Поголемиот број тинејџери летниот одмор го поминуваат во камп, на езеро, на море… Меѓутоа, една 14-годишна девојка го искористила својот летен распуст да направи нешто што дефинитивно не се гледа секој ден.
Откако на еден оглас видела дека се продава стара камп приколка, 14-годишната Ели решила да потроши 200 долари и да ја купи. После тоа, следела целосна трансформација.
Куќичката првобитно била користена за кампување и лов и била во навистина лоша состојба.
Ели идејата ја добила откако нејзиниот брат Исаја изградил мала колиба на имотот на нивното семејство. Сакала да има свое место за опуштање, но сакала тоа да биде блиску до куќата за да имаат струја и Wi-Fi.
Eли ја исфарбала внатрешноста со светли бои.
Нејзиниот татко и помогнал околу столаријата.
Поставиле и нови плочки на подот…
Целото лето собирала предмети и ги ставала во приколката…
Најпосле камп куќарката била подготвена за отварање…