Јас сум христијанин и воспитуван во таков дух. На сите нив им ги простувам гревовите, бидејќи не знаат што прават, вели во своето јавно обраќање, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски.
-На тој што прв ме нападна му порачувам: во најможен краток рок да објави материјален доказ, од кого, кога и на кое место сум примил 250 000 евра за да го извршам велепредавството.
Ги повикувам органите на партијата јавно да се оградат од обвинувањата кон мене, бидејќи обвинувањето кон мене е и обвинување кон партијата.
Во спротивно ќе сметам дека обвинувањата се заеднички. Се колнам, во својата чест и морал дека никогаш нема да ги изневерам принципите на партијата, никогаш нема да ја изневерам мојата татковина и никогаш во собранието нема да гласам за промена на уставното име на Р.Македонија а со цел промена на уставот, порачува тој.