Шампионот Еурофарм Пелистер, во понеделник доаѓа во Прилеп

Во рамките на последното коло од есенскиот дел од суперлигашката ракометна сезона, РК Прилеп во понеделник ќе биде домаќин на минатогодишниот шампион – екипата на Еурофарм Пелистер.

Битолчани во градот под Марковите Кули доаѓаат како првопласирани со 36 бода, колку што има и Вардар на второто место на табелата. Од друга страна прилепчани потфрлија во очекувањата, па после 13 одиграни натпревари имаат само 3 победи и еден нерешен резултат, и со само 10 освоени бода напролет повторно ќе се борат за опстанок.

За Еурофарм не постои простор за грешка и се очекува во Прилеп да дојдат по нови 3 бода, па ракометарите на РК Прилеп ќе треба да најдат доволно мотивација и сила, за да се обидат да им го закомплицираат овој натпревар.

Натпреварот се игра во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко” и е со почеток од 19:00ч.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.