Ѓорчев до Локвенец: “Вие “експлодиравте” за грешно изговорено презиме, а гласате за промена на Уставното име на државата. Нели е контрадикторно??”

Жестока дебата синоќа во емисијата “Само вистина” на “Канал 5 Телевизија”, помеѓу пратениците Хари Локвенец од СДСМ и Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Во еден дел од емисијата пратеникот Локвенец реагираше за погрешниот изговор на неговото презиме, па на тоа имаше што да каже Влатко Ѓорчев:

“Господине Локвенец, Вие се буните за АКЦЕНТОТ на Вашето презиме, а НЕ Ви пречи што менувате ИМЕ на државата?

Прекрстувате ДРЖАВА со 2 милиони граѓани и око НЕ ви трепнува?

Референдумот пропадна, народот го сака уставното име Република Македонија”, рече Ѓорчев.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.