Македонија е вистински расадник на музички таленти кои освојуваат со своите гласовни способности. Тука нескромно ќе кажеме дека Прилеп предничи, а 17-годишната Мелиса Зијадиќ е уште еден доказ за тоа.
Мелиса е ученичка во СОУ “Ѓорче Петров” во Прилеп, а музиката ја негува од свои 11 години. Ја сака и најчесто ја пее македонската музика, особено народната, но и’ лежи и се’ друго.
Често настапува во “ИН” ТВ во Охрид, а има гостувано во повеќе емисии и талент шоуа. Каде и да се појави освојува со својот глас и ги воодушевува сите музички имиња кај нас.
Во продолжение слушнете неколку од нејзините настапи и уверете се:
Засега толку, а во иднина верувајте допрва ќе се слуша за нејзе и нејзините успеси.