„Црвените ѓаволи“ му понудија договор на Ибра

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед му понуди едногодишен договор на Златан Ибрахимовиќ, објавија англиските медиуми

zlatan-ibra

Шведскиот фудбалер викендот се збогува со Пари Сен Жермен, а неизвесноста за тоа каде ќе ја продолжи кариерата и натаму трае.

Се шпекулира дека за трансфер на „Олд Трафорд“ на 34-годишниот фудбалер од нападот „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат неделна сума од околу 285.000 евра.

Ибрахимовиќ наводно е подготвен да ја прифати понудата, но само под услов од клубот да си замине тренерот Луис ван Гал, со кого тој не е во добри односи уште од времето кога тие заедно работеа во Ајакс.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.