Ќе прави ли Јовчески ревизија на работењето на Јованоски и директорите на јавни претпријатија?

Еден месец од локалните избори во Прилеп, на кои Д-р Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот круг славеше огромна победа од над 7.500 гласови разлика.

Јовчески беше миленик меѓу граѓаните уште за време на предизборната кампања, па неговата победа беше извесна уште пред одржувањето на изборите на 17. октомври.

Прилепчани го казнија СДСМ за погрешните политики во изминатите 4 години. Градот буквално стагнираше во сите полиња, а од друга страна се реализираа голем број сумливи набавки и проекти кои вредеа цело богатство, а воопшто не го олеснија животот и не придонесоа за развој на градот.

Набавката на четирите нови автобуси, мовчето на Градската река, реконструираниот дел од булеварот “Гоце Делчев”… се само дел од проектите кои ги бие лош глас од самиот почеток.

Граѓаните секојдневно реагираат на социјалните мрежи и низ чаршијата и гласно бараат новата општинска администрација да почне со пеглање на овие сомнителни милионски трошења на нивните пари.

Во изминатите 4 години во прес конференциите на опозициските партии можеа да се слушнат многу имиња, па останува да се види што од тоа било вистина, и дали постојат реални индиции за сторен криминал и полнење на нечии приватни џебови.

Во некои општини новите градоначалници најавија ревизии на вработувањата и реализацијата на проектите од нивните претходници, па тоа уште повеќе го крена гласот на прилепчани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.