.000м2 и ќе располага со паркинг простор од 5.000м2. На располагање на купувачите ќе бидат над 30 реномирани интернационални брендови, кои за Прилеп ќе значат огромен економски бенефит, не само од посетители од регионот, туку и од целата држава, па и пошироко.
STRIP MALL PRILEP ќе се гради по урнекот на така наречените стрип и плаза центри во САД, односно низа на продавници ќе бидат наредени во линија во еден голем објект, со посебни влезови кон секоја од продавниците од надворешниот дел на објектот.
Инвеститорот е во финална фаза на комплетирање на сите административни процедури, а планот е овој трговски центар да се отвори до крајот на оваа година.
Освен економскиот бенефит за градот и вработување за повеќе од 200 лица, изградбата на овој објект ќе значи и огромен бенефит за општина Прилеп.
Според пресметките, на име комуналии во општинската каса ќе се слеат околу 350.000 евра, сума која со сигурност ќе значи голем финанскиски импулс во општинската каса, пред се’ за реализација на нови проекти од интерес на граѓаните.
Исто така тоа предвидено е новиот шопинг мол да понуди разни забавни соджини за најмалите, како и угостителски простор.
Повеќе информации во периодот кој следи.