Цените на горивата уриваат рекорди – бензинот достигна високи 94 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 12.05.2022 година.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,258 ден/кг и сега ќе изнесува 52,436 ден/кг.

Од 17.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 92,00 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,00 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар); Мазут М-1 НС 52,436 (денари/килограм).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.