100.000 денари плата за специјалисти и многу повисока за општи доктори: ВМРО-ДПМНЕ денес поднесе предлог до Собрание

ВМРО-ДПМНЕ на иницијатива на пратениците по професија доктори од нивните редови, до Собранието на Република Македонија поднесе предлог закон за повисоки плати за докторите.

sobranieto

Имено, со овој закон се предвидува платата на докторите специјалисти да изнесува 100.000 денари нето плата, додека пак платите на општите доктори да изнесува  56.000 денари нето плата.

Цел на овој закон исто така, е и системско решение со кое ќе се подобри квалитетот на здравствениот кадар, квалитетот на здравствените услуги за граѓаните и ќе се спречи одливот на здравствените мозоци во странство.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сега СДС е на потег, или како што ветија од оваа партија за време на предизборната кампања, да го поддржат овој закон и да го изгласаат заедно со нивното парламентарно мнозинство.

“Затоа, очекуваме нивна поддршка, бидејќи сметаме дека ова е позитивна мерка и се надеваме дека веќе од август или септември оваа година докторската фела ќе може да го почувствува зголемувањето на платите”, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски.

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.