Членовите на еден од најпопуларните бендови на Балканот, “Лапсус Бенд” од Босна и Херцеговина, направиле вистински хаос во хотелот “Атлас Сити” во Прилеп?
Ваква вест објави сопственикот на хотелот на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од хотелската соба во која биле сместени членовите на бендот.
На фотографиите се гледа нечистотија, отпадоци, отпушоци и што ли уште не, а сопственикот на хотелот вели дека тоа говори за “хигиенските навики” на овие гости.
Лапсус Бенд изминатиот викенд настапуваа во еден од прилепските локали и моментално се еден од најпопуларните бендови кај младите.
Се чини дека, освен по одличната забава, во Прилеп ќе бидат запомнети и по ова: