Оштетен e крст во дворот во црква во селото Пресил близу Крушево.
Во СВР Битола, Б.Б.(61) од Битола вчера во 10.50 часот, пријавил дека ноќта на 15/16 август е оштетен крстот во дворот на црквата „Св. Ѓорѓија” во Пресил – пишува во полицискиот билтен со дневни настани на МВР.
Жителите на населеното место Пресил, крушевско протестираа против поставувањето на крстот висок 30 метри во нивното село. Велат дека е провокација, бидејќи, како што додаваат, сите жители во селото се од исламска вероисповед, пренесува ТВ 21.
На социјалните мрежи се појави и видео од протестот на селаните. Дел од нив се смеат, а пред нив стојат полициски службеници, а еден од селаните вели “крв ќе се пролее”…
Албанци од крушевско Пресил протестираат против крст во селото, еден вели "Крв ќе се пролее"..
За каков соживот зборуваме кога во 21 век уште со вакви работи се занимаваме? pic.twitter.com/hIhZ3YFR2V— Big Cojones (@BigCojones6969) August 17, 2022