ЈКП „Пазари“ заврши со изградбата на нови деловни објекти на местото на старите и руинирани објекти на површина од 80 метри квадратни. Градоначалникот Марјан Ристески и директорот на ЈКП „Пазари“ Пецо Димоски денеска направија увид на новите простории, разговараа за новите инвестиции во пазарот како и остварија средба со граѓаните на град Прилеп.
„Ние како ЈКП „Пазари“ продолжуваме со модернизирање и осовременување на градскиот пазар, во првата фаза завршивме со деловните објекти во градскиот пазар кои беа предвидени во делот на управната зграда со површина од 80 м2 и инвестиција од 2.800.000 илјади денари, додека во втората фаза се изградени деловни објекти на површина од 50 м2 со вкупна вредност на инвестицијата од 2.200.000 илјади денари“, посочи директорот Димоски во својата изјава.
Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека:
„Денеска сме во посета на ЈКП „Пазари“ да ги видиме како изгледаат новите дуќани и слободно можам да кажам дека секоја година имаме одредени инвестиции во пазарот со што пазарот го направивме да изгледа како еден од светските пазари“, посочи Ристески во својата изјава.
Од наредната недела започнува поставувањето на тенди во текстилниот дел од пазарот, а се планира и поставување на подземните контејнери кои треба да бидат поставени во градскиот пазар и преку кои ќе се подобри хигиената и одржувањето на градскиот пазар. Станува збор за три контејнери со вкупна инвестиција од 1.850.000 илјади денари.