Екипана на актуелниот Европски шампион, Вардар, успеа да ја победи екипата на Монпеље, во првиот натпревар од Лигата на шампионите со резултат 33: 31.
И покрај тешкиот натпревар поради неуиграноста на тимот на вардарци, тие успеаа да направат пресврт и да дојдат до првата победа во ЛШ.
Првиот дел од натпреварот беше речиси израмнет. Водството се префлаше кај едните и кај другите, а на крајот од полувремето Французите заминаа со еден гол водство на пауза.
Вториот дел започна со силен притисок на Монпеље, но Вардар успеа до 45-тата минута да направи пресврт, за во драматичниот финиш да успеат да стигнат до победа.
Најзаслужен во самиот финиш беше Скубе кој постигна три гола во последните напади, а со последниот од нив стави точка на натпреварот.
Токму Словенецот Скубе беше најефикасен на мечот со осум гола, Дибиров постигна шест, Шишкарев пет, а Атман четири гола.