Што зборуваше Путин за Југославија на интервјуто со Такер

Русија не можеше да помогне во одбраната на Србија за време на војните во поранешна Југославија, изјави претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во интервју за Такер Калрсон.

„Штом почнаа настаните во Југославија, Борис Елцин го крена гласот за поддршка на Србите, не можевме а да не застанеме во одбрана на Србите, бидејќи Србите се посебен и близок народ за нас, со православна култура. Тоа е народ кој страда со генерации“, рече тој, додека коментираше за тоа како НАТО го прекрши ветувањето до Русија да не се шири на исток.

Како што рече, и покрај тоа, САД одлучија да го прекршат меѓународното право и да го бомбардираат Белград.

„Со тоа САД ја отворија Пандорината кутија. Згора на тоа, што беше кажано кога Русија протестираше и го изрази своето незадоволство? Повелбата на ОН и меѓународното право се застарени. Сега сите се повикуваат на меѓународното право, но тогаш почнаа да велат дека сè е застарено”, рече Путин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.