Јовановски со понуда до Шеќеринска: Ќе поддржиме да биде и вицепремиер, само да не го прифаќа предавничкиот договор

Пратеникот Крсто Јовановски преку социјалната мрежа Фејсбук упати понуда до потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска. Ќе поддржиме да биде и вицепремиер, само да не го прифаќа предавничкиот договор, пишува Јовановски.

krsto-jovanovski

-Понуда за Рада: Едно е да преговараш и да се обидуваш да најдеш најповолно решение во интерес на граѓаните и државата, а друго е ова што таа и Зоран Заев го прават, ја продаваат државата на граѓаните само за фотелја. Предлогот е и до Рада, нека биде вицепремиер или што и да наумила, ќе ја поддржиме само нека не го прифаќа предавничкиот договор. Ќе се согласиме и државата да и плаќа дополнителни 10.000 евра месечно за станот во кој што си живее, само да не ја продаваат државата. Ајде Радо, ти си на потег, пишува Јовановски.

krste-jovanovski-fb-640x452

Извор: kurir.mk

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.