ШОК ЗА БРИСЕЛ: Унгарија побарала исклучување од ЕУ и придружување кон Русија

putin_orban2-t5

Нападите на Орбан врз Брисел не можат да се окарактеризираат како чист опортунизам, во нив постои силен идеолошки елемент.

Во нередните неколку недели европските лидери ќе бидат фокусирани на Велика Британија, чии граѓани наскоро ќе одлучат дали сакаат нивната земја и понатаму да остане членка на Европската Унија. Но тоа не е единствената закана за ЕУ која е на повидок.

Заканата доаѓа од Будимпешта. Унгарскиот премиер Виктор Орбан неодамна се позиционира како евроскептик. Откако го презеде кабинетот во 2010, година стана јасно дека не цвета љубов помеѓу него и Брисел. Ја користи речиси секоја прилика да ги прекори европските лидери, а и тие му возвраќаат со иста мера.

Меѓутоа, во последно време Орбан работите ги подигна на едно повисоко ниво, што ја наведе опозиционата партија да предупреди дека Орбан крои завера да Унгарија во потполност се исклучи од ЕУ. Иако неговата позиција по ова прашање и понатаму е нејасна, многу знаци говорат за тоа дека премиерот навистина го преиспитува статусот на Унгарија за останување во ЕУ.

Орбан беше енергично проевропски настроен порано. Всушност, тој ја водеше земјата за време на преговорите за приклучување, за време на траењето на неговиот мандат од 1988. до 2002.

 

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.