17 пијани возачи “уловила” полицијата викендов на подрачјето на СВР Битола: Во Прилеп 4 возачи возеле под дејство на алкохол

Во текот на изминатата вечер (27/28.01.2024)во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 17 возачи од кои (12 во Битола, 4 во Прилеп, еден Ресен), а откриени биле и 9 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.