Прилепчаните Илија Димоски, Дејан Дамески, Горан Гулески и Филип Илиоски, направија несекојдневен подвиг, поминувајќи 645 километри за 42 часа со велосипеди.

Нивната тура започнала утрото во 4 часот од Прилеп на 20 јули, а потоа се упатиле кој Дојран и граничниот премин Дојрани.


До 16:00 часот веќе биле во Солун и поминале вкупно 220 километри, што е навистина импресивна бројка да се извози во неполн ден.


Веќе наредниот ден со нови сили патот го продолжиле кон Калитеа до каде поминале дополнителни 80 километри.

Откако добро се одмориле и уживале 3 дена во топлото сонце и плажа, во вторникот околу 20:00 часот се упатиле кон Воден до каде успешно совладале нови 153 километри. Таму пристигнале во 5 часот утрото, а веќе во 17:00 часот тргнале кон Прилеп.


До Прилеп им следувале уште 160 километри, а во родниот град пристигнале ноќта околу 3:00 часот.
Задоволни од нивната незаборавна авантура, веќе прават планови за следна.
Црногорското приморје и Будва се следни на “менито” за авантуристите од Прилеп.
























