Џудистите од Сеишин се вратија со 5 медали од Ниш

На 14.05.2016 во Ниш Р. Србија, во организација на ЏК Ниш –Ниш, се одржа меѓународен турнир во џудо за полетарци,помлади пионери и пионери, насловен како “Ненад Цветковиќ Цвеле”.

WP_20160514_11_42_04_Pro

На овој турнир учество зедоа вкупно 250 натпреварувачи од 34 клубови од 5 држави (Србија, Македонија, Бугарија, Грција и Романија). Џудо клубот Сеишин Прилеп зеде учество со вкупно 5 натпреварувачи во сите старосни категории при што се освоени и 5 медали (2 златни и 3 бронзени).

WP_20160514_14_29_07_Pro

Резултати: 1. Марко Тодорчески и Орде Трајкоски 1 во место, како и Кристијан Тошески, Георгиј и Никола Магдески .

WP_20160514_10_46_58_Pro

Екипата ја водеа тренерите Дејан Мицкоски и Давор Пројчески. На ова натпреварување судија беше и Томе Јосифоски интернационален судија, кој беше со највисок ранг на натпреварот, а присутни беа Претседателот на натпреварувачката комисија при Џфм Филип Ковилоски и членот Дејан Џокоски, заради остварување одредена соработка со членовите на српската џудо федерација. Како претставник на иницијативниот одбор на џудо ветераните од Македонија беше Киро Здравески, кој оствари контакти и искуства во врска со џудо ветеранската лига во Србија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.