18 прилепчани од Дабница, масакрирани од бугарската војска – Дел од заедничката историја со Бугарија

Вчерашната посета на Зоран Заев во Софија и заедничкото поклонение со Бојко Борисов на споменикот на Цар Самуил во Софија, силно одекна во македонската јавност и претрпе големи негодувања. Двајцата премиери најавија заедно чествување на заедничката историја, преку потпишување на договор за добрососедство на Илинден. Но, дали Заев знае каква е таа заедничка историја и дали прилепчани знаат каква заедничка историја делат со соседна Бугарија?

Dabnica_masakr,_otkopuvanje_na_koski,_1944

Масакрот кај прилепското село Дабница, септември 1942 година

Масакрот кај прилепското село Дабница е еден од најгрозоморните во историјата на Прилеп, а се случил на 19 сепрември 1942 година, кога 18 прилепчани биле стрелани од бугарскиот окупатор. Еве како се одвивал тој настан:

На 14 септември 1942 година, бугарските војски го блокирале селото Дабница и ги собрале селаните сред село, барајќи информации и поврзаност со партизанските одреди. Откако никој од селаните не дал информации, Бугарите врзале 64 мажи од селото и ги однеле во прилепските касарни. Таму врз нив се вршел невиден грозоморен терор, биле тепани  со боксови, газење, тепање со стап и коловски жила, бајонети под грло, горење под ноктите на рацете и нозете, гаснење на цигари по телото и друго. Од претепувањето во затворот починал еден селанец, Сотир Дамески.

На 18 септември од затворениците Бугарите по список извлекле 19-мина, 12 од затворените селани од Дабница и 7 прилепчани, кои, следниот ден ги врзале со ортоми и, без да бидат судени, ги повеле на стрелање. На пат кон Дабница, по наредба на поручникот Иван Куцаров, затворениците се стрелани. Иако биле дополнително проверувани дали некој останал жив, еден од затворениците, Петко Велкоски, ранет и искрвавен, се притајува, го подзапира здивот и е фрлен меѓу мртвите другари. На крај, успева да се спаси.

Во масакрот кај прилепското село Дабница стрелани биле:

Адем Мамуд Адемоски
Алексо Бешироски – Ставре
Душан Бешироски
Ордан Велкоски
Добре Цанев Јованоски
Тоде Кремчески
Ордан Кузманоски
Аце Мрчески
Димко Мрчески
Андон Нунески
Атанас Нунески
Гога Нунески
Ордан Димков Паноски
Андон Миланов Слабејкоски – Слабејко
Сотир Сотироски – Џигиџик
Киро Ѓорев Ќосески
Алексо Шаламаноски

Masakr_vo_selo_Dabnica,_1942

Стреланите прилепчани во Дабница

Бугарскиот окупатор е еден од најзлоогласените кои македонската историја ги памети. Нивните грозоморни дела се случувале насекаде ширум државата.

19366138_10211557632287885_7482907180329840157_n

Стрелани прилепчани од Бугарите на плоштадот во Прилеп

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.